^^BellaS пребарај на Google како 3Д панели, има неколку фирми, јас ги гледав на Саем за мебел, само не ми текнува точно од која фирма. Се сеќавам цената им беше некаде околу 1500 ден. м2.
Што мислите за надоградба на тераси? Сега е тоа актуелно, малите станови за да се прошират се прават тераси на цела вертикала, па колку е тоа штетно за постоечката зграда, може ли да се расклима после правењето на терасите?
Не може, бидејќи тие тераси не се прават како конзоли кои се дел од самата зграда, туку си имаат темели и столбови и функционираат како посебен дел од зградата. Стабилноста ќе си биде регулирана со проект, нема ти за што да се грижиш.
Можеш да земеш фолии од книжара, и нацртај си што сакаш исечи и залепи, или пак залепи го цел. А во прографика и ти печатат по твоја желба што сакаш. Имаш многу убави бои на фолии, буквално секакви, има и со шари- види во книжарницата дијагонално од прографика на самиот ќош е.
Еве јас да споделам искуство со еко кожа..во склоп на муабетов НЕМОЈ ДА ЗЕМАШ СВЕТЛА ГАРНИТУРА ОД ЕКО КОЖА..!! Јас имам чисто бела гарнитура и во рок од 2 3 часа додека не ми беше покриена ми се исфарба со боја од фармерки и не можев да ја исчистам... а ја имам неполни 3 месеци...наскоро ќе имам бебенце па кај да е за година две ќе ја претапацираме изгледа
Кај мене црно бело е се...а останатото..детали теписи итн се лилјакови..преубаво се вклопува...може да додадеш и нешто сивко
и кај мене е се црно бело и имаме еден лиљаков зид таму ни стои телевизорот на ниска комода црна со бело а украсите ми се лиљакови
Архитекти може ли една дилема да ми разјасните. Значи барам клуб масичка и трепезариска маса (просторот е споен). Прашањето ми е дали тие мора да бидат исти по боја. Или можам клуб масата да речеме бела (па да биде во комплет со тв комодата), а трепезаријата црна, па и столчињата такви.
Не мора да бидат исти, само пожелно е да бидат од ист материјал)секако ако има стакло во дневна не би препорачала стакло за во трапезарија.)Јас лично не сум за следење баш на сите правила во уредувањето.Мој совет е дека доколку вам ви изгледа добро и пријатно на око веројатно ќе се осеќате убаво да домувате таму.
Едно прашање: Дали некој знае колку се движат цените по метар квадратен за украсен камен за ентериер?
Во Голден Инвест се од 22 евра нагоре, имаш и стиропор кој имитира камен, ама кај да го најдеш не знам, во Солун е голем хит сега, ама за овде не знам дали е донесен. Голден Инвест ти е кај Рампа во Кисела вода
Архитектки, што мислите, дали тв комода со бела и венге боја во која преовладува повеќе венгето ќе оди со бела клуб маса со црно стакло? Исто и трпезариската маса, бидејќи е мал просторот ќе треба да ја комбинирам со дневниот престој па се одлучивме за венге маса и столови. Во ред ли е или е монотоно малку? Со оваа комбинација која боја на завеси и тепих би било идеално? Ангелче, даваш стручни совети, помагај!
Јас мислам подобар впечаток би оставила со ист материјал и иста текстура на маси, сепак, мал е просторот големи разигрувања само дополнително ќе го отежнат изгледот. Јас би се одлучила за ист материјал, пример, стакло во дневна и стакло-метал во трпезарија, или дрво во дневна и дрво-метал, можеби и малку стакло, во трпезарија. Гледај бар боите усклади ги, да не добиеш брканица од материјали, текстури и бои во мал простор Ау Џени, од многу материјали што спомна ми се измеша се. Чекај сеа, венге со бело, дрво, сакаш да комбинираш со бело и црно стакло, хммм... Мислам дека ќе ти го дадам истиот совет как на Ирена, ќе направиш мал хаос, од материјали, текстури и бои. Можеби без стаклото би поминало, поготово ако иверката е фурнирана, односно текстурата се познава на допир и е видлива со око
Клуб маса Каденца, таа е таа маса што ја меркаме, за неа прашувам. А Тв комодата е венге со бело дрво. Од масата успеав да најдам слика, од тв комодата немам еве слична е ко на сликата:
^Да,ќе ти одговара ептен,белата клуб масичка ќе го отвори просторот,а црното стакло дава елегантност. И воопшто не е монотоно,туку е класика која не излегува од мода.
Фала ти бејби дефинитивно се одлучивме за белата масичка иако имаше и венге ама со обично стакло, оваа белата ни изгледаше многу поотмено и елегантно, и јас си помислив дека би го отворила просторот кој и онака е мал. Белата боја би дошла во комбинација со тв комодата којаима бели елементи а црното стакло би се вклопило со бојата на тв, кој е со црна рамка. Исто имаме рамки за слика во црна боја кои делуваат мошне елегантно и кои сметам дека такви ситници баш би се вклопиле со стаклото и просторот. Не знам само која боја на завеси и тепих би било идеално за финиш.
Во станот кај што ке се селиме во кујната зидните плочки се кремави а подните кафеави каква боја на кујна ке ми одговара на овие бои. Несакам да ги вадиме