Ми треба совети и да споделите искуства Наскоро треба да се преселам во нов стан, зградата е во изградба па имам можност да одберам плочки. Какви подни плочки препорачувате во претосбје, кујна и тоалет? Мат, сјајни....? Боите ке бидат посветли однсоно на беж нешто така. Во кујната и во тоалетот ѕидните ќе бидат светли со оној мермерен ефект. Исто ќе ми треба изработка на кујна по мерка. Знам дека сакам да биде бела и некоја дрвена плотна. Препораки за материјал на кој не би се познавале прсти на елементите? Бидејќи процесот на изработка на кујна е подолг и знам дека се чека, кога е најдобро да почне да се изработува ако станот е готов во септември?
Дали има некоја онлине апликација или страна каде можам да го вметнам објектот и сама да дизајнирам, мислам на некоја поедноставна не на тие што ги користат архитектите или дизајнерите?
Во кујна имам бели сјајни и се добри. Подни во кујна, ходник, ве-це и бања де мат крем. Ѕидните се крем со ефект на бранови. Во кујна имам црн гранитен садопер и е зезнување на векот. Бигор има постојано, колку и да чистам. Мерки може да се земат откако ке залепат плочки и наместат паркет / ламинат. Ако си на 1-2 кат побргу, ако си на 5-6 ке е нешто подоцна.
Девојки ми треба совет во врска со избор на под, дали ќе може да ми пиши некој кој ги разбира материјалите? благодарам.
Која би била цената (отприлика) за изработка на дизајн на деловен простор од околу 300м2, layout, техничка спецификација на ѕидови, партиции и слично и 3Д рендер? Хелп! @AngelOfArh можеби ти знаеш?
Не би знаела со сигурност да ти кажам, ама кога прашував последен пат ми кажаа цена од 15е квадрат. Јас одамна не работам тоа.
Зависи што сакаш. Дали транспарентна, полутранспарентна или нетранспарентна. Јас би ставила нешто измеѓу, односно пола да е пролаз, многу практично е тоа, од влез стварите да ги однесеш во кујна одма, и останатото или полица некоја со коцки, како библиотека, па на неа си редиш што сакаш или ѕид, фиксно некое стакло со витраж пример, решетка како што се ставаат сега од дрво... Еве неколку слики, а ти не е лошо да ставиш слика од просторот.
@AngelOfArh Гарнитурата со ногарки шо ја споделив скоро е српско производство Матис Добри се или не Да ја земам?
Здраво, дали постои некое програмче кај што можам да си нацртам сама дома план за куќа? Би сакала идејата да си ја ставам на хартија, па архитект да ми ја среди професионално. Благодарам.