1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    8.013
    Коллу се движи моментално цената од квадрат за уредување на ентериер од страна на дизајнер и што опфаќа освен распоред на мебел?
    Ако сакам да ми изработува фирма по избор ама првин најмам дизајнер да го направи планот дали би можеле да се консултираат меѓусебно по потреба?
    Пример дизајнерот ми дизајнира кујна по избор, па јас ја носам во фирмата по мој избор не врзана со него, и тие имаат потреба да го прашаат за детали?
    Или не функционира така?
     
    На MissDior и Leat им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Имаш две опции - архитект кој работи самостојно, ке ти нацрта и си има мајстори со кои соработува. Ако сакаш и надзор додатно се плаќа. Се ова е приватно, да не кажам на црно. Ова е околу 8 евра квадрат. Ама најмалку 20 квадрати цртаат, за помалку не им се малтретира.
    Имаш и фирми, со дуќан со се. Овие се по 15 евра квадрат а потоа ја одбиваат цената во изработка. Ама кујна од 3 метри под 2000 евра нема да е.
    Средувам стан и знам како е.

    Кого и да избереш, распрашај се за се. Значи како соработува, дали ке те влечка и најбитно реализирани проекти. Едно е проект друго е реализација.
     
    На Noemi и Leat им се допаѓа ова.
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    8.013
    Во исто сме, станот ни е во завршен дел и се спремам за уредување. Јас сакам дизајнер- не архитект кој ќе ми изработи проект за уредување на ентериерот, како најдобро би се искористил просторот, идејни решенија итн., па јас да можам со тој проект од различни места да си нарачам мебел, на пример.
    Значи да не сум обврзана да работам со негова фирма или мајстори. На кратко фриленс дизајнер. Не знам дали може така, ќе се распрашам подетално.
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ова како совет мене што ми го имаат дадено, доста од студентите во завршна година на архитектура или мебел и ентериер изработувале баш вака, само проект план. Од другарка на другарка е муабетов, ама ги фаќало поефтино зашто се студенти и биле доста задоволни. Ако имаш некој познат распрашај се и за ова.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Има има, многу ги има на фб и инста. Фриленс дизајнери не те врзуваат за фирма, само ти даваат предлог нивен.
    Мада тоа најчесто е за плочест мебел како кујна, комода, не и гарнитура, столици.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    10.102
    Можеш да ми пишеш пп ќе ти дадам предлог
     
  7. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Бројче од некој архитект
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.307
    Допаѓања:
    41.453
    Пол:
    Женски
    @Noemi јас работам како фриленс дизајнер, ако те интересира пиши ми лп ќе ти објаснам што и како(работев на упворк, таму можеш да ми видиш профил ќе ти пратам линк) а сега работам самостојно или за клиенти на татко ми. Не наплаќам 8 од квадрат, според мене тоа е многу. Ако те интересира пиши ќе размениме контакт, мислам дека си и од мојот град може и те знам веќе.
     
    На Noemi и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Помагајте!!! Ни ја монтираа климата и сега имаме грдосија! Како можеле вака грдо да направат дупка? Значи дупката е направена во градба за да не се гледаат цефки ама тоа мислеле само од надвор. Внатре еве како е, и не може поинаку. Освен да се буши нова дупка и таа кутијата на тераса да стои. :@

    @1209 @AngelOfArh

    received_242425350674363.jpeg
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    101.694
    Пол:
    Женски
    Дупката е направена за да се стави врз неа климата, затоа и штекерот е поблиску. Монтерите или утнале или вас поише ви одговарало така. Ставете помал канал а дупката затворете ја со гипс.
     
    На cresa-jagoda и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.307
    Допаѓања:
    41.453
    Пол:
    Женски
    Жалам од овој домен немам искуство, вајда дупката може да се гипсира и пополно. Гледам си ми пишала лп, ќе ти вратам деновиве, малку сум во гужва последнава недела.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Климата е таква, не можело на друг начин да се намести заради некои цефки. :@
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    101.694
    Пол:
    Женски
    Добро де, стави си помало каналче за овој кабелов или ако ти се прави веќе поголема работа, викни си електричар, нека го префрли штекот, ќе затворите се и ќе се искречи ѕидот. Не е толку комплицирано, а јас би викала електричар да префрли струја кога веќе секако ќе се прави затварање дупки.
     
    На MilaSs12, 1209 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Фала.
     
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.991
    Допаѓања:
    167.838
    потесен а подолг канал за да цел кабел се скрие
    дупката наполнете ја до гипс и една четка поликолор одозгоре
    монтерите се криви гледале само да си ја завршат работата и да заминат а притоа естетика занемариле
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    2.591
    За живост жолта, или окер жолта, портокалова, за свежина зелена - еукалиптус нијанса.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    177.081
    А не постојат како маски од стиропор, како лајсни за во аголите ама прави. Имам негде видено, јас би ставила таква лајсна/маска преку цел ѕид:?:

    [​IMG]
     
    Последна измена: 26 јануари 2021
  18. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Каналицата за жал неможе помала да биде. Во неа не се крие само кабелот туку и цефката која излегува надвор од дупката. Грешката дефинитивно е монтерска. Вака на нив им е полесно да монтираат отколку со цефка дирекно кон надвор.
    Ако можеш пушти една слика од подалеку да видам како ти е ѕидот. Може некоја полица ќе може да се додаде.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Не не дупката, целата пластика е проблем. Требало климата да е над дупката, ама дупката уште налево да е, заради тие кабли вп цефката од самата клима.
     
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Грешката е во оние што граделе. Цефката за да е кратка треба од лево да излегува од климата, а ја наместиле од десно, архитектот ли, мајстори ли во градба.
    Сега вака мпра десно да излезе и да е долга.
    Дома кога ни местеа, кога кршеа тие каде им треба, не се гледа ни дупка, ни цефки.
    Високо е за полица, кај корниз горе е.

    received_122574486393519.jpeg