1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.508
    Сакам да реновирам стар стан од корен, со се иснталации, ќе се менуваат кабли, цевки, плочки и паркет се подразбира, глетување ѕидови, можда нешто и ќе се сруши. Како се движат цените, која би била од прилика цена за квадрат? Да знам што да очекувам. Пред 4 години реновирав исто стан од корен, до цигла го соблековме, околу 190еур/м2 (со се врати, плочки, санитарија, под), ама сега не знам како се движат цените дали и таму има поскапување. Дали некој реновирал во скоро време колку испаднала математиката?
     
    На Зеленоокатаа му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jana.baby

    jana.baby Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Колку кошта и колку време е потребно за да се смени стар под од дрвена конструкција со бетонска плоча во куќа?
     
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.281
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Нас за 75 квадрати ни зедоа нешто под 2000е (во 2020, сега сигурно е повеќе). Од почеток на работа дур да може да се мести паркет/ламинат/плочки 2 месеци. Самата работа неколку дена.
     
    На jana.baby му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jana.baby

    jana.baby Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Каква разлика гледаш сега со новиот под? Колку е битен дел од реновирање? Фала ти и поздрав!
     
  5. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.281
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Еве маж ми ме искорегира, не било нашето плоча, туку појачување на подот на греди и осб плочи, било само 10цм, а плочата била повеќе. Ама дека со железна конструкција беше, јас мислев дека е плоча.
    Не можам да кажам разлика оти не живеевме претходно тука и кога решивме да се вселуваме прво тоа го средивме (според маж многу битна работа) па другото. Секако имавме за сменување под, ѕидови, парно и така одлучивме оти тешка работа дека некогаш ќе одлучам да искорнам сѐ за да местам плоча, освен ако е неопходно.
     
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.984
    Допаѓања:
    167.805
    скроз неможеш да смениш ама карат таван се вика тоа можеш да смениш плетена мрежа оде во зидовите и 10см бетон
    Пак ке се осеќа вибрација
     
  7. bruno.com

    bruno.com Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2014
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Пред една година го реновиравме спратот сите ѕидови најпрво лепак мрежа па абрип после еден месец ги белевме со поликолор.Гледам сега почнаа да пукаат на таванот поголеми испукнатини странично.Од што може да испукуваат една година од кога се правени
     
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.984
    Допаѓања:
    167.805
    од самата вибрација на куќата најнормална појава
     
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.503
    Пол:
    Женски
    И кај нас е така. Нормално било
     
  10. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    Колку пари е да ти направи архитект план за доградба на куќа, доградбата би била околу 60 кв?
     
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.508
    Ми треба предлог за студија што работат ентериери и внатрешен дизајн. Освен ЛД Тетово.
    И дали некој знае колку се движат цените?
     
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    8.012
    Inspo interiors & design,
    Brons interior, Mad studio design, итн.

    За идејно решение цените се по квадрат од 10€ па нагоре. Овие студија нудат и изведба со нивни соработници, се зависи од тоа колкав ви е буџетот. Меѓутоа подобрите студија се букирани месеци однапред и доста се чека за проект.

    Ако веќе имате некаква идеа (или би се инспирирале од овие студија погоре ;)) што би сакале, побарајте поголема фирма која изработува мебел, доста од нив имаат вработено дизајнер на ентериер и нудат изработка на идејно решение во цената. Има и фриленсери кои работат само проект по малку пониски цени. Работата е да внимавате изведувачот кој ќе го изберете да може да ги изработи елементите од проектот.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Многу има. Пребарувај ги под дизајн. Нареден ден ке ти излезат куп реклами.
    Има студенти или скоро дипломирани кои нудат и пониски цени, од 5-7 евра за квадрат. Потоа ти си бараш изведувачи.
    Фирмите како МАД или Јумис се колку добри толку и скапи. Ако црташ само се околу 10-15 евра, ако ти изработуваат не наплаќаат цртање наводно ама изработката им е изгор.
    Само внимавај, може да ти направат добар цртеж кој не може да се изведе и да е функционален.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    8.012
    Јумис се се само не добри, жива превара со прескапи цени. Немаат допирна точка со Мад. Ако сакате да си го завршите домот за 3-4 години од планираниот датум и некој да ве лаже како материјалите им се екстра ексклузивни па затоа чекате година дена, слободно. Или да добиете крајно нефункционално решение.

    Во друг случај, избегнувајте ги на широко, видете им само, некое ривју на гугл.
    Едит: Цената за проект се формира според човек па сега види. Како ќе те преценат толку ќе идат нагоре со цената. Не зборам за купување парче готов мебел, туку опремување стан.
     
    Последна измена: 13 август 2022
    На Bupalu и Mucika им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.050
    Допаѓања:
    101.609
    Пол:
    Женски
    За ентериер неприкосновени се Мебел Ацевски и Сара што ги работи ентериерите. Мислам и тука беше активна еден период. Познавам архитекти кои и довериле на неа сопствен ентериер ако немаат доволно време, јас да ми треба би ја барала исто така, ја препорачувам редовно. Од Тетово имав една колешка Милица Дојчиновска, мислам дека работи и она и тоа е прилично и добра, побарајте ја на соц мрежи или распрашајте се. За ентериер не се зима било кој, да бидеме искрени, јас сум архитект и од искуство ви го кажувам тоа, не од рекла кажала муабет. Предолго сум надвор од секторот и моментално не би се нафатиле да работам ентериер па макар ме молел некој, совет да, ама да земам од старт проект не можам.
     
    На mira.mira и Mucika им се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Од јумис зедовме гарнитура клуб маса трпезариска и столици. Ги направија пред договорен рок. Квалитет премиум. Цена одлична. Се беше по порачка, боја материјали.

    Затоа ми лупнаа цена за проектирање на кујна и ги одминав. Иста цена со МАД ми дадоа.
    За тие пари цел стан направивме кај приватен мајстор.
     
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    8.012
    За готовите ствари - мобилниот мебел нема како да лупаат цени пошо некои им се објавени јавно, ама затоа за проектирање, идејно решение и изработка ем ќе ти го направат нефункционално, ем ќе ти лупнат цена.

    Членката бараше за проект, затоа овие не се добар избор.
     
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.508
    Мад ми се допаѓаат ама имав мислење дека повеќе тераат изработка па заради тоа и проектираат. Сега за сега барам само проект, ќе ги проверам овие што ми ги спомнавте. Ама месец дена чекање, ич немав претстава дека може да е толку :|.
     
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Ние не земавме ништо готово, се биравме, дрво, боја, микрофибер, ногари, димензии, се е по порачка. Цена на лице место сметаат и ти кажуваат колку е.

    За идејно решение немам искуство.
    Да да си треба време. Зависи и колку работа има моментално. За проект најди си некој што има завршено или студира дизајн на мебел и ентериер или архитектура.
     
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    8.012
    Инспо ми кажаа 3 месеца за проектирање 70кв :D Така да месец е нормално и секогаш приоритет им се оние кои бараат и изработка. За ова што го сакаш барај си независен дизајнер, набрзо и најповолно ќе ти е.