Просечна цена за проектирање ти е околу 10е од квадрат. Е сега за реализација зависи нели од елементите внатре и тоа дали ќе си бараш сам мајстори и ќе шеташ по салони за мебел или оној кој ќе ти го проектира станот ќе ти понуди и реализација. Втората опција е поскапа, но со помалку нервози.
Ти благодарам многу.Дали отприлика би било 10.000 евра вторпат опција... Тоа значи тие бираат сѐ а мене би ме консултирале само дали одобрувам?
Да да, секако само мат во боја имам идеја. Проблемот е што различни мајстори нудат различен тип на медијапан (готов, фарбан, пластифициран) кој го фаворизираат и го предлагаат како најдобар избор па затоа ме интересираше ваше мислење или искуство.
Во суштина фарбан, готов и пластифициран мдф се три различни работи. Доколку сакаш најлесно одржување тогаш е пластифицираниот, потоа е готовиот и на крај е фарбаниот. Јас како инженер за мебел со 10 годишно искуство не би те советувала да ставаш воопшто медијапан фарбан, првин мн лесно се оштетува, а особено матот е ужас за чистење. А готовиот мдф изгледа малтене како иверица, има кант и со минимална разлика во текстурата, а од друга страна е збачително поскап. Пластифицираниот медијапан е старо-нова опција хаха порано мн го форсираа сега па толку и не. Реално освен за естетски момент од практична гледна точка медијапанот и не е правилен избор. Има мн комбинации зашто го нудат ама ќе треба на широко и на дугачко да зборам, еднаш дебатирав на темава хаха и се ова што зборам е од искуство.
Не знам дали прашувам на вистинското место но ајде, куќа од 80м2 да се реновира се од под до кров колку би ме чинело?
Здраво, како може да се испланира тука во овој простор кујна? Имате некоја идеа како би се просирило? Да излегува надвор од тоа коцката а да не личи како исфрлено од вода и плеснато само, што би мозела да направам тука, стубчето е вентилација и не може да се бутне..
зависи колкав е кровот? зависи шо ке теновираш? кошуљица,струја,вода инсталација прозори врати мебел?
здраво ставаме фасада на куката ама од едната страна мора да влеземе во дворот на комшијата да го направиме. Сопругот разговараше со него и тој одобри за да нарениот ден се предомисл и иги избрка мајсторите од нивниот двор и стана пола сид ненаправен. Сега го бараме за разговро но неможеме да го најдеме. Дали има некое друго решение да ми предложите. Исто совет за надворешни скали да се направат а да не се лизгат со што е најдобро. Сопругот сака мермер ама јас не бидјеки уше кога ги гледам како сјае мислам ке се лизга на дожд и на снег..
Баш сега кај сестра ми ставаа исто така и они се мислеа мегутоа сепак за да не се лизга и да изгледа убаво се одлучија за гранитни мкслам се викаа плочките како камен емитацкја што воопшто не се лизгаат и преубаво изгледаат
Здраво на сите дали може совет за надворешни метални скали од кој материјал да биде лежиштето. Се мислиме за дрво (даб) но е многу пари и ми е страв да не се оштети брзо додека лим не ми изгледа нај нај... дали има некоја варијанта да личи на дрво а да е поефтино и каде да разгледувам
Железо и лепени плочки одозгора. Дрво на отворено, па не ти е најпаметно. Плочки сега имаш какви сакаш дезени.
Дечки сакам плакар за во спална соба на цел ѕид буквално од горе до доле или така наречените Американски плакари. Колку е отприлика цената од метар квадрат дали знаете?
Здраво до сите Ми треба помош за уредување на станче во близина на Католичка црква. Станчето е во новоградба. Би сакала да најмам архитект/дизајнер за ентериер за да го средам станчето. Површината е 50-52м2. Содржи малечок салон, 2 спални соби, дневен простор предвиден за кујна/трпезарија, дневна како и купатило со вц. Има и мал балкон. Едната од спалните граничи со дневниот простор и сум на мисла да го срушам ѕидот помеѓу нив за да добијам покомфорен дневен престој. Би сакала целосното осмислување на просторот во станчето да го направи/направат стручни лица за да се дојде до наменско и практично искористување на просторот. Ми се допаѓа скандинавскиот стил на уредување со природни материјали и дрво, чисти, прави линии и висока функционалност. Дали има во Скопје добри архитекти/дизајнери на ентериер кои би можеле да ми ги препорачате? Однапред ви благодарам за помошта