Вреди ли да се доплати 700-800 евра плус за фарбан мат медијапан или да одам со готов? Голема ми се чини разликава сепак
Здраво, Дали кај нас може да се најдат вакви даскички за ѕид? Сакам ѕидот да го направам ваков и да го исфарбам.
Секоја препорака, газдата е еден млад дечко, се вика Мартин, премногу е ангажиран за работата и дава предобри совети како нештото да е подобро. Битно е да има на крај убав збор за него, па затоа се труди премногу. Соработува со многу од продавниците тука, и точно знае што каде има, и сам може да каже каде нештото е поефтино за од таму да се набави. Плус што работат брзо и ептен се профи!
Здраво дечки, ќе ве молам за мислење. *Боја на внатрешни врати, дилемата е меѓу црни и бели. Бели имам моментално,но размислувам дали овој пат да одам на црно, не знам дали многу ќе се познава прашина, прсти и дали се потешки за одржување? *Мислење за под, плочки во комбинација со подно греење или ламинат? Општо што е подобро за одржување? Ако е ламинат, дали само делот во кујната и ходникот да бидат со плочки или и кујната да е ламинат? *Ѕидови, глет или абриб? Глет повеќе ми се допаѓа, подобро ми изгледа во друга боја, но лесно се валка. Абриб многу потешко се оштетува ама бојата не лежи исто како на глет. Сепак што е подобро земајќи во предвид мали дечиња? Дали комбинација би имало смисла?
Ќе ти споделам мое мислење, ама не сум архитект. Врати: Знам дека дилемата ти е црна или бела, ама ако ти одговара дома размисли си и за крем. Кај што живеам моментално привремено, а и каде што реновирам и ќе се селам ставивме крем и ич не се познава ако се извалка. А ако веќе си одлучена за црно или бело, јас би ставила црна од практични причини. Под: Зависи колку ти е буџетот, подното греење е релативно скапа работа и за инсталација и за понатаму за сметки. Ако ставаш ламинат, стави си сегде освен во кујна и ходник од хигиенски причини. Подот во кујната особено сметам дека е важно да е плочка. Ѕидови: Мислам дека глет и бои ти се најдобра одлука. Абрибот ќе ти се познава под бојата. Обично го ставаат на балкони и кров во тоалети, барем кај мене е така.
Една година се мислевме по ова прашање, нема со кој не направивме муабет и на крај се одлучивме за плочки во цел стан, како што впрочем и сите нѐ советуваа. Конкретно ламинат не зедовме во предвид, од старт ни кажаа или трослоен паркет или плочка за со подно. Мислам дека не згрешивме, иако уште не сме почнати со греење. Поекономично е, повеќе држат топлина и полесни се за чистење плочките, не ги мислиш како паркет се подул, изгребал и сл.
Здраво феминки, барам препорака за фриленсер дизајнер или може и со фирма што потоа ќе го изведе мебелот, но само доколку сте имале лично искуство со него и сте задоволни. Се работи за спална соба околку 20м, имам и Др простории но би се договарала во зависност од цената.
Здраво, гледам ме имаш цитирано, ама не ми е јасно кое е прашањето оти само цитат имаш ставено. Моментално имам некои проекти и сум зафатна некое време, за кога ти е проектот? Пиши ми лп ќе ти одговорам што те интересира.
Kolku bi me kostalo da sredam karabina ? (vtor sprat e ) napraveni se samo dve sobi. Okolu 60m2 e samo karabina
Многу зависи што ќе работиш, фасада, ѕидови облоги кои и дали ќе има, плочка, под, плафони... Дали под средам мислиш и на мебел и врати... Без 10 000е за основните работи не си, под услов да немаш бања, бањата дига многу просек.
Како карабина е не се измачкани ѕидовите 3 надворешни ѕида со малтер само цигли се гледаат. Има само две соби направени цакум пакум со гипсени табли. Горе таваницата има гипсени табли и вцто е преградено со гипсени табли исто така. Рачуницата ми треба за вц плочки ( лавабо, туш кабина) , ламинат, малтер, треба да се изглетува, врата има надворешна ми требаат уште 4 прозори пвц (мебел имам, сакам да си го земам тој од кај што моментално живеам). Отприлика само за да знам дали повеќе би ми одговарала оваа опција отколку градење на цела куќа.
Вц крева цена, инсталации, плочка, санитарии, се си кошта. Имаш инсталации и во другиот дел струја и вода, имаш подови, имаш облоги ѕидни, имаш врати и прозори. Без 12 000е мислам не ни помислувај да почнеш, ама цените моментално не ги знам, провери со мајстори.
Ако можеш финансиски гради нова Ако не крпи овде Со овие цени внатре 20.000 минимум А ако нема фасада тоа ти е плус
Имам довод, одвод во вц, струја низ цел спрат има се е средено тоа само е оставено глетување и на 3 надворешни ѕида малтер да се стави. Прозори 4 фалат и вцто плочки, кујна плочки, ламинат
Ама ко што ја сфатив не крпи, ново е тоа она само треба да го среди. Ако се цефките одамна провери ги, струјата исто, во овој случај мислам дека нема да те фати повеќе од 10к.
Да, не крпам ништо ново е. Добро е тоа ми е многу битно дали ќе биде отприлика до кај 10 000е. Не можам повеќе да си дозволам моментално, маж ми се трга на страна не сака да вложува на туѓо. За куќа мислевме ама многу испаѓа со комуналии со се, сега нешто читав изгледа градоначалникот за брачни парови до 40 години изгласал да не се плаќаат комуналии во Кисела Вода ако е така ќе биде добро