Ми треба помош/мислење. Незнам како точно да изгледа кујната. Во глобала димензиите и се 3м х 2.45 м. Јас се мислам за во Г (лев и челен ѕид, и остров/полуостров кој ќе биде залепен на десен ѕид). Фрижидерот ми е со дупли врати, и мислев да биде на лев ѕид. Некој друг совет од поискусни за ова?
Карши Џамбо, на улица Ѓуро Ѓоновиќ (кај споредниот влез на Народна Банка) има продавница СЕ ОД ДРВО. На ќош е продавницата, порано беше кафана. Карши продавницата има бурекџилница и перална за коли. Продавницата доаѓа позади Астера хотелот
Здраво на сите! Имам прашање: градба на згради од бетонски блокови или цигла? Мислење? Разлика? Благодарам
Бетонски блок се употребува само за подрумскиот дел. Генерално разликата е во тежината и во финоста на обработката на блокот. Бетонскиот блок е груб, се прави претежно рачно. Потоа е потребно повеќе малтер за фина обработка. Бетонскиот блок е потежок па треба конструкцијата на објектот да биде помасивна а тоа е поскапо. Термичките особини му се полоши.
Епа Мила немаш друго безболно решение. Стави полица од климата до аголот. Стави ја на некои интересни држачи кои ќе ти одговараат со остатокот на мебелот а потоа на неа стави по некој дискретен детал. Немој да ја полниш. Самата полица ќе го скрие кабелот. Од долу нема да се гледа.
Здраво на сите, нова сум во оваа тема. Однапред благодарам и браво за сите кои до сега ги споделиле своите совети за внатрешно уредување. Тоа е бесценето неможеме сите да знаеме како треба да оди со уредување, можеме нешто да сакаме или не, да гледаме идеи на интернет, но и не да формираме една целина во просторот.Си постои посебно образование за тоа! Јас би требало да уредувам стан - спална, дневна со трпезариска и гостинска соба. Сакам да почнам со спалната, со ваши идеи и совети. Во прилог слика од бојата на подот...boxspringbett е идејата но имам двоумење за бојата. Која најмногу одговара со овој под?
Oo извини на час бев и набрзина сум постирала другото. Мислам дека оваа беше https://shop.novomak.com/product/31...-white-levanto-marble-super-mat-4100x600x16mm
Ако мене ме прашаш острово, мислам дека кујната не ја експлоатираме толку колку островото. Најкорисна работа во домот ми е.
Може ли совет за ориентација на стан? За поголема светлина, Што според вас е подобро, исток или запад?
Бидејќи од рано наутро сме претежно сите на работа, и така цел ден, според мене најубаво би било од западна страна, барем некако подолго е присутна најубавата светлина. Станот во кој што живеам е ориентиран на исток, и малку ми е депресивен овој период ( ноември-март) , додека не одам на работа и цел ден сум дома, а сончевата светлина е присутна до кај 10.30 и потоа гледам само рефлекции од соседните фасади и фантазирам како креваме покрив и ставаме прозори-баџи од јужната страна (на последен спрат сме ) . Сепак, на крајот секој според личните потреби и преференции, идеално би било од сите страни да имаме природно осветлување, (спалните према исток, дневен боравок југо- запад, кујна исто, работна просторија север- поради дифузна светлина) ама тоа само во куќа или некоја стара зграда со школски распоред, ретко во понова.
Имам обичен плакар со вратички, што мислите дали е исплатливо да се преправи со лизгачки врати, а корпусот да остане стариот? Или подобро е комплетно нов да се порача? Димензиите му се 240 висина и 190 ширина не знам колку одприлика би чинело. Сакам иверка како поекономична варијанта. Може да ми препорачате и комбинација на бои, собата не е многу голема и засега преовладува бело, крем, кафеава боја.
Мене лично повеќе ми се допаѓа плакар со вратички, би можело дел да биде бел, дел пр со огледало, ако е изводливо, мислам дека визуелно би го зголемил просторот огледалото.