1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    900mm
     
    На MsLastovica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.060
    Допаѓања:
    101.654
    Пол:
    Женски
    Нема таква регулатива во проектирање мислам, има врска во пресметката комуналии и тоа од колку страни е затворена.
     
    На MsLastovica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Ми треба помош околу ентериерот во дневна
    Би сакала мала округла трпезариска со 4 столици,гарнитура и комода
    Не знам како би било најдобро да не изгледа натрупано со оглед на "големината" на собата
    Пробав да нацртам одприлика како изгледа
    Се извинувам ако не е идеално :sweat:
     

    Прикачени фајлови:

    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    Здраво,
    Би сакала да побарам совет и ваше стручно мислење, како би било најдобро да се преправи ваков стан од 80 квадрати
    8A43BA74-C3DF-4D2E-BD3B-C1E78A4B88E2.png

    773D8CD8-7D43-40BB-9098-E4500A53C3F5.jpeg

    да има и второ вц (со или без туш), да се прошират спалните, и дали гледате можност за издвојување 4та мала соба (работна) во дневната? Или пододбро да не се цепка?
    За живеење на семејство со две мали деца (женски, 3 и 5 години)

    Фала!
     
    На Lost angel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.035
    Ако разбирам убаво, ниеден внатрешен ѕид не е носечки?
    Спалните не гледам на кај би се прошириле, толку е просторот, евентуално да играте со вратите. Во таа, како детска - скриени врати (како шибер кој би влегувал во џеб од ѕид), во спалната да се смени отворањето обратно/ кон внатре:?:, ако ви се доволно плакари во ходник, тој плакарот од спалната и тоа АБ да се спојат во мало вц, туш не ви треба, доволно е вц шоља и мијалник. Ако има, а претпоставувам има можност. Јас би ставила и двоен умивалник во купатило :makeup:.
    Редот плакари од ходник би можел да продолжи по цела дневна, во тоа некако и интегрирано работно биро и сл, не знам точно, многу е коцкеста и голема собата, и има опции и не ми текнуваат сега:tmi:.
    Чекај уствари- и огромна тераса има?:o И од дневен и од трпезариски простор се врати кон тераса?

    @Mari* уствари ја демнев да видам кај е па ја најдов темава, Маре ништо не разбирам од твојов план, ај пробај уште еднаш:)
     
    На Mari* и KidA им се допаѓа ова.
  6. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    фала што пиша ако и случајно :) ми треба некој со искуство да разменам мислења..
    да, ѕидовите не се носечки и можат да се менуваат, едиствено мора да има таква собичка AB за да стои тоа за струјата за подното итд, ама може да е и на друго место.
    А точно да има тераса околу 16кв со два пара врати и исто толку пред неа и зелена површина ☺️ накај југ свртена.

    Нас ни е идејата детстката да ја прошириме за сметка на тоа AB, тоа скрос да се тргне од таму, а второ вц и таква соба да се извадат од средина и од ходникот, да нема во ходникот толку шкафови и потесен да е.

    Имаше два други стана со слично нешто, ама таму или е зголемена собата, или додадено вц, а нема и тоа и тоа.
    Ама и јас мислам сега, не мора и када и туш, доста е вц без туш, а и големата соба си мислиме да не ја цепкаме со ѕидови.


    DFCB9BC9-6FED-4E5E-AEEA-29A0AD0340CD.jpeg

    а еден друг па исто интересно смислен..
    A0589377-BFC1-49F6-BDFD-6D255C467B1E.png
     
  7. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    една слика не се додала

    DCF7FD31-8443-4347-9254-60D7A9F53B39.jpeg
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.035
    Ова последново би можело, не знам како би се пренесла вода и како би се решил отпад за кујна, преку ходник како во претходните нацрти. Вц шоља мора да биде најблиску до одводна цевка, инаку не би функционирало, исто и кујнски мијалник мора да биде блиску, да има пад водата. Знам дека сто пати ја прецртував кујната и се карав со изведувачот ради тој кујнски мијалник|(.
    Ај да ги видам уште еднаш горните...
    Едит- ќе пробам да ги видам точните димензии и да нацртам нешто, мислам има можност и за поголема соба и мало второ вц, сигурно 3 метри должина има постојното купатило, свашта се праи со толкав простор:) Само прашање- тоа w е греење, не е фиксна шахта за централна вентилација / отпад?
     
    Последна измена: 26 јули 2021
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    фала ти, баш би ми било интересно каква идеja ќе добиеш! постојното купатило не 3, 3.5м е долго :). и 2м широко. Една идеја беше од него да се одземе ќоше за соба за електрика и машина за алишта, и пак покусо, а од другата страна место шкафот долгнавесто вц. Ама доаѓа главното купатило на Г а тоа е неискористен простор.. Си мислам од едната страна по коцка големо купатило, а од другата страна правоаголник пола мало вц пола за машината соба.
    А не разбрав кое W? Тоа за цевките е добар совет, не знам и јас како го смислите тоа во станот со вц со балкон - ама ми има смисла и подобро е да е поблиску до одводот
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata не знам да цртам бе |(
    Планот од куќата го немам за да сликнам
    Пиши ми едно пораче ќе пробам да ти објаснам да не се брукам овде :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.060
    Допаѓања:
    101.654
    Пол:
    Женски
    Најискрен совет, ангажирај архитект, не е мал потфат. Ѕидови не се бутаат така лесно, после нема пу пу не важи.
     
    На crimson и KidA им се допаѓа ова.
  12. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    да, архитект мораме да ангажираме - зградата допрва ќе се гради и архитектите задолжени за неа ќе треба да го направат и одобрат новиот план. Ние можеме само да им кажеме: сакаме уште едно вц, поголема детска итд и тие да предложат, ама имаме време и сами да размислиме и процениме за нас лично што е најдобро и најпрактично и ние да дадеме предлог.
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.060
    Допаѓања:
    101.654
    Пол:
    Женски
    Ако е зградата во изградба онда со инвеститорот со кој комуницирате договорете се. За одобрение не игра улога воопшто распоредот на станот и колку соби има, тоа не ги интересира во општина, ама за изведба е многу важно. Штом станот не е изграден уште имаш полесна работа. Но имај на ум дека на сликиве никаде нема стубови и греди, тоа не оди баш така едноставно, мора да се има во предвид. Исто и со одвод и довод, не можеш кај сакаш да стаиш вц.
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.035
    Негде не се гради со стубови и греди, во игра се носечки ѕидови. Дебелите се носечки ѕидови ама чудно е на толкава должина на стан (12 метри или повеќе од спална до балкон) да нема нигде носач. Освен ако не станува збор за куќа, приземје само, тогаш можеби и може без носачи:?:. @KidA ова зграда е или куќа?
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    jac да ви кажам ич не се разбирам.. ова е зграда, на 4 спрата. и чудно стварно не знам зошто нема носечкм ѕидови. Во Германија. Го имам планот на цел спрат например, така се сите станови, и тоа не само на приземје туку и нагоре.. CD82CFEC-0ECD-400E-B713-79141CFCC1B6.jpeg

    а најголемото прашање и мисла ми е, дали баш како кај овој што го обележав со стрелка да одвоиме и ние со ѕид ко соба (не мора да биде спална), или да оставиме таму отворено. може ли така отпосле да се огради лесно без ѕидови со нешто друго? зошто ќе има подно греење па ќе е проблем мислам за мн менување

    A7BAC9E3-8A27-4759-BBFE-4010205659F4.jpeg
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.060
    Допаѓања:
    101.654
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека како архитект вработен баш таму кај што се издаваат одобренија за градба не знам како се проектира? Логиката овде вели дека јадрата (скалите)се носечки, ама не може цела зграда на тие идови да се само, мора да има уште па претпоставувам дека напречните ѕидови се као носечки ама и тие ми се некако тенки ко за носечки ѕидови. Како и да е, и да се носечки ѕидови во прашање, еден правец не смее да се пипка, нема рушење и затоа и напоменав дека мора да се консултира со инвеститорот и проектантот.
    Со кнауф после можеш да преградуваш што сакаш, подното не ти мења ништо, тоа се става врз готов под. НО, не е работата да добиеш темни тесни соби, нели. Е важно е да го ставиш вцто на вистинското место особено ако се прави подно, зошто инсталацијата е во подот и не смееш да ја прекинуваш. Консултирај со инвеститорот тој ќе те поврзе со архитектот и лесна работа. Јас овде просотор за уште една спална и вц не гледам, пред се нема да е функционално. Во Македонија одма би ти го преградиле балконот, ама во Германија не знам тоа колку ќе функционира. Размисли убаво, лесно е да преградуваш, ама светлина и простор нема да имаш воопшто.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    фала ти! да, ќе бидеме со нив во контакт штом ќе дојде ред за тоа прашање, сега размислуваме и планираме за тогаш да бидеме спремни да знаеме да кажеме што сакаме ние.
    Инаку имаш право за светлината, тоа многу ни значи, и затоа мислам дека нема да ја преградуваме никако дневната, ама за второ вц не се согласувам веќе има од истиот проект други станови (погоре ги постирав) со истата квадратура кај што има и второ вц интегрирано. Второ вц со туш плус остава можеби е премногу, ама само минијатурно вц и остава и купатило со када мислам дека ќе е без проблем. Ангажирав една русинка да ни направи предлог план тие се експерти за искористување простор, ќе се споделам после со резултатот.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ако може некоја од архитектките да ми помогне во врска со распоредот. Се работи за спрат од куќа. Околу 75 м2. Идеата е да има дневна со трпезарија и кујна, две спални соби и бања.

    Ѕидот со црвена линија не може да има ни прозор ни врата затоа што е лепенка за друга куќа.
    На ѕидот со зелена линија мора да биде влезна врата (бидејки скалите се од таму) но не сум сигурна кои се правилата на зелениов ѕид дали може да има прозори бидејќи гледаат накај комшијата....

    Левиот ѕид гледа накај улица, десниот ѕид позади во двор. Овие два ѕида се слободни за тераси.

    Ова јас од прилика го цртав, не ќе да се скроз точни димензиите ама во глобала тоа е плус минус...

    Секоја идеа е добредојдена, фала ви :)
     

    Прикачени фајлови:

  19. AnaRose

    AnaRose Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2021
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали знаете некој кој изработува дрвена шупа и летниковец за во двор? 0d5b429bf969f0242c86a05b9b3c31fd.jpg 0d5b429bf969f0242c86a05b9b3c31fd.jpg cbf4e2b3246ff6f0fa507a14cf1d027a.jpg
     
  20. BrainDamage

    BrainDamage Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Незнаев каде да прашам , куќа на центар 300м2 со двор 900м2 на најубаво место во град колку би дал инвеститор??? Само кеш во проценка имаче квадратот тука е 900 евра