Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    9.720
    Пол:
    Женски
    Со други зборови да барам со прозор нели? И колку ќе трае, ќе трае. Па макар и постар стан, да се реновира.

    А баш забележав, на нови градби, значи уште во изградба план, на надворешен ѕид, нема прозор.
    А цените лудило.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.113
    Допаѓања:
    111.027
    Пол:
    Женски
    Ако најдеш да, барај.
     
  3. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    3.094
    Пол:
    Женски
    Не сум видела во поновите згради ВЦ со прозор, ама еве проверено функционира добро и со вентилација. Е сега во старата зграда кај моите таму и израснавме има прозор и да ти кажам супер е со прозор, ама и вентилацијата завршува работа.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Кита

    Кита Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    57
    Опседната сум со хигиена затоа за чешмата шолјата и тушот не би сум ризикувала за црна боја зошто знам дека дење ноќе ќе ги чистам Ама сакам само рамката на туш параванот да ја напраам црна дали и на неа би се познавало мн бигор?
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.113
    Допаѓања:
    111.027
    Пол:
    Женски
    Ама бигорот не е нехигиена, едноставно водата ни е таква. Искрено на рамката не се познава баш баш, на стаклото се познава повеќе. А чешмата ако пазат дома сите, нема гајле. Ние и детето го научивме да внимава и да пребришува, купив еленска кожа и со неа бришам околу мијалник и чешма.
     
    На Кита му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    2.428
    Пол:
    Женски
    И ние во моменталниов стан немаме прозор, а супер си завршува работа и вентилацијата. И во станот што ќе го купуваме исто нема прозор така што мислам дека добро е и со вентилација, ние до сега сме немале проблем.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.441
    Допаѓања:
    190.771
    Цел живот овде, живеам во станови со купатило без прозор. Проблем со влага само во кујна сум имала, во купатило никогаш. Така што, не го разбирам проблемот.
    Јас секогаш бирам стан пред реновирање, никако нова зграда и да си го реновираш сам. Да го видиш во најлошо можно издание, да си го напраиш по свое, плус имаш гаранција по реконструкцијата. Е маткање, време и живци е, ама на готово шминкано не верувам.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Кита

    Кита Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    57
    Џабе објаснуваш на ненормален човек како мене :D:D Јасно ми е и реално и лочигно е така да ама јас сум опседната со лочки особено па сега во бременоста маж ми се плаши дома да влезе :D Имав диспанзер за сапун црн но од шо прска вода има како бели флекички и го тргнав :D:D:DАма штом не се познава рамката тоа ми е битно стаклото знам ќе го бришам после секое туширање.Од каде ја зеде еленската кожа?
     
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    9.720
    Пол:
    Женски
    Ќе се разведеме ако земеме да реновираме. А и мајстори кај да најдам, три години ќе трае Билко.
    Ние прв пат сега без прозор, не е мувла ама влажноста на соседната соба после бањање се покачув одма. Не е само тоа фактор и терасата над нас е. И зградата од пред 50 години што е. Ама и вентилацијата не е како што треба.
    Нит желба ни нерви имам да се оправам со газди. Сакаме на наше веќе да одиме.

    А за нови градби, некна бевме да видиме еден. Пред 4 год граден, дали и толку беше. Распукале ѕидови внатре, мувла се појавило од не добра изолација, фасада се распаѓа, железо рѓа фатило. Станот внатре за распоред и прозор бо купатило. Луксуз со се можно. Две бањи, подно, терасата огромна, високи прозори, електрични ролетни. Се вложиле луѓето над 800к сега гледаат само да го продадат. И вештаци и судови со изведувач. Страв да те фати.
    Над станот огромна тераса, прашање на време е кога ќе протече. Нова градба у дојчланд.
    Не дека сите се така, ама замислата да вложиме во нов отпадна.
     
    На bubemconia и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.441
    Допаѓања:
    190.771
    Ок, за нов стан се разбравме значи.
    Влага, мувла е повеќе фактор од надворешни влијание, надворешен ѕид /прозор а внатре топло и влажно. Ко што си приметила со терасата, ко што ми се појави во кујна мене.
    За реновирање не знам. Звучи ризично по брак, ама еве, ние преживеавме две:D. Не дај се Инес;)... Мислам има некоја техника на подготовка на ѕид во купатило, као импрегнација, не знам како точно се вика- се прска ѕидот да не прима влага. Па се чека да исуши нормално, па после се малтери, се лепат плочки.
    Исто битно- гледај да е станот на средина, да не се сите ѕидови од сите соби надворешни- сдк на пример во среден влез. Ваљда ме разбра.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.113
    Допаѓања:
    111.027
    Пол:
    Женски
    Ја земав од Електрометал, кај Сити мол. Ми стои на регистер и само пребришувам.
     
    На Кита му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    5.778
    ние купивме стар стан, сите шо ги гледавме беа без прозор и ретко е да најдеш стан со прозор, мислам не е до толку пресудно :D
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    17.711
    Не е за тука прашањето, ама не најдов слична тема.
    Ми треба идеја, што да ставам нешто во овј дел, што нема да зафаќа простор, просто да ги одделам ходникот и дневната?
    Дали такви преградни дрвени панели ќе завршат работа? Да ставам само неколку зашто сакам пак да биде отворено, ама да се знае до каде е ходник зашто одма после ми стои трпезариската маса и се што внесуваме дома право фрламе таму, и никогаш не ми е среден тој дел|(
    И овие дали се продаваат по парче, се изработуваат по мерка или како?
    Screenshot_2025-05-30-11-29-19-925_com.google.android.googlequicksearchbox.jpg Screenshot_2025-05-30-11-26-00-971_com.google.android.googlequicksearchbox.jpg

    IMG_20250530_111056.jpg
     
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.820
    Допаѓања:
    182.808
    Ако го затвориш ходникот како кафез ке биде а ке немаш место за да седнеш на столчето
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    5.778
    јас па го делам твоето мислење, имаш добра идеја, мене столар ми направи нешто слично за позади фрижидерот да не се гледа во дневната, да прашаш некој од нив и да не прават може знаат каде се продаваат
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    17.711
    Не сакам цел, само малку да речеме една третина, една плочка
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.820
    Допаѓања:
    182.808
    Tака може
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    598
    За кујна подобро е горните елементи да идат скорз до горе или да има луфта, а станот е повисок од стандардните.
    На кој начин ќе се отвори простор
     
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.924
    Допаѓања:
    23.878
    Станот си има во него вграден плакар, ама оставено е на дрво.
    Значи треба веројатно да се излакира или ако може да се обложи со медијапан. Плус да се стават полици кај што фалат (веројатно 4) и нови фиоки со шина.
    Дали може само вака да се доуреди (ако имате и препораки пишете) и колку би чинело
     
  20. NanaOfori

    NanaOfori Нов член

    Се зачлени на:
    7 август 2025
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Дечки здраво, ве молам за препорака за добар дизајнер за стан, по можност и изведба да прават. Исто дали некој имал искуство со In interior design или сo Interpal design ги најдов на инстаграм и ми се допаѓа како дизајнираат, но ми треба некоја препорака ако ги знае некој нив или пак некој што проектира и изведува?

    Фала многу