1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.995
    Допаѓања:
    167.841
    има ли расположен архитект за проценка една?
     
  2. bokace1

    bokace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Ми треба идеа од некој , и како да го изведам тоа. Живеам во 40 квадрати и сакам да го преуредам тој простор , има ходник од лева страна е вц и право по ходникот има дневна со кујна .
    Таа дневна и кујна сакам да ја преуредам во окер и бела боја .
    Па ми требаат идеи , имам окер боја тросет , сакам бела маса со окер столици :smirk: масата да е помала , имам шанкт кој ќе го бутнам и ми се отвара поголем простор . Сакам бела кујна :?: ќе ја нарачам таа , таман ми е за тој простор .
    Имам тапет на еден зид , па сакам да залепам тие самолепливи тапети бели коцки на тој зид , па дали може тапет врз тапет ? Сакам и во делот кај кујната таков тапет дека демек водоотпорни биле .
    Идеа некоја како би изгледало таа комбинација на бои .
     
  3. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    На pinterest можеш да најдеш инспирација. Се друго се плаќа :)
     
    На Elen4e_sonce, AngelOfArh и bokace1 им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Ми треба мислење за тоа колку се практични дали се исплати и дали е добра идеа за креветче на два спрата за деца? И отприлика цена на кујни. И дали е можно да се нарачаат од лица кои од дома се бават со правење на мебел и подобро е од салон за мебел
     
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.194
    Пол:
    Женски
    Не сум архитект, ама сметам дека можам да си кажам мислење. Од салон за мебел можеш само готова да купиш, ама тешко дека ќе ти се погодат димензии, барем така ми имаат кажувано. А имаш доста фирми шо се занимаваат со изработка на мебел, ќе дојдат дома ќе ти измерат, ќе си одлучиш ти кај си сакаш и шпорет (ако сакаш вграден ќе ти го вградат), и фрижидер да ти стое, а и мијалник. И аспираторот ќе ти го вградат во висечките елементи, ќе ти средат и дупки за штекови. Ќе имаш голем избор на бои, како за елементите, така и за плотната/работна маса, па дури и ако сакаш некои елементи може да ги направат со стакло (имаш и различни типови на стакло, а може и да направат цртежи или украси на нив). Се си е по твој избор. Цената зависи од големината, а и плус од тоа дали ќе сакаш шанк или не. Мислам дека најевтино е околу 1 000 евра.
    За креветчиња на спрат, не сум имала, ама мене ми делуваат доста практични затоа што се заштедува на простор. Ако се решиш да ти ги изработат по твој избор дури и не мора да се класични обични дрвени едно врз друго, имаш различни идеи по интернет што можат да се искористат. Има и луѓе што се занимаваат баш со правење креветчиња и можеш да си порачаш обични, најверојатно тие се поевтини отколку да си ги дизајнираш сама со фиоки, кутии на скаличките и сл. Еве отприлика на што мислев.
    [​IMG] [​IMG]
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми даде совет за следново. Се работи за голем ходник. Целиот е паркет. Прилично карактеристичен. Како да се постели, мислам на некоја стаза или слично. Еве моерачен цртеж со точни димензии. Секој предлог е добродојдени.
    IMG_20200726_120108.jpg
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    101.700
    Пол:
    Женски
    Зависи што сакаш, дали од крај до крај или само една стаза од крај до крај по должина. Можеш една стаза 80цм по цела должина. Е сеа се зависи и дали има мебел, кај е распореден и така натаму. Исто важно е и дали разликата од скоро 2м доле кај поширокото е вака поделена, повеке десно, помалку лево, дали има парче мебел тука кај поголемото делче, дали и кај има врата и слично. Јас искрено се повеќе сум за синтелон од крај до крај, ама за ходник кај што се прља многу, нели зависи и дали е зграда, куќа, дали има предпростор и слично, се си има свое. Најубаво и најлесно е една стаза од крај до крај.
     
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Ќе ти пречи ли во порака да ти пратам слики од просторот. Има многу врати, еден вграден плакар и на поширокиот дел во иднина ќе правиме елемент со можност за седнување на него.
    До сега имав ставено некои чергичиња кои што бркаа работа во однос на хигиена, лесно се перат и брзо се сушат. Но децава нон стоп ми ги расфрлаат. Размислувам за стаза, но колкава треба да биде во однос на димензиите. Или можеби подобро две помали стази. Тоа за подолгиот дел. А за пократкиот поширок дел немам идеја.
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    101.700
    Пол:
    Женски
    Слободно!
     
  10. Cindarella1846

    Cindarella1846 Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Планираме на есен да ставаме фасада,па во градител прашавме за материјал и се на се фаќа 35000.Па сакам да прашам каде е поевтино,градител или кнауф?
    И во кнауф колку е белиот лепак?
     
  11. Magnolija35

    Magnolija35 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здравоо,не сум сигурна дека прашањево е за тука ама ај да пробам. Сакам да направам нешто како летниковец/летна кујна во дворот (со фурна, скара, лавабо, работна површина и сл.), отприлика имам се осмислено ама ми треба да ми препорачате (по можност испробани) мајстори за градење со камен, цигански (полни) цигли и евентуално дрво како и некои да ми ја направат бетонската плоча како основа. Убаво би било ако можете да прикачите и некоја слика од готовиот производ доколку имате :D
     
  12. sirenah

    sirenah Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    60
    Дечки ми побараа:

    2 бироа 12.000 мкд (димензии 100х60х75), иверка 16см.
    2 фиокара за под биро 8.000 мкд (3 фиоки)
    Плакар 50.000 мкд -- 220х24.5х50)
    Елемент за купатило 4.800 мкд - 45х60х20
    Елемент за кондури мал 8.500 мкд
    Мини плакар тесен со 4 лизгачки врат и за кујна 26.000 мкд - тенка иверка

    Јас мислам дека ова е прескапо, совет?
    И кој има искуство со добар мајстор кој прави по мерка? Овој ми е мој, ама цениве ми се или мене прескапи или стварно е прескап?
     
  13. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Според мене не е прескапо. Човекот треба да купи материјал од тие пари, да вложи време и труд да ти ги направи и плус ти ги прави по мерка.

    Е сега ако тебе ти се многу пари тоа, тоа е друга работа...
     
  14. sirenah

    sirenah Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    60
    Фала за одговорот. Јас прашувам за реална цена, не е дали мене ми се многу пари, туку дали се многу пари за тоа што го барам, односно дали е прескап.

    Зборевме со друг мајстор, конкретно за плакарот ни рече дека материјалот е макс 200 евра, и работна рака може да наплати пола, ама дури и да наплати дупло ќе биде 24,000, не 50.000. Така да си најдов некој со реална цена. Небарам преефтини, но не барам ниту прескап.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Зависи од многу фактори цената. И мене плакарот ми се чинеше скап, ама па зависи во него какви полици имаш и каков распоред, дали имаш онакво за закачлки, зависи и од типот на затворање на вратите, и многу други ситници, претпоставив дека е заради тоа цената.
    За другите работи ко бирото, цените ми беа океј и прифатливи.

    Мило ми е што си нашла некој што ти одговара, некогаш пријателите знаат повеќе да не „зезнат“ од непознати луѓе. :)
     
    На sirenah и Принцезичка1 им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    101.700
    Пол:
    Женски
    1 биро е 6000ден, воопшто не е скапо, фиокарите под биро и елементот за кондури така така, другото е се ок цени. За плакарот само механизмот е 300е, не знам кој ти рекол дека со упола цена ќе поминеш. Не постои такво нешто како тенка и дебела иверка, се знае која дебелина за што се користи. Е сеа ќе ти кажам една работа, кога јас правев кујна исто како тебе побарав поефтин и резултат знаеш кој е? За неполни 3г имам кујна со 3 испаднати вратнички, кујна која нит се брише нит се чисти, жив промашај. Така да ништо нека не ти значи ефтино и скапо. Цените ти се сосема нормални, ако некој те лаже дека ќе ти направи нешто поефтино те лаже, зошто отпосле ќе плаќаш ко мене.
     
  17. sirenah

    sirenah Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    60
    1 биро е 10000 денари (заедно со фиоките за биро), за кои ми кажа дека мора посебно, не можеле да се вградат со самото биро.
    Побаравме со обични тркалча зошто знаеме дека ќе ги трескаме.

    Плакарот за во кујна не е класичен плакар туку е како место каде ќе може да се стават шишиња и тегли, со 20см длабочина. Тука не може дебела иверка, зошто нема да држи и трпи пошто е висок, а тесен е, и ако тоа е океј да биде 26000 ден, рачунато со 3000 иверка тогаш не знам...

    Така да постои тенка и дебела, и со мајсторот зборевме дека треба тенка иверка за плакарот (ако воопшто можам да го наречам плакар).

    Друг мајстор кој ми има исто работено дома ми рече дека за упола цена ќе биде плакарот.

    Ми имаат дома правено три мајстори, и најскапиот може да ти направи никакво, исто како и тој поефтиниот.
    Пак ќе речам барам реална цена, не ефтина.
    10000 денари за биро е лудо -- 50000 ден за плакар 190х226х54 за мене е нереално. Како си поминува време си сметам дека за 25000 ќе одам ќе си купам со слична димензија. :)))

    Секој си знае како му одговара, не значи дека ако преплатиш ќе биде добро. Тоа е моето искуство.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    101.700
    Пол:
    Женски
    Види, јас сум архитект, ти ако си правела дома со 3 мајстори јас сум работела со 33. Постои иверка 16мм и 24мм, 16мм се користи за корпус на кујна, плакари, 24мм за полици, работи кои се прицврствуваат на ѕид, на мали елементи, не на големи зошто самата иверка има тежина и тежи на долги полици пример и ќе направи мев. Ако мислиш дека е 3000 онда нема потреба од 26 000 апсолутно. Секогаш ќе има мајстори кои ќе лупаат цени и оние кои ќе работат испод цена, секогаш ќе има мајстори кои ќе направат се да спие да биде сон склопено, да не се гледа линија и мајстори кои фушерски ќе сработи.
     
    На 1209, boo3 и sirenah им се допаѓа ова.
  19. sirenah

    sirenah Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    60
    Така ми рече за тој плакар, рачунал со иверка од 3000 денари. Он супер работи, не викам не, ама што е многу, многу е.
     
  20. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Незнам кај да прашам дали има некоја сјаен ламинат и колку сте задоволни дали е отпорен на гребење, дали се лизга и сл..
    Иначе сакам светла нијанса бело со малку сивкасто