Нема градско парно. Ќе се обидам некој добар мајстор да најдам и да видам што ќе каже. Јас немам гајле учена сум во тој стан на ладно ама за децата мие. А и колку работа има кога ќе ми текне
Aхам.. Епа размислете парно на пелети можеби?! Или сепак само клима за греење? На што се греете сеа? Не дека имам намера во приватност да ти навлегувам ама прашувам затоа што на приземје секогаш од долу ќе ти е ладно..ако се грееш на клима нозете пак камен ладни ќе ти бидат а и децата по подот.... Размислете си добро, што и да одлучите инвестиција си е тоа
Има ламинато кои се за високо фреквентни објекти и тие се со дебелина 12-14mm. Можат да се најдат и за цена од 850ден/m2 па нагоре. Конкретно за во еден објект јас купив таков од Меркур околу 800ден излезе цената можам да ти пуштам слика ако сакаш. Муабетот ми е инвестирај во дебелината на ламинатот за да биде потопло инаку ништо под него неможеш да ставиш особено ако е дебело, зашто сигурно некаде има веќе залепено плочки, а и треба да биде крута и тврда таа подлога и стабилна секако кревање на подот во висина ќе потегне и други корекции како на пример кратење на врати и слично
Делот кај што има плочки и тие ќе се вадат и комплет врати ќе се мењаат. Колку работа има што умот ми се врти. Викнав мајстори прво надворешната изолација да видат што како ќе дојде.
Ако сте се фатиле за голема реконструкција, послушај ја @Dust стајте си подно. Се друго ми се чини џабе еквилибристики.
Се грееа на две панелки со плус клима и жива смрзнувачка. Сега сакам од подвижните клими, комшиии што се до нас ептен се фалат дека коските си ги стоплиле со нејзе
Надворешната изолација плус ќе ве заштити и тоа има врска. Ако сакаш имам луѓе јас ќе ти дадам контакти
Мислам дека ставија некое железо таму долу.. поврзано е со громобранот ако не се лажам. Кога стававме фасада го сокрија во неа.. Исто како за заземјување за струјата... А каков е тој што не оди во земја, не знам.. тоа празнење мора да отиде под земја некаде веројатно за да не е опасно
Баш скоро гледав во комшии дека куќа прават, кога го ставаа кровот и во земјата изкопаа дупка за громобранот и нешто како црна фолија ставаа. Нив не им е во темелот него до зидот. Бидејќи куќата е стара само ја реновираа.
Па не баш у темелот туку покрај ѕидот се до под земја ... Подобро консултирај се со некоја градежна фирма со време, обично тие и ги монтираат заедно со покривот. Инаку има и посебни ќерамиди на кои може да се прицврсти громобранот.. Црната фолија е хидроизолација...се става околу темелите па и под нив се копа кога е стара куќа во прашање
На стара куќа се пушта надворешно по фасада. На куќа во изградба може и внатрешно да се прикрие. Како и да е, громобранската лента иде од кров до земја, небитно каде поминува. А темелот као темел нема врска со громобранот