Здраво женски, препорака за архитект/дизајнер/изведувач за кујна? Имаме стан во изградба и мала коцкаста кујна, ни треба некој кој ќе ни помогне идеално да го искористиме просторот и квалитетна изведба нормално. Па кој има искуство пишете ми и ПМ слободно со препорака
Здраво,ми треба помош и ваше мислење .. дома дневната со кујна заедно ми се во бела сива (темна) нијанса ѕидовите се бели ми треба малку живот да внесам некоја боја пробав со црвени детали ама не ми се допаѓа.. може помош и би сакала и ѕидовите да ги бојадисам
Можеш да направиш некој ѕид или сите во некоја пастелна боја (лила/лаванда/Пинк/пудра) мислам дека многу добро ќе ти биде со темно сивата, особено побледа нијанса на некоја од боите. Или можеш да направиш како мозаик со неколку од боите, зависи колку си отворена за шаренило
Окер детали-вази, перници, прекривачи, плус црно-чинија за овошје, свеќници, голема ѕидна слика Или ако имаш потреба од поголем детал можеш дрвено нешто-даб боја
Ми треба ваша помош. Во една просторија ми се кујната и трпезаријата. Елементите на кујната се мат, во боја на антрацид и сонома (како на сликата), а целата бела техника е црна. Трпезариската маса е со метални ногари, а горната површина е натур бука, а столиците со натур бука ногари, а седишниот дел 2 столици антрацид, 4 слонова коска. Советувајте ме која боја да ја внесам за свежина? Завеси, теписи, лустер, детали?
Почитувани среќна 2021, среќен Божиќ на оние кои слават. Ми требаат совети зашто 1 глава не размислува добро,повеќе да. Станува збор за 2 соби. 1) 4 на 4 2) 4 на 5 Дали 1) да биде спална ( во тој случај на таван ќе се прават спална со детска) или да ја отвориме са кујна. Дали 2) да биде дневна со трпезарија или да се изведе Вц со када( доколку не ќе се праи на тераса) или да биде дневна,трпезариска маса и кујна? - За повеќе светлина како би било, дали подот да е плочки или ламинат? - Кои бои да ги искоритиме? Немаме идеи никакви освен честерфилд мебел ( по можност со функција за спиење) - Според Вас која би била поефтина варијанта, ма да не игра улога тоа. - Дали постои апликација да симнам на тел. за да видам како би било или имате Вие подобра идеја? Ви благодарам. Се надевам на добри идеи. Имајте убав ден .
Здраво, Со задоволсто би ти помогнала ама искрено не ми е многу јасно за што станува збор од напишаното. Ако можеш закачи по некоја слика, или скицни рачно каков е распоредот во основа. Нацртај го отприлика целиот стан.
Фала ти, веќе направивме промена на бојата на столиците во пастелно розева. Може совет за тепих и завеса (уште тоа остана од деталите).
Во твојов амбиент како го опиша некој сив рустичен тепих ми се вклопува. Видов слични во Махагони во Куманово и во Јуск.
Добро вечер,ме интересира дали некој знае отприлика колку би ме чинело и дали некој воопшто би дошол да ми каже дали е изводливо и дали воопшто во собата која што сакам да ја средам би можела да ставам ѕид.Незнам баш како да објаснам ама отприлика некако кажав Околу 16 квадрати е просторот
Здраво, архитектки Ние ќе ја реновираме собата на мојата 20-годишна сестра и сакаме да биде во некој нежен стил па се мислиме каков ламинат да ставиме. Во игра е класичен ламинат во многу темна кафеава нијанса или ламинат во форма на плочка на која има изрезбан по еден голем квадрат во внатрешноста и се мислиме помеѓу бела или црна боја. Значи се двоумиме помеѓу овие 3 бои и стилови. Мебелот ќе биде бел, висок сјај. Па, ве молам за помош од естетски аспект каков ламинат да избереме? И дополнителни совети за бои и декорации се добредојдени.
Ниедна од тие бои.Пробајте некој сив ламинат. Сивото многу убаво ќе одговара со белиот мебел, а за декорации во собата може да искомбинирате со нежна лила боја.
А каков тип ќе биде најдобар? Класичен ламинат или оној во форма на плочка? Сив ќе биде супер само не знам да не биде премногу бело. Ѕидовите ги сака бели, има многу малку спуштен плафон со светла горе, мебелот ќе биде цел бел висок сјај па не знам каква друга боја да вклучиме... Тоа позади на креветот не знам како се вика, сега модерни ги ставаат, како со дупчиња, вдлабнатини планиравме да биде во темно сив велвет материјал. Ама некако и за таа сива боја не сум сигурна, се мислев и за црно... Не сакам да биде монотоно