Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. Tasha masha

    Tasha masha Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    За изградба на куќа.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.627
    Допаѓања:
    109.025
    Пол:
    Женски
    Епа не оди тоа така. Ти треба проект од архитект, не ти да си нацрташ, треба да земеш извод од дуп прво, нумерички податоци, елаборати, па после идеен проект, па основен проект и да си платиш комуналии. Тој план што планираш да си го направиш може да не ти врши ич работа.
     
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.001
    Допаѓања:
    9.038
    Пол:
    Женски
    Па си рече дека архитект професионално ќе си плати, ама веројатно има право да си каже која и е желбата. Сепак своја куќа ќе си прави, да му долови што сака.
     
    На andromedae и Tasha masha им се допаѓа ова.
  4. Tasha masha

    Tasha masha Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh Да, баш како што вика jolene, немам време да се среќавам со архитект често, полесно ми е касно вечер да седнам и да нацртам. Комуналиите се платени, има дозвола за градба. Претходно имаше стара куќа, ја срушивме.
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.627
    Допаѓања:
    109.025
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, но не оди тоа така како што мислите сите. Своја куќа и ќе си правам како сакам. Особено сега колку се контролите затегнати.

    Сеедно, мора да пројде се низ општина. Не можеш да градиш како сакаш ти. Комуналии платени на стара куќа значи дека градиш истото што било претходно, не смееш да доградуваш и да надградуваш ништо повеќе. Или гради си дивоградба, ама после легализација ќе си платиш со казна 50% и ќе биде Ееее тие како платија по 1е.

    Јас не знам зошто барате совет и кога ќе ви се каже совет од стручно лице упорно елаборирате како да ви кажува забар за архитектура. Ако беше така немаше потреба од архитекти и сите ќе си ги правевте сами куќите.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tasha masha

    Tasha masha Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ама прашав веќе во општина, кажано ми е колку смеам, како смеам, колкав подрум, колкава висина, катови. Прашањето ми беше како најлесно да си ја нацртам идејата. Секако со крајниот проект од архитект пак ќе одам или има друг начин да им презентирам како би градела?
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.627
    Допаѓања:
    109.025
    Пол:
    Женски
    Ама не можеш ти да одиш, не знам како да ти објаснам, тоа го работам, во урбанизам работам. Ти цртај си, никој не ти брани, но тоа ти што сакаш и тоа што може не секогаш се поклапа.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tasha masha

    Tasha masha Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Не те разбирам искрено тогаш кој ми е првиот чекор? Еве пример претходната куќа била двокатна со основа 80м2, сега јас сакам исто двокатна со 100м2. Не може проектант да ми изработи проект, да однесам во општина, да доплатам комуналии и не знам што друго треба?
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.627
    Допаѓања:
    109.025
    Пол:
    Женски
    Не, прво одиш вадиш извод од дуп зошто, на место на маркица архитект ти проектира куќа, тој аплицира електронски и тоа се иде електронски. Доплаќаш комуналии. Е сеа, треба да се види дали може да градиш врз основ на З(како буква з не како бројка)59 член од законот, тоа зависи од тоа дали смееш на изграден објект или не, дали ќе надградуваш или не и така натаму. За тоа во урбанизам во општината каде што си ќе прашаш, не на шалтер, не во архива, во урбанизам.
     
    На Mumoftwo30 и Tasha masha им се допаѓа ова.
  10. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    2.782
    Пол:
    Женски
    Во право е членката. За да не тапкаш во место мора да ти ја почне и води постапката овластен архитект, особено кога не ви е струка и не ги разбирате работите најдобро. Ова што го прашуваш може и да може а може и да не може. Извади во општина Извод од Дуп за да видиш колкава ти е маркичката во градежната парцела, колку ти е основата и колку максимална дозволена висина/квадратура смееш да градиш. И после трк кај архитект дај му овластување нека си брка работа. За распоредот на објектот најмал проблем, ќе му објасниш. Постапката не е едноставна за да сметате дека може да си нацртате и тоа е тоа, има фази архитектура, водовод, статика, елаборати, евентуално дооформување на земјиште, за се тоа мора да стои нечив потпис и мора да исполнуваат истите документи стандарди по правилници што е најважно во постапката.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tasha masha

    Tasha masha Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Вака, јас не реков дека нема да ја водам процедурата како што треба. Архитект секако ќе договорам како што пишав. Малку сум изолирана од целата работа бидејќи сум презафатена, маж ми беше во урбанизам, му кажале колку смее да гради, му рекле кога ќе дојдеме со проектот дека ќе се прави реконструкција (не сфатив на што, претпоставувам тоа е промената на маркицата). Колку што сфатив следен е проектот така?
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.627
    Допаѓања:
    109.025
    Пол:
    Женски
    Не, реконструкција е на куќата, ама вие не може да правите реконструкција зошто како што спомна ја имате срушено куќата. Затоа ти реков да прашаш дали можеш да градиш врз основ на член З 59, мада мислам дека не можеш бидејќи објектот е срушен. Упорно ти кажувам, работам во урбанизам и знам како оди постапката, не сум забар па на памет да ти кажува, ќе треба прво елаборат за постојна состојба, па идеен и основен проект, фази електрика, статика, водовод, од комшии да потпишат и тн...
     
    На јolene и Tasha masha им се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.001
    Допаѓања:
    9.038
    Пол:
    Женски
    Чекај сега кога сме кај комшиите?
    Баш имам прашање едно.

    Гради комшијата куќа, на постоечка ќука дига нагоре спратови и се раширива со тераси и свашта. Веројатно тоа се ставаат потпорни стубови некако да држи таа конструкција, пошто старата куќа нема ни плоча сигурно.

    И сега дали за ова он мене требало да ме праша или не мора?

    Јас мислев еве смеам да градам куќа 10 на 10. И внатре распоред сама си велам вака сакам овде врата, ходник потесен, спална со поголем прозор итн итн итн. Тоа смеам да си имам желби, не дека сама ќе си цртам и одлучувам?
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.627
    Допаѓања:
    109.025
    Пол:
    Женски
    Ако гради врз основ на тој закон З 59 (з како буква не како бројка) не му треба од тебе согласност.

    А за внатре што и како нормално ти си кажуваш желби но архитект ти кажува дали може и е изводливо или не, ти може да сакаш 10х10 отворен простор, ама тоа не може така. Прозори кон комшии ако е помала оддалеченост не смееш да отвориш, на помалку од 3м.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    2.782
    Пол:
    Женски
    Да да те сватив што сакаш и дека ќе најдеш отпосле архитект само сакав да ти посочам дека е битно што пишува во Изводот од Дуп и битно е да се запазат нормативите и стандардите кои се пропишани со закон и во правилниците за градење кои ако не си во струка нема да ги знаеш. Ако сте срушиле и ќе градите различен објект од тој претходниот истата постапка е само што комуналиите ќе ви бидат признаени и ќе доплатите за разликата. Реконструкција е кога менувате кров нешто така, надградба и доградба исто има постапка тоа е на постоечки објект. Да не те бунам најдобро во општина пак отиди и запиши си убаво. Ако ти треба мислење пиши слободно.
     
    На Tasha masha му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Кита

    Кита Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    57
    Незнам дали прашањето е за овде.
    Реновираме вц па се мислам во делот околу стаклото на туш параванот дали рамката да ја направам црна вака IMG_1859.jpeg
    И дали да ставам затемнето стакло или обично…Се мислам околу одржавањето дали ќе се познава врз црната рамка повеќе бигорот…Моментално ми е со сребрана рамка и ја упропастив од пулирапид:|
    Се мислев и за чешмите тушот црни ама мислам дека се хорор за одржавање така да не.Евентуална само ова да е црно…Доколку некој има нека сподели искуство.
     
  17. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Ова е точно се што е пишано.
    Ние за надградба од 50 квадрати, архитектот црташе по наша желба па од општина не ни дозволија прозори на еден дел, па менувавме на друг ѕид и дури големината на прозорците ни беа наведени.
    Мора со овластен архитект да се соработува во согласност со процедурата во општина.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.627
    Допаѓања:
    109.025
    Пол:
    Женски
    Јас сега реновирав купатило, ги направив црни, црни чешми, само бел умивалник и бела шоља, на нив бигор најмалку се познава, стаклото е ризично, ама се решава лесно со гумица. Слободно да си земеш. За одржување ќе ти препорачам средствата од ДМ на база на оцет, малку смрдат ама топ се. Имам и сив под, со него го чистам, топ се.
     
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.001
    Допаѓања:
    9.038
    Пол:
    Женски
    Јас друго да прашам. Кој е хајпот со купатило без прозор?
    Моментално гледаме за купување стан и скоро па сите се без прозор?
    Дури и нови градби, за мене тотално не сфатливо оти не верувам дека било кој вентилатор толку добро ќе ја извлече пареата после капење.

    Колку е сигурно дека од купатило без прозор нема да се наполнат ѕидовите влага и евентуално да се појави мувла? И кој ќе гарантира дека цел систем е добро изведен и нема да се случи такво нешто? Како да препознаам, еве јас што не се разбирам, кога ќе одам да гледам стан, дека се ќе биде во ред?
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.627
    Допаѓања:
    109.025
    Пол:
    Женски
    Ако е во внатрешноста на станот, не може да има прозор нормално. Нема хајп, заштеда на простор е во прашање. Не им се губи простор на фасада за вц, тоа е. Од проектантска и економска гледа точка ова. Од практична, скроз непрактична и неиздржана.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.