1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. MorganiteBee

    MorganiteBee Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво! Ми треба препорака за архитект и дизајнер на ентериер. Имаме голем проект пред нас па би сакала да чујам што повеќе искуства

    Се работи за доградба и комплетно реновирање на куќа во која би живееле така што немаме простор за утки
     
  2. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае отприлика цена на архитект за да на направи проект за 50 квадрати на стан?
     
  3. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    6.765
    Пол:
    Женски
    Дечки, што мислите за кујна од медијапан во мат боја? Дали е лесна за одржување? Некој ми вели дека многу прсти се познаваат и дека е тешка за чистење, а некој баш напротив, дека воопшто ништо не се познава. Сеуште сум во дилема поради различните мислења па би сакала да слушнам ваше искуство?
     
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    За што поконкретно барате архитект за преуредување на ѕидовите или за намештајот?
     
  5. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Za namestaj
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.307
    Допаѓања:
    41.459
    Пол:
    Женски
    Тебе ти треба дизајнер или евентуално инженер на мебел, има архитекти кои работат и ентериери ама преферираат најчесто дизајн на градби. Ти пишав лп, контактирај ме ако си заинтересирана. Поздрав
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.660
    Допаѓања:
    177.105
    Јас имам кујна мат медијапан. Не се познаваат прсти како на сјајниот ама па никако ни не можам да ја исчистам да биде како првиот ден. Велат дека сјајните полесно се чистеле. Во следниот живот ќе пробам сјајна па ќе знам разлика.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.282
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    И ние тргнавме по мат медијапан и има мазен мат и како рапав, ни препорачаа тој што е рапав дека помалку се валка и е полесен за одржување.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    Јас бидејки тоа го работам, односно сум инжинер за мебел и ентериери, ќе ви предложам доколку сакате мат финиш наместо MDF фарбан мат да идете со иверица.Новите дезени се оплеменети со убава структура помазна, а и имаат кант трака од 1mm и се кантираат ласерски со PUR лепаци. Доколку сепак сакате да е екстра мат и инсистирате на MDF тогаш тој нека биде готов баш од причина да можете да го исчистите, да не се гребе лесно и да има константна боја, е сега имате ограничување во бои. Медијапанот е материјал дрвени влакненца пресувани со лепак и висок притисок и температура, тој необработен изгледа како картон. Мора мн добро да се обработи за да добиеш производ за долга амортизација, од ова зависи и самата цена. Малку ако се оштети и навлезе влага готово толку од тоа...Значи не е поквалитетен материјал,туку само може да се обработува површински - да се глода, жлеба, фарба во било која боја и финиш и да се дотера да изгледа полуксузно и поскапо. Многу го форсираат баш од причина дека може да се прави малверзации во цената. Вие не можете да видите дали е ставено темел и изолант и дали е ставено полиетиленска завршница и како е полирано и фарбано. Ако во случај не е како што треба тој може да се извитка,да испука, да се упие бојата во него, да се познава оковот и слично.А што е најголемиот недостаток на медијапанот е дека со тек на време бојата пожолтува и тоа е од завшниот лак, а најбрзо оние што стојат до природна светлина. Значи генерален заклучок е дека ќе го платите скапо и ќе си патите :D, особено оние што имаат мали деца, се гребе и оштетува прелесно...
     
    На IRBBB, AngelOfArh и LadyF95 им се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.282
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Значи твоја препорака е да избереме иверка наместо медијапан?
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.307
    Допаѓања:
    41.459
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам, со ниедна иверица нема да добиете изглед како со медијпан, нема да изгледа толку добро. Има лакови кои не пожолтуваат и нема да е проблем бојата, исто така иверицата нема толку мазна структура како медијапанот па фарбано нема да изгледа толку добро на неа.
    Исто и за водата, јас го имам чукнато мојот фарбан бел елемент во купатилото и на еден дел му е откриена основата, веќе цела година, се нема подигнато, одлепено дополнително и сл. сакам да кажам дека е отпорен. Единствено се согласувам дека упива боја и ми се има направено флека на едно место од сад, што со ништо не може да се исчисти.
    Може да ја послушате девојката над мене која што тврди дека е инжЕнер(не инжинер), ама јас не би.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.282
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Многу сум збунета. На местото каде што сакаме да ја порачуваме кујната, човекот ми препорача кујна од медијапан. Вика иверката полесно се оштетува од пареата и заради тоа во глобала не изработуваме кујни од иверица.
    Е сега од медијапан ни понуди лепен, фарбан и фурниран (почнувајќи од најевтин до најскап). Но илјада пати напомена за кујна и најевтиниот медијапан е подобар од најскапата иверка. За други елементи (плакари, чевларници) што не се изложени на пареа, можи да се оди на било која варијанта.
    А и искрено, мене медијапанот ми изгледа поубаво, што не значи дека е поквалитетно. :^)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.307
    Допаѓања:
    41.459
    Пол:
    Женски
    Врати се поназад, објаснував на една членка предходно за иста проблематика, со примери од кај мене дома(или во темата кујни, не се сеќавам точно). Татко ми е мајстор за мебел повеќе од 25год, јас сум инженер за мебел кој порасна во работилница, знам што зборам, за лица од кујна, комоди и се друго што сакаш да изгледа попрефинето и поубаво медијпан е вистински избор.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    101.700
    Пол:
    Женски
    Јас се слагам со Бројче, кујна и купатило си бараат медијапан, се останато може да пројде со иверка, мада најубаво е медијапан, ама ако сакаш поефтино да пројдеш за дневна, спална, детска, можеш со иверка, ама кујна и купатило си бараат медијапан.
     
    На cresa-jagoda, IRBBB и 1209 им се допаѓа ова.
  15. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    909
    Sakame da pravime prosiruvanje ili dogradba na veke postoecka kukja, e sega za da izvadime dokumenti za gradba ni baraat proekt so nacrt plan, koja cena se dvizaat tie nacrt planovi i dali zavisat od kbadraturata sto ke treba da si pravi? I preporacajte nekoj proektant.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    101.700
    Пол:
    Женски
    За каде? Иначе не вадите вие документација, проектант вади се тоа, они и поднесуваат. Ваша работа е да извадите извод од детален урбанистички план, да најдете архитект и да почнете. За во Скопје ги препорачувам Скам Студио, најди ги на фб, одлични се. Верувам дека и во други градови би се нафатиле да работат.
     
    На pepapa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    909
    Za vo Skopje, a izvodot od dup kade se vadi i dali se ceka mnogu?
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    101.700
    Пол:
    Женски
    Во општината. Пиши ми ако сакаш порака, може ќе ти се најдам ;)
     
    На pepapa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    Вака сега женски јас не го оспорувам фактот дека медијапанот откако ќе се изработи како што треба не изгледа полуксузно, пофино и поубаво. И да не се фаќаме за букви дали сум пишала со е или и тоа не го оспорува моментот дека јас сум тоа и не само тврдам туку сум инженер. И имам изработено преку 300 кујни само. Кој ќе ми демантира дека медијапанот е поиздржлив од иверицата кога сум била и по фабрики за производство и имам искуство со двата материјали.
    Како и да е изборот е ваш со тек на време ќе видите дали сте направиле добар избор или не.
    Јас ви кажав на што треба да обрнете внимание, мој совет до сите што прават е да си побараат понуда на повеќе места, а особено кога станува збор за медијапан.
     
  20. ornalit

    ornalit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Како изведувач на ентериери можам да кажам дека наведовте негативни особини на маедијапанот доколку не е сработен правилно, кое важи исто и за иверката доколку не е сработена правилно ќе излезе дека е неквалитетен материјал. Кај нас плус изработуваме композитен материјал како Керокот под името Орналит, го произведуваме 17години и до сега не сме дале на некој друг мајстор во МК да го работи баш од таа причина , се што таканаречените мајстори со фирми и без ,нема да сработат квалитетно на крај излегува дека материјалот нечинел. Затоа клиенти пазете на кого му ја доверувате довербата ,не секогаш поевтиното е добро и поевтино.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.