Нене ова за другата опција, на градежно земјиште да градиме, е таму маж ми ќе учествува во правење ама се подоткажа кога дознавме колку се комуналиите...
Распрашајте се. Во нашата општина пример на бранители и деца на бранители не се наплаќаат комуналии до 100 квадрати.
Ако уште не си нашла вакви даскички да си појдеш во стоваришта за дрва, во столарски работилници... Или да си појдеш во Меркур. А има и едни како стиропор лајсни што се користат за декорација на ѕидови, тие се продаваат кај што се продава бои и лакови. Најдов и линк некаков на Фб: Fasadni lajsni stolbovi i elementi od stiropor | Facebook
Гледам дека во Игнација имаат бесплатна монтажа на ламинат и паркет до крајот на месецов.Имате искуство со ламинат од кај нив? Или општо ако сте купувале ламинат од која продавница сте задоволни?
Здраво, Дали некоја може да ми даде совет што да правам, во станот значи буквално на средина од терасата има стуб(носач) што ја држи терасата над нас… ни лево ни десно неможе да се фукнционира… по 50цм е лево и десно од срубот…што може да се направи? како да се искористи просторот?
Феминки здраво, ве молам за помош. Имам две опции. Првата е да реновирам спрат од куќа ( ќе се менуваат врати, прозорци, плочки, нов ламинат. Ќе биде потребен нов мебел за кујна дневна трпезарија и купатило. Претпоставувам дека ќе треба да се сменат и цефки во купатило кујна).Втората опција е изградба на нов спрат на веќе постоечката куќа. Е сега дилемата е која опција е подобра и поисплатлива. Исто доколку некој реновирал или градел во скоро време би ми било од помош да сподели колку го коштало одприлика. П.с просторот што треба да се реновира е околу 70кв
Комплетно реновирав стан од 95 квадрати, само што се вселивме. Цел проект траеше околу 6 месеци. Не’ кошташе околу 32.000 евра со мебел, со тоа што една спална ја оставивме неопремена, а прозори и ролетни веќе имавме од порано. Тука во сумата го вклучувам и проектот од архитектот. Ни реновираше фирма, значи не баравме засебни мајстори за се туку една фирма ги тераше сите работи, освен мебелот по мерка и нови огради на терасите што си најдовме ние. Менувавме електрична и водоводна инсталација, рушевме, го олмиравме подот, 1 тоалет и 1 бања од корен, стававме мрежа и лепак на ѕидови што беа криви и се распукуваа, нови собни врати и влезна врата и ред други работи. Сами си купивме плочки, ламинат и лајсни, вц елементи како школки, бојлер, параван, казанчиња, сифони... Монтажата и материјалот беше од фирмата.
Zdravo ,ve molam za pomos idei za kujna.Kujnata mi e mala,a jas sum izmegju crna so drvo ili pa rustic style. Neznam dali da e se crno ili da iskombiniram so drvo :/
За помал простор немој да користиш темни бои, уште толку ќе делува помал визуелно просторот. Можеш некоја светла боја, во комбинација со дрво.
Здраво девојки Во процес на вселување во нов стан . во нова зграда која сега се гради сме и потребно ми е совет за избор на архитект. Прашања кои ги имам Искуства ако може со одредени архитекти од кои сте задоволни и цени Дали за цел стан или за одредени соби тоа го правите? На кој начин функционира соработката, доаѓаат мерат а потоа ние си ангажираме тим за изработка? Би ми значело секое искуство, нормално да се цените пристојни би било супер
Здраво феминки, Во план сме за целосно реновирање на куќата, ми треба помош и мислење. Кујната дефинитивно сакаме да ја правиме во овој стил и со овие бои, меѓутоа воопшто не знаеме како да изгледа дневната и што би одговарало со оваа кујна, бидејќи е баш специфичен стил.
Девојчиња. Земавме стан, ќе треба да се спрема уште малце. Во кујна плочките украсни ќе се на сиво. Врати бели сегде. ја мноогу сакам стан со црна, бела и сива боја, а украсите во боја. Да ми дадете предлог архитект за ентериер, или страни кај шо гледате идеи. овој стан моите го опремуваа без мене. Сеа пошо ќе живеам јас сакам да сум вклучена. Како е боље, да најдам мајстор да праи по мерка, или да видам прво шо се нудо по прод? Ја сакав прво по салони да разгледам, ако бендисам нешто супер. Ми се свиѓа и по ренесансен вајб, ама сакам и модерен.. Ова шо стил е? Малце неам врска Би или вака ко ова горе, или ( за елементите зборам)
Да најдеш готова кујна што ќе одговара на димензиите е многу тешко, за тоа подобро ти е мајстор. Горната слика ти е рустичен, доле модерен. Зависи што сакаш колкав е просторот пиши и ќе ти дадам идеи
Можеш да си играш со Икеа, да видиш што ти се свиѓа https://kitchen.planner.ikea.com/rs/sr/ Стално си играм со Икеа планерот Црна кујна јас лично не би, имам темно сива и пак исто би избрала https://www.ikea.com/gb/en/rooms/kitchen/grey-kitchens-pub26ec2e50