За мене едни од подобрите, го познавам лично еден од дечките, многу добар архитект, беше на размена мислам или пост дипломски на Баухаус, а тоа во нашата струка значи многу. Ич да не ги мислиш. Од сите колеги него би го препорачала без да размислам.
Им ја следам работата подолго време, немам познавања од архитектура ама проектите ми се ептен по вкус. Фала ти.
Не знам дали прашањето ми е во точна тема, преместете ако не е. Конкретно имам еден проблем околу влезната врата на купатилото. Штом влегуваш во домот, директно гледаш во вратата на купатилото, ходникот е долг. Не сакам да се гледа директно баш таа врата, но освен предлог завеса со реси, друго решение не знам. Што може да се изведе а да не биде прво видливо нешто вратата од тоалетот?
Не можам баш да разберам како изгледа тоа. Можеш да нацрташ? Патем, во голем дел од становите е така. Кај мене десно и лево има врата од купатило, со тоа што веднаш десно кога ке отвориш влезни врата, се гледа вратата од купатило. А во чело имам огледало. Вратата е иста како сите останати врати, па не ми пречи.
Моментално сум без лаптоп Вака некако е. Од влезна врата нели имам некоја декорација, чевларник, и неколку врати нели од дневна, спална, остава, но баш купатилската е на чело, како вторава слика да речам. Естетски ок изгледа, сите врати се исти, ама дека баш е купатилската ме нервира. Метафизички ми ја носи енергијата у недојдија да се изразам.
Каква завеса со реси не зезај, не сме во 95та година. Не знам колку е широк ходникот, евентуално некој параван сега што се прават со летвички на косо, не знам друг начин. Или ако имаш простор пред вратата да ставиш нешто. Најдобро би било да сликаш од влез како е да ти дадеме совет.
Искрено, не гледам проблем. Ако ставиш завеса, уште повеќе ке е воочливо и апла ке е знак дека е тоа веце.
По мерка е најдобро, ако земеш класичен мебел ќе имаш многу простор што нема да можеш за ништо да го искористиш и многу по лошо визуелно ќе изгледа. Спојлер: Примери
Да убаво изгледа, кај нас е проблем што на едната страна е многу низок ѕидот, буквално и спална да се стави ризик е за спиење таму. Не мислев дека ќе биде толку комплицирано...
Секое поткровје е приказна за себе.. Можете таму шкаф да ставите или полици за книги, ама зависи многу од димензиите.. Ако тој простор ти е за дневна и ако е премногу ниско немој креветот во ќош да го пикнеш, ќе удирате со глава.. Ако ти треба помош слободно пиши лп димензии ќе ти помогнем...