И мене ми се поубави глетувани ѕидови. Ако се убаво сработени, нема да мрднат. Единствено што на бели глет ѕидови се познаваат траги ако се допри со нешто валкано (кој има мали деца, знае на што мислам ).
Ги видов, има дизајни би требало да се поклопат со некоја плотна. Скапичко, ама види и со медијапан колку ќе ти биде на вратички само, сигурно нема и костурот внатре на кујната од медијапан да ти го прават, ова чисто ако ти се свиѓа како материјал и боја некој модел.
Здраво, ако може препорака за архитект во битола, и од прилика како се движат со цени? Воедно, еве една слика па ако има некој мислење за идеално решение за како да се организира кујната, трпезаријата и дневната?
десно горе е влезна врата од ходникот во дневната. долу се прозорци и балкунска врата, лево е врата за во ходникот накај спалните соби.
Здраво. Знаете ли каде има нешто вакво, како даски зад телевизорот на сликава? Под кое име да барам на интернет? Мора мајстор за ова или можеме и сами? Фала
Јас не сум архитект ама фетиш ми се домови. Ова вака лаички што ми доаѓа за минимално време. Цртежов е од телефон па димензииве од око се не ги пресметував. Мал е просторот таа врата до кујната ми смета, тој ѕид јас со се врата би го направила некако од медијапан/иверка да е скриена врата, ако ме разбираш. Заради опен флоор би го направила вграден фрижидер. Оставај си по 15-20 цм од ѕидот за шпоретот, не го лепи, ќе ти смета за мешање/рачки од тенџериња. Трепезариска мислам има 90ки кружни што се отвараат таква би ставила па за гости по потреба да се отвара, а и некако убаво движење ми има таква во помал простор. Аголни гарнитури ми се гломазни па затоа бирам тросед со 2 фотељи и ќе имаш слободен пристап до прозорите, ама може и таква ако ви е поубаво, без фотељи. Позади влезна врата шкафче за чевли и закачалки и во линија едно огледало на столбот може.
Undermount или ниско монтажен садопер ставал некој? Дали единствена опција за плотна за него е над 500 евра, ништо по економично?
На гардеробер од ѕид до ѕид 372cm, колку шибер врати би клале? Ми велат дека сега било модерно со 2 врати ако биле големи...
Здраво девојки, Ми треба препорака за добар архитект кој што одлично би можел просторно да го испланира просторот, но исто така ми треба и нацрт за внатрешно уредување. Немој да ми се смеете, ова второво не сум сигурна дали може да го направи архитект или ми треба дизајнер за внатрешно уредување За да не биде рекламирање, може слободно да ми препорачате во порака.
Абе да, модерно било врата од 186 цм ширина. Оптимално испаѓа 4 врати, прашање е кој механизам би носел врата поширока од 1м
Има механизми што носат голема тежина (во Новомак) ама треба и затегачи на вратите за да не се виткаат
Здраво, дали на некој знае каква работна маса е ова? Фронтите ми личат на Cashmere grey Egger u702. Дали некој може да ми предложи работна маса ваква што дозволува садоперот да биде под неа?
Секоја плотна "дозволува" само садоперот треба да е за под плотна. Оваа на сликите е компакт плоча колку што можам да видам.
Да, тие се, чим се со големи димензии. Во салони има повеќе избор, а голем дел и се по нарачка. Ако ти се допаѓа стави. Само види и од практични прични што ти одговара повеќе. Јас од времето имам плакар 240 со 2 врати, со тогашните механизми и материјали изузетно тешки врати, брзо се расипаа па станаа и бучни на отварање затварање и уште ме нервираат, многу често не ги затвараме и отворен зјае пола плакар, од друга страна па немам лизгач со 4 шини, само 2 се. Садопер нискомонтажен може само на 100% водоотпорен материјал, мермер, гранит, компакт, ламинам. На стандардните кујнски плотни не се инсталира ваков садопер.