Хипстер, вака цртежот ти е многу штур, но мислам дека можам да претпоставам, не знам колку размерите ти се точни, дали собата ти е долгнавеста или не, како што ми стои по цртежот. ОК ти е распоредот кој што си го смислила и дури мислам и дека акого оставиш бирото како во првата слика, зборам за Бирото не за Екс-бирото, ќе имаш место за тие две пуф фотељи и за мало масиче, но мој совет ти е да не избрзуваш со пуф фотељите, подобро е да земеш обични две тапацирани столици-фотељи, и едно масиче нормално и да си имаш делче за кафенце, за муабет со другарки и слично. Е сеага размислувајќи мислам дека поубаво изгледа креветот кај што ти е моментално, ама добро не е лошо ни вака, некако поубаво делува кога креветот е во централниот дел на ѕидот, па над креветот може да дојде пост ит таблата или некоја убава слика, во комбинација со некој убав стикер. Е сега зидот кај што мислиш да ставаш фотељи би бил идеален за полици, ама онакви за ѕид монтирани, ги имаш во Џамбо за ефтини пари, мислам една голема е 600 денари, а ако имаш шанси да идеш накај Икеа уште поефтини се таму. Во тој случај може и еден од регалите со книги и дрангулии можеш да го тргнеш ако ти се ослободи. И на крај џабе муабетот ако вратата е на овој ѕид, идеално би било да е до креветот
Треба да бојадисувам и сакам да ставам и тапет на еден ѕид. Прашањето е: Дали, подоцна за наредното бојадисување на ѕидот кај што биле лепени тапетите ќе биде потешко, во смисла обработка да ѕидот пред бојадисување или може без проблем да се бојадисува повторно?
Хипстер според моето нестручно и скромно мислење, мислам дека со тој распоред премногу го блокираш просторот и се фокусираш само на еден агол, што некако... не е добра работа. Премногу шкафови и регали на еден ѕид,а најважниот елемент, креветот, збутан е во ќош. Јас би го ставила спроти прозорот или што поблизу до него, заедно со бирото. Потребна ти е светлина и за работа и за будење и правилно функционирање. Те бирото на старото место, од неговата лева или десна страна да биде креветот, од другата страна на бирото да биде полицата со книги. Тие фотељи можеш да ги вметнеш на друга страна каде што осветлување ќе си направиш со некоја интересна ламба за да добиеш додатна светлина. Мислам не ти е толку неопходна светлина за да паѓа на дел за пиење кафенце и релаксација. Се зависно од димензиите,ама секогаш гледај бирото да ти биде осветлено со природна светлина, исто и креветот без разлика ако спиеш со спуштени ролетни.
Ми треба помош. Каде има вакви транспарентни проѕирни столови во Мк? Знам дека има во Икеја но велам на пластикарската во Ск да не сте забележале случајно? И ми треба ројал лустер...
Лилит ме замисли да ти кажам искрено. Не за друго за светлината, не спијам со спуштени ролетни, а вака на крај збутан нема да види бел ден. Ај да измерам димензии уште еднаш и ќе ви пишам детален план. Фала на трудот сепак и на двете
Хипстер, во проектирање не практикуваме кревет под прозор, но како што и Лилит рече, може да се предвидево негова близина. Инаку сеуште не ми кажа каде е вратата, обиди се да нацрташ нов простор со димензии и да ги наведеш димензиите на елемнтите, поточно на истиов цртеж испиши ги димензиите, ти треба само метро и некој расположен да ти помогне во мерење, сама не е баш лесно, и секако обележи ги вратата и прозорите со нивните димензии, само ширината. Многу е битно, светлината од прозорот да доаѓа од лева страна на бирото, бидејќи при работа, поготово пишување ја бликираме десната страна и светлината не може правилно да осветли, така теоретски тоа се кажува иначе според мене од лева страна а и фронтално најдобро е да се предвиди светлината Најчесто висината на парапетот на прзорот(ѕидот под прозорот се нарекува парапет) е најмалку 90 см, што секако е доволна висина да се смести под него бирото, кое најчесто е 78-82 см, може да биде и повисоко, порано ги правеле и до 90, но сега се оди на овие димензии околу 80 см. Ти според цртежов имаш правоаголна соба, со една изразито долга страна, треба да тежнееш да ја направиш повеќе интересна со тоа што ќе внесеш во централниот дел некои моменти кои ќе го фокусираат вниманието, затоа ти кажав и во претходниот пост, на овој ѕид кај што си ги планирала регалите и плакарите, во средишниот дел да го ставиш креветот со што ќе го доближиш до прозорот а и ќе имаш убав видик на вратата, што е од особена важност исто така. Во тој случај ќе можеш овие регали и плакари да ги распоредиш околу креветот и да не биде толку изразито долга собата. Ете ти една идеа во спојлер Спојлер Нешто вакво ти предлагам, нормално без горниот кревет и без овој плакар кој оди преку креветот како мост, така и се нарекуваат
Симнување на тапетите Направете проба на едно парче тапета – поминете со сунѓер натопен со топла вода и видете дали лесно се вадат, за да го избегнете мачното стругање со шпакла со часови. Уште полесно е симнувањето на тапетите со чистач на пареа – врелата пареа ќе го омекне тапетот и тој полесно ќе се одлепи. Дали тапетите лесно ќе ги симнете или не, зависи од видот на тапетите и од подлогата. Затоа е важно претходно добро да се навлажнат тапетите со топла вода и да се види што ќе се случува. Уште подобри резултати ќе се постигнат доколку во водата се стави омекнувач. Доколку тапетот апсорбира вода, тој полесно ќе се одлепи. Доколку водата не се впива и капе од тапетите, таа не може да продре до лепилото. Во тој случај се препорачува тапетите да се перфорираат со иглест валјак преку сувите тапети. Така водата подоцна полесно ќе продира низ ситните отвори и ќе го омекне лепилото. Наместо вода за омекнување на лепилото постојат и специјални ефикасни производи за вадење тапети. Кога сте го одлепиле тапетот, површината на ѕидот изгладете ја со фина брусна хартија, а потоа исчистете ја прашината со правосмукалка. превземено
Без проблем ќе може после да се бојадисува ѕидот ако сакаш. Се вадат тапетите, се струга малку некаде ѕидот ако има вишок на лепак за тапети, се премачкува со специјална подлога и тоа се бојадисува
Мрс. Басс и Славица999 Фала за одговорот Работата е да нема стругање, специјална подлога и сл. туку да може веднаш да се става само боја. Фала многу
еве ти рал карта на тонови што одговараат со виолетова боја на линкот подолу имаш идеи за уредување со виолетова боја... http://www.lushome.com/22-modern-interior-design-ideas-purple-color-cool-interior-colors/96807
BellaS барајќи столчиња за мене за на тераса наидов на ова и ми текна на тебе, знам ти бараше проѕирно. Го видов на каталогот на Де-ни мебел
Феминки, ми треба совет која боја на ѕидови да ја изберам во станот. Станот сеуште не е за вселување, меѓутоа не советуваа дека пред да се стават вратите најдобро е да се бојадисува. Прашањето ми е дали цел стан да се бојадисува со една боја или само некои ѕидови? Не знам дали е светол станот бидејќи сонце го грее само со 12 часот. Ми треба помош при изборот на боја.