Каде да најдам лустер или ламби што се лепат за над шанк и светат? Сакам да кажам да не треба да се поврзуваат со кабли и сл.
Предлог за гардеробер 3.70 должина на 2.65 висина: Дали да биде со 3 лизгачки врати стаклени дали да биде отворен скроз или да биде со класични врати на отварање (како на сликата)
Здраво, дали може да ми предложите архитект изведувач со сопствени мајстори од кого сте задоволни, инфо за цена и доколку има некаков профил на инста, фб, да се видат сработени проекти? Имаме стан за целосно реновирање, рушење ѕид, надворешна изолација итн. Благодарам однапред
Здраво,ако може некој предлог за продавница,за теписи ? Поточно ме интересира за теписон,да го покријам ходникот и од истиот да исечам стази за скалите. До сега кај и да прашам многу ми се виде цената,или пак некој ваш предлог ако може.
Дали може да се направи ѕид од огледало. Планираме да рушиме и местиме ѕид, со што ке добиеме поголем простор за дневен престој,а помал за спална соба (од дневна ке се влегува во спална). Ѕидот што ке граничи меѓу собите треба да има простор за врата. Замислата ми е да биде целиот ѕид со некое декоративно огледало со што ке се добие поголема визуелизација. Прашањето ми е, дали е тоа изводливо,дали знаете фирма што може тоа да го направи
Здраво, имаме мала соба во станот, сакаме да ја направиме нешто како office room плус гостинска соба. Е сега гледавме нешто вака идеи и отприлика тоа ни е замислата. Но собата е долга 3.70м дали ќе е премногу ако ставиѓе така биро и шкафчиња од крај до крај? Да не дојде премногу некако. Плус друго што ме плаши е што ѕидот е гипс картон, дали ќе ја издржи тежината за ова.. Ќе прикачам слика од собата и идеата, идеи и мислења се добредојдени
Здраво, Ми треба совет, паркетот ми е некоја ваква нијасна Немаме ставано боја туку само лак врз паркетот на неговата природна боја, дилемата ми е која нијанса на врати да барам?
Здраво на сите. Какви подни лајсни да ставам во куќа каде подот е од паркет? Сличен е како на сликава погоре од Anna-Banana.. Јас сакам бели - паркетарот упорно ми вели дека лесно се валкаат и дека подобро е кафени што ќе бидат иста (или слична) боја како паркетот. Дали навистина се толку тешки за оджување? Дали брзо пожолтуваат? Фала ви однапред <3
Мене ми личи некако тесен просторов за да имаш од една страна кревет од друга биро, личи како да нема ни 2,5 метри ширина. Да видиш нешто на кат кревет, доле бироа евентуално или па во иста линија и кревет и биро. Јас би бели. Исто се прља, само на белото повеќе ќе се познава нели. Убаво ќе изгледа и со двете. Јас лично од естетска гледна точка на две места си ставив дрвен дезен, ама не од оние од времето како триаголни, туку како тие белите медијапански само дезен дрво 8цм високи и гледав да ми одговараат со паркетот, а не да ми двои бојата. На едното место ставав ламинат па лајсните беа иста боја со ламинатот (дрвен дезен). А дома се мислев за бели, но познавајќи се себе дека ќе ги фарбам ѕидовите во боја, одлучив да ставам пак лајсни како бојата на паркетот (не слични, иста боја на дрво), наместо бели кои ќе ми се одвојуваат како линија. Од лав комерц мислам ги земавме, ако си од Скопје види ги имаат и бели и дрвени и спореди.
Имај предвид дека околу метро ти е потребно за столчето, ако креветот е метро, метро за столот, бирото ќе биде 46цм. Тој аспект запази го. Или пошто е долга соба столчињата да не се погодат кај креветот. Пример ако ја употребувам секој ден за работа, јас би бирала комфорт, мене многу ми значи да не се трескам со столче во нешто позади.
хелп женски моментално го реновираме станот, ѕидовите ги правиме лепак мрежа и абриб додека на таваните местиме гипс( лепак мрежа), е сега во вецето откако ке се намести водоотпорниот гипс заедно со лепак и мрежа дали да ставиме водоотпорен абриб кој е поскап или обичен абриб па со воодоотпорен поликор исто и на терасите како би ме советувале вие?
Ве молам за помош, некој да не знае, дали имате видено навлаки за каучи ама онака да се посаламни, не како оние со ластиците велвет што кружат на фб. Ми треба нешто налик штоф, така поквалитетно, да не има случајно Икеа? Или ќе морам да претапацирам Извинете ако не е соодветна темата.