Ако имаш простор за отварање на вратите само замени ги со вратички во боја на иверица која ќе ти се допадне. Белата иверка е малку трики она знае да личи cheap ама тоа е ради финишот ќе си одбереш со убав финиш/текстура и тенка кант трака. Ќе си ставиш убави рачки и топ ќе излезе. Кога правиш од нелизгачки плакар во лизгачки ќе треба да се прави оквир за да се заштрафи горната шина и да допираат вратите странично зборам ако не ти е помеѓу ѕидови или во долап. Не дека ова е страшно туку некои 8-10cm ќе имаш во длабочина плус за шините и вратите. Јас лично не сакам лизгачки плакари премногу се полнат со прашина и покрај гумите и четките, после треба внимателно да искомбинираш дали ќе ги искористиш сите делови да ги бидат достапни нели сега иде од постоечки и највеќе што е како недостаток на лигачките врати е мора да бидат со дебелоѕиден профил врамени и да имаат укрутувачи за да не се искриват...
Здраво девојки, барав низ темиве но не можам да најдам баш одговор првото прашање ми е следново сакаме да уредуваме спрат од куќа поткровје да ги затвориме внатрешните скали и да извадиме надворешни со цел да добиеме на соби дали би знаеле ваков зафат дали се исплати и дали е издржлив и која би била сумата отприлика. Следно прашање ми е бидејќи на спратот има само две соби преградени другото е се бетон, би сакала да ангажираме лице за да ни направи распоред на собите со мерки (бидејќи нема) и сл. без внатрешен ентериер само распоред на соби и колку тоа би чинело. Ви благодарам многу. Поздрав
Пред 11 години ние ги затворивме внатрешните скали со панел, направивме нови надворешни и сме многу задоволни. Си добивме приватност и комплетно нов спрат. Сами си одлучивме за распоред кој најмногу ни одговара, а архитектот според нашите желби направи нацрт. Во однос на цените, цел овој зафат не чинеше околу 8000 евра, но секако цената зависи од многу околности. Мој совет е да побарате мислење од повеќе градежни фирми, тие најдобро ќе ви кажат.
Да се надоврзам со плакарот, јас пак имам голем плакар со темна боја што не ми се допаѓа. Сакам да биде бела или кремаста. Да ги заменам предните вратички колку може да ме чини? Лепење со фолија не доаѓа во предвид, не сме доволно стручни да го изведеме тоа професионално. Расмислував за боење, ама дали е изводливо, сепак е кантирана иверка.
Хм зависи каква иверица ќе избереш, има иверици со цена од 2700 до 7700. Покрај цената на иверицата треба да го имаш во предвид искористувањето на таблата, пример ако е дезен треба да се крои во една насока или пратење на шари. Не дека е ова страшно, исто и димензиите имаат удел на вратите. За менување на вратички мислам најдобро е да отидете до фирмите што продаваат репроматеријал и прават комплет услуги како на пр Продизајн, Новомак, Солопром, Мегатехна и да ви пресметаат точно колку ќе ве чини, вие само треба секоја вратичка да ја измерите. Они покрај материјалот ќе ви пресметаат и кроење и кантирање и пример бушење за шарки. И на овој начин мислам дека и сами ќе можете да си ги смените вратите, бидејки на мајстор ќе му се чини малку работа.
Здраво, ве молам за ваше мислење за столчево. Колку е издржливо? Ногарките се споени со метално делче и на мисла ми е колку би издржале. Дали некој има искуство со ваков модел на столче?
Слично столче има познаничка, само без тој шизичкиот метален дел. Многу незадоволна е од квалитетот. А слично ми личи ова, дури и понестабилно. Но ако некој има искуство со конкретниов модел, нека каже поубаво.
Значи..НЕ.. Без металните делови е ОК..ама само ОК.. Стабилно донекаде.. Со металниве е нестабилно.. мислев ќе треснам на земја.. Баш пред 2 дена седев во една чекална на вакво само црвено.. Биг ноу.. А и јас сакав вакви ама без металот.. Одамна се предомислив.. џабе ми е скандинавски стил кога се нефункционални..
Столицата е многу популарно дизајнерско парче, има одлична ергономија и квалитет, црните метални делови се за подобрување на конструктивноста на ногарите. Оваа столица претпоставувам дека кошта над 500 долари оригинал Витра. Проблемот е заради големата популарност копирана е насекаде во светот, кај нас се среќаваат кинески и турски копии и најразлични варијации на истите со лош квалитет кои немаат врска со оригиналот во однос на издржливост и убавина. Јас би советувала да одберет друг тип столица ако ви е важна издржливоста, од копиите кај нас што се среќаваат нема да го добиете тоа.
Nasata ograda e vakva ama nie imame Roseville blokovi I gi kupivme po 40den a za stubovite kockastite sto se bloke I po 80 denari I toe izgledaat ubavo
Едно кратко прашање! Гледав завеси на страна на фејсбук и им пишав за цена на едни драпери, ми кажаа ова пано е 3м на 3м. Сега не ми е јасно што е пано... Дали така ги викаат драперите?
Здраво ,дали некој знае која е најевтина цена на теписони,или да предложи друга евтина варијанта за покривање на стар паркет,со тоа што да не биде ламинат или слично,бидејќи се работи за изнајмена куќа.
Zdravo. Kolku ste zadovolni od gletuvan zid. Sakame da gi gleduvame zidovite pa me interesira vase mislenje pozz