Форумџика на годината

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    5.517
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :hug:
     
  2. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    5.517
    Пол:
    Женски
    Здраво, би сакала да прашам за мислење.

    Имено климата кадешто ќе ни биде наместена, треба да имаме цел кабел малтене по дневната, и сакаме некако да го покриеме без да мораме да ја ставаме цевката во ѕид и да се буши и крши.

    Дали би било добро да се стави опшивка околу и како тоа би изгледало ако некој веќе правел такво нешто?

    Нешто налик на ова но секако поубаво.

    Screenshot 2025-10-21 at 16.13.28.png
     
  3. SeñorPink

    SeñorPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Машки
    Ако имаш каде да бушиш и кршиш, буши и крши.
    Исто за гредите, не ги прави нешто што не се, ако се бетонски, остај ги и искомбинирај ги како такви
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    17.822
    Во кујната имам еден функционален штек каде треба да ги вклучувам бактериската чешма, лед диоди и плус по потреба тостер/блендер. Го имам тој додаток со 3, но премногу грдо и несредно изгледа. Ми треба совет и идеја како да ги покријам кабелот и по можност целиот штек. Видов постојат некои како кутии,ама како би се извело тоа и каде може да најдам.
    Еве слика како изгледа, значи чешмата е од оли, а сијаличките од горе, па целиот тој дел некако би требало најверојатно да се прекрие image-1761573163292.jpg
     
  5. ma_ana

    ma_ana Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2025
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Што мислите за стан од 90м2 да биде исклучително со плочки под?
    И дали е добро да се постават во спални, детски и дневна соба без подно греење? Секакви споделени искуства се добредојдени.
     
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    6.639
    плочки без подно јас сите шо ги прашав ми рекоа не, па на крај си ставив ламинат, многу скапо ми искачаше
     
    На ma_ana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ma_ana

    ma_ana Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2025
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Od temu ima prikrivaci za kabli, jas imam za televizorot kupeno vaka izgleda na sivo. Isto taka imas razlicni vidovi so samolepliva plastika
     

    Прикачени фајлови:

    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    17.822
    Од пазар купив канал за кабелот, сега уште да најдам штекерот како да го прекријам
     
  9. ma_ana

    ma_ana Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2025
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Imas I box cover za pokrivanje na stekerot
     

    Прикачени фајлови:

    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    5.110
    Зошто не си ставиш надградно шуко на плочките, некој што се разбира во струја, ама мислам може да го ставиш, да не кршиш и копаш, а пак поуредно ќе личи. Во вертикала стави го и таман ќе дојде. Што и да ставиш да го покриеш раздвојников ќе биде преголемо. Или да пуштиш кабелче од постоечкиов штек и да ставиш едно вакво на долниот дел од висечките да не се гледа. [​IMG]
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gdidbs

    Gdidbs Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба совет, сакаме да ангажираме архитект за внатрешно уредување на нов стан. Најдовме неколку чии понуди ни се прифатливи, но имаме дилема како да одбереме дали според стилот кој го претставуваат на инстаграм или пак според начинот и процесот на работа (постојан/привремен надзор). Логично ми е дека треба да се приспособат на стилот кој ние го сакаме ама не знам..Имате ли некој совет искуство?
     
  12. Sanisan

    Sanisan Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Доброа вечеер
    Дали некој знае каде можам да одам да префарбам рамка од огледало и закачалка?
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.563
    Допаѓања:
    82.464
    Пол:
    Женски
    Зависи за каков материјал се работи, ама би требало да успееш и сама. Одбери си некоја од Crown боите, ги има во Тинтура (дуќанот е во уличките блиску до Песталоци, карши L'angolo кафичот). Може да се фарба и мебел со боиве, имаат некои такви линии. Пиши им на инста, ќе те упатат што да направиш во случајов.
     
    На Sanisan му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sanisan

    Sanisan Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
  15. anata

    anata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    42
    Може предлог за архитекти?
     
  16. Zaha

    Zaha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2021
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Дали некој знае некој што држи часови за софтвери, поконкретно за sketch up нешто да ми помогне ми треба некој?
     
  17. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    6.230
    Пол:
    Женски
    Не знам личност што држи часови, но јас научив 3dsMax на Udemy. Има голем избор на квалитетни курсеви за многу мала цена.

    Ако не најдеш, ова ти е супер алтернатива.
     
    На Zaha му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    5.967
    Прашањава се повеќе за во темата завеси, ама истовремено е и за уредување, а и оваа тема можеби е поактивна, па ќе пишам тука.

    Живеам во двособен стан, една соба отворен концепт, другата спална соба. Ориентацијата е североисток, што значи генерално не добивам премногу светлина во собите; особено кај собата отворен концепт - кујната што е на спротивна страна од прозорците слабо се осветлува дури и преку ден. Пред мене има слободен видик, па не се грижам толку за приватност.

    Ќе почнам прво за спалната. Треба некако да го решам затемнувањето, ама не сум сигурна како да постапам. Зебри и такви како ролни не сакам, плисе гледам и тоа постои blackout, ама не знам колку е лесно за одржување. Наместо да пишувам реферати и да се објаснувам што е и како е, еве скица (димензиите се во цм):

    IMG_20260206_164821_edit_6658571233754279.jpg

    Значи, вратата и прозорецот се веднаш под гредата, има буквално само 5 цм (од самата рамка на вратата/прозорецот) меѓу гредата и самата врата. Гредата прилично штрчи напред (40 цм), па не можам баш да ставам завеси пред неа, мора да се под неа. Е сега, желба ми е да има некаква тенка завеса секако, затоа што голи ми се вратата и прозорецот така.

    Прашањето е дали (имам услови) да одам со blackout драперија, или сепак пожелно е со ролетни? Ролетни знам дека се најдобриот избор за затемнување, ама не сакав затоа што ми се тешки за чистење, иако можеби е полесно со парочистач..? Од друга страна, знам дека и драпериите фаќаат прашина, ама си велам може полесни се за одржување, ги ставаш само во машина и.. толку? Или сепак ќе треба да се малтретирам со пеглање.. Од трета страна, некако без врска ми изгледа подолга драперија за вратата и пократка за прозорецот, пошто не можам и таму долга завеса, имам шкафче.. Од четврта страна, ако ставам само обична завеса, можам да ставам S фалта, што зафаќа малку место горе, додека ако одам дополнително со драперија, треба да изберам некоја друга фалта, и пошто е толку мал просторот горе меѓу гредата и вратата, не знам како ќе испадне при отворање, дали ќе биде згодно со фалтата..

    Во однос на другата соба, што е дневна/трпезарија/кујна, таму е ваква ситуацијата (ќошот горе лево е греда):

    IMG_20260206_164829_edit_6658534205195951.jpg

    Исто како во спалната, во најмала рака би ставила само завеса, некоја полесна и попроѕирна (со S-фалта), до подот, ама да не се влечка. Ако има пак драперии, не може S-фалта.

    Знам дека драперии би стоеле убаво, ама дали мислите дека уште толку ќе ми се затемни просторот? Како што гледате, лево и десно од прозорците нема место за да стојат драпериите, или поточно, лево скоро и да нема место, што значи дека веројатно делумно би ми го покривале прозорецот. Треба да ги настегам скроз на крај за да не е така, и во тој случај, ми немаат поента драпериите, ќе изгледаат само како 2 тенки линии боја околу прозорецот. Не знам да дефинирам, ама има некоја пропорција на ширина на драпери и ширина на обичната завеса што ми се допаѓа; не сакам кога просторот меѓу левата и десната драпера е преголем. Веројатно затемнувањето може да се намали ако драпериите се врзани, ама не знам, некаде кога ќе видам ми изгледа ок, некаде старомодно..

    Од друга страна, тука одма имам и балконска врата, што исто не ми доаѓа да ја оставам само така. Да не изгледа па глупаво драперии кај прозорците, и само обична завеса кај неа? Исто, лево планирам да ставам биро, свртено кон левиот ѕид. Да не нема тогаш поента да се замарам со драперии, ако технички дел од нив ќе се скрие? Не планирам некое претешко, гломазно биро, ама сепак. Зависи и што ќе ми се допадне.

    Генерално, и во двата случаи, многу ми е важно нештото не само дали го личи, туку и лесно да се одржува, а не само да ти се отвори многу повеќе работа...

    Кога сме веќе тука, дали имате препорака и за продавница за завеси, како и материјал? Во продавнициве што прашав, ми викаат ленените или бамбусовите завеси биле најлесни за одржување, т.е. не се гужвале, односно не се познавало толку..

    Отворена сум за кои било препораки, мислења итн :)
     
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.725
    Допаѓања:
    188.852
    Стави си или зебра или ролетни
    Се друго е комплицирано за тој простор
     
    На Mr.Limonko и pdb123 им се допаѓа ова.
  20. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    3.493
    Пол:
    Машки
    Според мене најдобро е зебра..
    Се одржува со бришење со крпа..
    Со нив на овој дел внимавај може ѕидот да смета ако не ти се рамни со ѕидот и нема да се отвара убаво прозорецот.
    Screenshot_20260206_200816.jpg
    Друго решени е плисе, не фаќаат многу прашина, ама не сум сигурен како се одржуваат.

    Во спалната не би завеса поради фиоките што ќе биде долга едната другата кратка.

    Драпери се перат во машина и мокри се закачуваат и така не мораш да ги пеглаш сами ќе се исправат.. Драперите ќе ти прават доста сенка.

    Ролетни не би ставил никогаш јас, прават и сенка и се расипува механизмот и тешки се за чистење, од надвор најмногу прашина има и треба да ги бришеш душата да ти излезе (особено бели) иако најтемно ќе ти е за спиење.

    За зебрата а исто мислам и за плисето е лошо ако се пуши внатре или ако готвиш а немаш аспиратор (така се викаше?:wasntme:) впиваат доста и може често ќе треба да ги бришеш и по тешко ќе е за бришење...
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.