Да, на почеток да се делат право еден, десно друг, со тоа што во десниот само едната соба детската да влезе и вц, а другиот да ја вклучи спалната со што би се затворило дел и од тераса. Скица од тој може да ми пратиш?
Здраво некој да предложи декорација,предмети или како би можело да се среди пва: вп куќата ни се осеќа ладно, ехо, ко празна ( куќата е осветлена од аонце,оган НО некако атмосферата не е тоа тоа..)
Здраво, ќе може ли предлог за архитект? Значи имаме куќа која е стара околу 30 години и сега ни е во план целосно да ја реновираме, но потребно ни е мислење од стручно лице. Најпрво куќата е со кров, а ние сакаме да ја направиме без кров(или како и да оди тоа со рамен кров, скриен кров..). Понатаму, куќата има надворешни скали, а ние сакаме со внатрешни да ја направиме. Терасата да ја продолжиме со цел да биде како настрешница(мала) во дворот. И секако потребен ни е и предлог за како би изгледала фасадата, сакаме да додадеме и некои детали како украсни циглички и сл. Инаку, куќата е 8mx8,5m, на два спрата. Ве молам за предлог за архитект кој би можел да не советува како би ги направиле сите овие промени и ако сте запознаени како се движат цените за ова. Извинете на долгиот текст и фала ви однапред.
Менување на кров во општина значи плаќање комуналии. Најдете архитект кој ќе може се да истера. Ако сте во Скопје ви ги препорачувам Skam Studio.
Ми треба помош Дали во соба со бел мебел иде бели ѕидови? Да не изгледа многу бело и бледо? Се мислам меѓу бело и ваква некоја baby pink боја. Што мислите?
Имитација на мермер стакло (или плексиглас) за да се покријат ѕидните плочки во кујна, во мермер стил? Како се движи цената за м2 за прав мермер?
Зависи какви ти се замислите за просторот. Имаш бело минимализам и бело медитеранско, едното бара иноксни детали, црни детали, ама буквално детали, не да биде натрупано и да доминира, со мебел кој не доминира. Втората опција ти е со масивен мебел, големи перници, цвеќе, топли детали... Малку по романтично, за разлика од првата опција. Одбери што ти е драго.
Дали може некој од архитектите на темава да ме исконтактираат во приватна порака ми треба за совет. Или некој што се занимава со градежништво.
Уште ништо, фати коронава и баталивме. Секако планираме до септември да средиме. Ќе пишам ако направам.
Препорака на мајстор за изработка на мебел и совет од каде е најпогодно (цена, квалитет) за земање материјал за мебел...?
Еве ме и мене За кујна ке ги препорачам еко дизајн од струмица се но работат низ цела мк Најди ги на фб Друго шо те занима пиши
Женски, за поткровје од 100m2 без претходна плоча колку би ме чинело? груба пресметка може ли некој да ми даде?
Здраво, дали знаете некаде кај нас да се продаваат винилни или "самолепливи" плочки за backsplash (позадина) во кујна? Или евентуално некое друго решение кое може да се залепи врз веќе постоечки ѕидни плочки?
Знам дека постои некакво стакло кое се става на тоа место во кујна, ама не сум сигурна за името. Може ќе му текне на некој друг. Имам гледано со разни шари, и многу убаво ми изгледаше.
Здраво на сите. Сакам да правам кујна со вкопни рачки. Е сега кујнава е кремова, а рачки вкопни има само алуминиумски, црни и бели. Сакам да ги исшприцам со кремова акрилна боја како кујната. Дали некој има искуство и знае дали бојата ќе трае на алуминиумот или ќе се излупи брзо? Ви благодарам за одговорите. ♥️
Дали знаете некој да изработува метални скали за детски кревет на кат? Мајсториве само иверка систем со фиоки ми нудат како опција, ама јас не сакам, сакам метални или евентуално дрвени скали. Препораки?