ајде мислење уредуваме во црно бело и темно сива варијанта.. сакам нова боја за детали..предлози?? гледам има многу детали на светло зелено ... исто ми влече око и лила светла ама нема па многу детали во таа боја
Детали има во секоја боја што ќе ја одберете, се зависи од вашиот вкус. Јас на таа комбинација би додала окер или тиркиз, немој само белузлави да гледаш, ќе се изгубат, нека се јаки тонови или загасити за да се истакнат, не бледи.
Здраво, можеби не е за тука прашањево но да ве замолам ако некој знае да ми препорача фирма за внатрешно преуредување на стан....да направи проект за преуредување и да изведе...
На овие бои јас би ти предложила јака црвена, ама ако ти е прејака можеш бордо да ставиш (перничиња, свеќи, детали на тепихот и на завесите и слично). Мене многу ми се допаѓа оваа комбинација.
Девојки зедовме маслинеста (темно зелена) гарнитура која ја искомбинирав со крем фотеља и крем комода со златни свеќници (украси) ... ѕидовите се на капучино и крем нијанси.. Се двоумам за детали за теписи, лустери, перничиња на која нијанса да бидат.. Воедно планираме за скоро и трпезариска маса и кујна па и тука се двоумам .. За кујната се мислам да биде крем со дрво боја.. а трпезариската маса дрвена со крем столици, или пак медијапнаска крем со нз какви столици ) Некои идеи мислења?
Некој предлог за страна за уредување на стан, на која можеш само шемата/распоредот од станот да ја закачиш а останатите предлози за уредување да биде од страната. Фала!
Ми треба помош околу реновирање во домот, сега ќе пробам најпрецизно да ви го објаснам распоредот. Значи кога се влегува од ходникот за во дневната, од десно е спалната одделена со врата, а десно е мала кујна како Г буквата, во која е сместена и трпезариската маса, одделена од дневната со хармоника. Сега сакаме да реновираме, на пример спалната (гоемина на собата 4x4) да се тргни од тоа место и на најезино место да се направи голема трпезарија за поголем број на гости, дневната да остани на исто место, од причина што е доста посветла со тараса и повеќе прозори, а од кујната да се тргни хармониката и да се постави мало шанкче со шанкерски столици. Што мислите за таквата идеја со оглед на тоа дека за да се стигни од дневната до кујната потребно е да се помини преку дневната? Фала
Зелената и виолетовата се ладни бои за да се отвори просторот и да се даде свежина мој совет е нешто топло како жолто или портокалово
Од десно се и спалната и дневната? Не можам баш да дофатам како изгледа и колкава е дневната но мој предлог е да се тргне хармониката да биде open concept и во склопот на дневната да се убаци и кујната а на местото на кујната да дојде трпезаријата.
Што е попрактично за подот во претсобје, дали да поставиме ламинат како во сите соби или плочки некои со шара како ламинат ?
Ламинатот не поднесува вода и набабрува па доколку има голем пропуст на вода може да дојде до оштетување. Јас за претсобје препорачувам плочки.
Ми треба помош за избор на под за дневна кујна и трпезарија во форма на Г. Кујната е во ќошот и од таа страна се влегува во собата, пред неа ќе има островче. Подот е таркет, даб, а грдо ми изгледа да има плочки само во кујната, заокружени од три страни со таркет. Идеи за решение?
Ми требаат идеи за остава во кујна. 160 на 140 е, од кои едната страна е врата (читај неупотреблива), а на втората страна е онаа кон која се отвора ватата - читај и таа е неупотреблива. На останатите два ѕида во ге, сакам да ставам полици. Имам 2 даски од по 4 метра(на 30цм), значи осум. Да ги ставам на ѕидот спроти вратата, 4 по 1,60 цм. Ќе имам 4 полици, а ќе ми остане фиран 2 даски по 80 цм. Што да правам, дали да докупувам даски за четвртиот ѕид, или на кој начин тој да го наредам со нешто за да може да се користи како остава?? А вратата да ја преместам да се отвора нанадвор?! Секакви идеи се добродојдени. https://www.houzz.com/photos/louisi...aditional-kitchen-new-orleans-phvw-vp~6701403 https://www.houzz.com/photos/pantry-traditional-kitchen-charleston-phvw-vp~12279982
Домот ми е претежно во сива боја. Сив ламинат во сите соби, сива со бело гарнитура во дневна, сива маса, сива комода,сиви табуретли,сиви флекери на гарнитура.. Кујна исто сива, спална исто. Се е ново, купено лани, ама уредувано од родителите на мм. Не ми е по кејф ич. Да купувам пак нови ствари не, но што би ми предложиле, како да го освежам просторот? Декоратива, рамки т.е слики за на ѕид, теписи ? Се што ќе ви дојде на памет предложете, морам во скоро време да сменам, ме утепа сивилото.
Ми треба помош за избор на тапет за отворен простор каде што е се споено и отворено(кујна,дневна,ходник). Тапет сакам да ставам при влезот каде што е закачалката од практични причини затоа што ќе биде полесно за одржување и во трпезаријата каде што ширината на зидот е 2,40м.Мислам дека во просторот кој ќе го видите од фотографиите како да му треба final touch.