Ти благодарам Дневната е веќе готова, се одлучив за сив зид од причина што на другата страна (спротивно од зелената) целиот зид е прозор од под до плафон. Можеби и згрешив со бојата , но што е тука е. За кујната се предомислив, одбрав посветла варијанта. Еве пр. за кујната. Лустерот не е како на рендерот но е сличен со сијалици кои висат и не е толку нападен.
Вака подруго изгледа, одма отвара. Светлите тонови, општо земено,прават да изгледа просторијата поголема. Темните обично "гушат".
Женски ај малку помош ве молам. Дали ќе можам еднаш одлепена веќе користена тапета пак да ја залепам на ѕид и со каков лепак? Можно ли е такво нешто или треба да ја фрлам?
Мислење за гарнитурите кои се на ногарки, дали се квалитетни? И дали има разлика во издржливоста ако се вертикално или косо поставени?
Јас имам, квалитетни ми се до сега, издржливи, ем олово е тешка констукцијата, право поставени мислам дека ќе издржат повеќе.
Tемава ми се виде најсоодветна за прашањево. Познавате ли некој кој обработува дрво? Конкретно ми треба да ми преправи дрвен кревет.
Дечки да ми предложите некоја веб страна за уредување на домот, каде ќе можам да поставам мебел, бои на зидови и под, да можам од прилика да замислам како ќе изгледа просторот?
Mi treba pomos. Dali znaete sto dokumenti treba za dogradba na potkrovje i od prilika kolku bi cinela dogradba na potkrovje za 80m2
Да, но заборавив да напоменам со реални димензии за да може да се испланира просторот. Инаку идејата ти е супер
Здраво на сите, Можеби прашањето не е точно за тука но не најдов слична тема. Инфо за термална изолација на куќа, колку како што, насоки доколку имате искуство. Големи на стиропол, дали внатрешна и надворешна, зборувам за целосно реновирање на куќа темелно. Сакам да вложам во изолација сериозно. Секој совет е добредојден. Благодарам.
Стругање и лакирање паркет 200 ден од квадрат плус китирање, има многу празнини и треба некој квадрат да се пререди. Дали е ок цената?
Што мислите дали е изводливо да се одвои едната соба со тоалет како засебна гарсоњера од становите во градски ѕид. Знам малку фикс е идеава, ама можностите и потребите налагаат така.
Од истата врата ќе влегувате? Теоретски возможно е, не се мали становите (имаме таков). Ти сакаш да го делиш од влезот каде се влегува? Ходникот десно да е еден стан, а лево кујна, трпезарија, шпајз и малото ВЦ друг?