Повеќето ставаат класичен ламинат, прашање на личен вкус е.Доколку сметате дека ќе имате многу бела боја тогаш земете димно сив ламинат. Сепак да не ви изгледа монотоно купете тепих, завеса и некои украси во виолетова или црна боја.Одлично ќе се вклопат во интериерот.
Можеш тогаш на 30, уствари пробај и на 20 нека ја држат да видиш пред да стават држачи нема проблем, па ќе видиш.
@1209 дали овие плотни се добри за во кујна? На едно место велат водоотпорни се, на друго не. Или ако знаеш каде има восоотпорна плотна за кујна со дрво ефект? http://www.pro-dizajn.mk/Home/Product/17375 https://shop.novomak.com/product/31821/rabotna-plocha-egger-h2033-st10-dark-hunton-oak-4100x600x38mm
Треба да се водоотпорни сите работни плотни, ама ако од некаде има пропуст и навлезе вода секако ќе се оштети, мене ми пропушти од кај преодната лајсна и ми се издува уште првата година, ја менев, мојата е дрвена од кроно, ама егер се поздрави.
Овие пишува егер дека се. Не би сакала да си направам проблем само да ми е убава на око. Со маса која има плотна орев, каква плотна би комбинирала? Замислив кујната да е цела бела, фарбан медијапан, а плотната ваква, како трпезариската маса.
Сега ја користев скоро оваа иверица баш за во кујна што ја работев, комбинација со бело, многу убава излезе. Инаку мојата кујна е бел, фарбан медијапан со орев плотна и масата ми е орев, убава комбинација е. Ете ја последната кујна со овој егер. Спојлер
Фала многу. Убава е кујнава ептен, ама нашата е мала и мислам дека ке ја затвори. Јас вака ја замислувам, Со тоа што масата е потемна. Сакав и иста плотна ама ако не е водоотпорна, ке прими вода кај садоперот. Ти сега каква плотна имаш?
Јас не знам за неводоотпорни плотни за кујна искрено, сите имаат облога, плус се става силикон кај мијалникот за да не влегува вода, не се секирај нема да се уништи. Јас имам на кроношпан, од оние што изгледаат како паркет.
Нашата во кујна е бела, како пластифицирана е, не прима вода. Веројатно знаеш на какви мислам. Овие јас што ги сакам се како рељефни, не се мазни.
Нема веза, штом се работни плотни за кујна имаат заштита, не можат така да ги остават, и рељефните може да се пластифицирани.
Дали можете да ми препорачате каква завеса да ставиме за да постигнеме нежна атмосфера ама истовремено и да е луксузна и квалитетна. Поминав во повеќе продавници ама не го најдов тоа што го барам, не е важна цената, ќе инвестирам во нешто такво ама не знам каде има?
Зошто сестра ти сама не одбира? Оатавете ја, она сама треба таму да седи. Темни, сиви, црни, тоа не е нежно. За завеси не е лошо и до женски пазар да појдеш, а имаш убави и во Џамбо, Јуск, не купувај прескапи зошто ќе здосади ќе се сменат. Велиш нежно, велиш луксусзно, велиш темно кафено, велиш сиво... Одлучи се за еден стил. Плотните за кујна, ако ги зимате како плотни, сите се водоотпорни.
Ти благодарам. Ве консултирам Вас тука паралелно консултирајќи ја и неа. Вашите идеи потоа со неа ги споделувам. Кафеава или црна спомнав само за ламинатот, бела боја е најнежна боја и истата доминира исто и сива, мислев на најсветлите нијанси на сива. А за завеса сепак сакам квалитет над квантитет па ако треба ќе купиме после пак уште неколку поскапи. Материјалот ми е важен мене многу. И самата сака понеутрални бои да доминираат па ке си декорира со цвеќе, свеќи, перници и други детали во боја.... Ти благодарам во секој случај.