Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    131
    Ве молам за совет. Се работи за купатило и тоа гланц ново. Има залепено само плочки и тоа првокласни шпански. Арно ама после кратко време испадна дека можеби и не се првокласни како што ги декларира увозникот, т.е. се појавија флеки. Ги рекламиравме и фирмата ги прифаќа сите трошоци. Да напоменам дека за среќа нема внатре сеуште никакви санитарии освен параван во бањата кој е правен по нарачка. Сакам да ми кажете која е подобра варијанта(и зошто) да се кршат или да се прелепат плочките? Заборавив да напоменам дека се работи само за подните плочки, поздрав
     
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.387
    Допаѓања:
    126.545
    Каква клуб масичка би одговарала ако трпезариската маса е слична на оваа,а се наоѓаат во иста просторија,дали би било подобро таа да биде од ист материјал и боја и какви комбинации би одговарале???
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC_0245.JPG
      DSC_0245.JPG
      Големина на фајлот:
      296,4 KB
      Прегледи:
      534
  3. loola23

    loola23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    30
    здраво архитектки, најпрвин да ви се заблагодарам за темата, навистина е многу корисна и од голема помош за сите што сакаат да уредуваат станови и куќи и од толку многу голем избор на форми и бои се целосно збркани (како мене) ;) јас конкретно имам прашање во врска со дневната соба која во мојот случај ќе биде споена со кујна и трпезарија со сводест премин. основните тонови би сакала да бидат кремасто кафени, за ѕидовите планирам капучино боја на три страни и еден ѕид во потемно кафена нијанса. е сега, ако може да ме посоветувате со кои посветли бои да ги искомбинирам овие тонови...јас размислував за зелена и портокалова, меѓутоа не сум сигурна во кои нијанси да ги одберам овие бои и како би ги искомбинирала
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.492
    Допаѓања:
    42.680
    Пол:
    Женски
    ^ Со зелена би било совршено.Најдобро некоја згасната зелена.Немој да ги мешаш трите бои, кафева,зелена и портокалова зошто нема да биде добро.Јас не би ти препорачала со портокалова иако јас ја обожавам како боја, затоа што малку е нападна.Но доколку сакаш можеш да ја ставиш на пренички, теписон, завеси, некои ситни елементи, некој украс и сл.Зелената може да ја искористиш и за тапацир на столови, некоја табуретка и сл. и сепак да делува смирувачки.Мене зелената ми е одличен избор за дневен престој.Исто така со овие бои супер изгледа и темно виолетова.
    Еве ти неколку слики со тие комбинации па може ќе најдеш нешто што ти се допаѓа.
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]

    Ако нешто друго те интересира пиши.Се надевам ти помогнав малку.
     
    На chache87 и loola23 им се допаѓа ова.
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Имам прашувано за ова ама никако да се решам, па сега сум на нова мисла.
    Горните плочки во кујната сакав да ги покријам со еден мазен мстеријал ( не ми текнува како се викаше), ама ми рековте дека е зезнато за одржување, па сега најмногу сум за ставање огледало.
    Прашањето ми е дали огледалото може да се залепи врз плочките и како му се движи цената?
     
  6. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Здраво, јас имам едно прашање за тука се надевам дека ќе ми помогнете. Имам сериозен проблем со изолација од спалната кон соседниот стан и слушам буквално се од спалната на соседите! Имам комшија од 30 и нешто години кој носи дома девојку речиси секој ден и буквално ми се има згадено животот, ако ме разбирате... Значи, ми треба добра изолација на тој ѕид, и а на интернет се изначитав премногу што е добро а што не, читав дека може со стиропор, камена или стаклена волна (наводно тоа не е здраво)... Ве молам за совет, ако некоја има слично искуство споделете...
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.219
    Допаѓања:
    102.443
    Пол:
    Женски
    Зезнато, јас би идела на беж варијанта, можеш и венге да уклопиш. ама внимавај многу, се разбира доле темни, горе светли ;)
    Каја мислам дека и едното и другото исто ти се фаќа, иста мака ќе видиш, а кога веќе ти се нуди фирмата за трошоци комплетно нови на ново нека направи се, они и параванот ќе си го демонтираат и ќе си го монтираат повторно ;)
    Огледалото ќе си го купиш на квадрат, во согласност со тоа колку чини квадратот огледало толку и ќе ти излезе, не сум сигурна колку чинеше. Инаку може да се залепи, стакларите си имаат начин, може и да го заштртафат, а може и да се залепи, не се сеќирај ;)
    Стиропорот ти е најдобар изолатор, мој совет иди со стиропор и асфалтна трака по краевите. Моја пријателка направи нешто слично ама мислам дека многу чаре не видоа, затоа и ти предлагам стиропор, ако имаш за фрлање пари најди си фирма они имаат специјални асфалтни премази, гуми и материјали, ќе ти помогнат многу ;)
     
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Dobra kritika ne e na odmet :)
    Hodnikot na crtezot e izveden na prostorot nad vleznite skali, 7-8 skali preku koi se kacuvam do terasata. Ke se napravi polnetica i ploca za da dobieme prostor.
    Malata vrata kaj WC-to ne e po greska. Na najgolemata visina na skalite koi vodat kon suterenot ke napravime prolaz od spalna kon WC, za da ne se vrti krug. Plocata/podot ke bide na profili.
    Ne mi se nacrtani skalite koi ke treba da se napravat do vleznata vrata. Zamislata mi e da bidat skali odmoraliste skali.

    црвените линии се сегашната ситуација, тоа од десната страна како прешкртан ѕид ...сдк дека сега во моментов таму не постои ѕид :)
     

    Прикачени фајлови:

  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.219
    Допаѓања:
    102.443
    Пол:
    Женски
    Да нема недоразбирања, со Сањаева се разбравме во ЛП, едонставно премногу ќе беше да се објаснуваме овде, ама на крај се разбравме. Досега бевме малку неактивни, Басче ни лула бебе па ќе ја одмориме малку, ама јас сум овде, почесто ќе ве пратам ;)
     
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    29.027
    Пол:
    Женски
    И јас со многу штур цртеж, ама ај.. Што би предложиле, како да разместиме?

    Сега е вака:


    Јас викам вака ама не сум сигурна за димензиите, ќе измерам па ќе пишам:

    Архитектки, имате некоја друга идеја, или? :worried:
     

    Прикачени фајлови:

    • soba.jpg
      soba.jpg
      Големина на фајлот:
      62 KB
      Прегледи:
      453
    • soba 2.jpg
      soba 2.jpg
      Големина на фајлот:
      57,9 KB
      Прегледи:
      454
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.219
    Допаѓања:
    102.443
    Пол:
    Женски
    Најдобро би било да измериш убаво и да ни пишеш пак, не за друго нема да знаеме дали вратата се отвара од тоа биро кое си го сместила таму, дали имаш место меѓу двата кревета нешто да сместиш, многу прашања се отвараат, затоа измери ги димензиите убаво и на постоечкиот цртеж напиши ги за да може да видеме што и како може да се смести. Инаку јас би одела нешто вака како на мојов цртеж, со цел да си го одвоиш работниот простор од просторот за спиење а и ако ти дојдат другарки ке можеш да си ги сместиш, ќе имаш повеќе комоција вака, нормално ако има место.

    Се извинувам на цртежот за 3 минути толку можев, на работа сум ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • soba 2-а.jpg
      soba 2-а.jpg
      Големина на фајлот:
      59,4 KB
      Прегледи:
      503
  12. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    955
    Pocituvani, mi treba sovet okolu ureduvanje na dnevna, potecno boi na zidovite. Imeno, vo stanot dnevnata i trpezarijata se zaedno, kujnata e oddelena so vrata i e nezavisna, garniturata (trosed, dvosed i taburetka) e temno kafeava, trpezariskata masa i klub masata se cresa, stolicite cresa so svetlo krem, a vratite na stanot (vo dnevnata ima 2 vrati edna od hodnik za vleguvanje vo dnevna i edna od dnevna za vleguvanje vo kujna) se cresa boja, epten slicna na trpezariskata masa i klub masata. Prostorot e kako pravoagolnik, samo sto edniot del e dnevnata, a drugata polovina od pravoagolnikot e terasa i trpezarija, ne znam kolku ubavo objasniv :) E sega dilemata mi e kako da gi izboime zidovite, nesto posvetlo da ne se zatvori prostorot i eventualno eden potemen zid i tapet ne znam, nemam ideja. Parketot e hrast. Isto ne znam kolku e pametno da stavam peskareno staklo vrz klub masata i trpezariskata masa, malku ke se osvetli prostorot so toa ili gresam? Komoda na koja ke stoi televizorot isto nemame, delot kade sto e predviden televizorot e relativno mal i nemam ideja ni tuka kako da ja napravime... I uste nesto, bidejki za zal imam mnogu loso iskustvo so krecenjeto, potocno so kvalitetot na polikolorot koj ednas rekordno brzo mi izblede, a naredniot pat se poznavase razlikata cetka - valjak (majstorot me ubeduvase ne bilo do nego nego ne cinel polikolorot koj on ni go preporaca, ama ajde toa e veke dr tema, i ne bil homogeno izmesan) ve molam za prpeoraka - koj polikolor da zememe. I uste edno prasanje, dali e mozebi podobro da se kreci so akrilni boi il ine(majstorot rece demek go gusele zidot, ne mu davale da disi i se koristele samo za mnogu intenzivni boi koi ne moze da se dobijat so polikolor). Fala odnapred!
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.219
    Допаѓања:
    102.443
    Пол:
    Женски
    Здраво, прво многу убаво објасни и си кажа што сакаш. Ако веќе имаш мебел со потемни бои и цреша врати мој совет е да одиш со светли бои, крем, шампањ, капучино, лешни а во согласност со желбите за бои еден ѕид направи го во една контрасна боја, можеш дури и вишна да го направиш, или тапет. Стакло врз масите си е твој избор, многу во отварањето на просторот нема да изигра улога ама ентериерно интересно ќе изгледа. Во врска со изборот на бои, секогаш одете со поликолор во боја кој компјутерски ќе биде изработен, ви ги препорачувам во Бриколаж навистина имаат убави бои и квалитет. Акрилот не е за ентерер, тој има и појак мирис и не се користи многу за внатрешни ѕидови, повеќе за фасадни ѕидови. Јас би одела со лешник со вишна на некој ѕид кај што немаш врата за да не ти се претопи вратата и дополнително би одела со некаква светла обработка на ѕидот, тапет или слично.
     
  14. Nolitatu

    Nolitatu Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    46
    Не се согласувам со кажаното за стиропорот. Тој е можеби најдобар топлотен изолатор,но заради структурата на самиот материјал.Затворената порозност го овозможува тоа. Додека за добра звучна изолација се препорачуваат материјали со отворена порозност,односно минерална волна, да не навлегувам во детали на градежна физика...
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.219
    Допаѓања:
    102.443
    Пол:
    Женски
    Нолитату, слободно навлагај, јас не сум многу упатена во градежната физика, не сум запознаена со материјалите, но ти ако знаеш слободно сподели со нас, се разбира на јазик разбирлив за луѓето кои не се запознати со градежните терминологии.
     
  16. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Здраво! Во план сме да направиме одредено реновирање дома, па многу се радувам што ја има темава, еве каде се ќе си прашувам! :clap:

    Во моментов собата каде што ни е трпезариската маса и дневната соба ни се разделени со оние старите армоника врати. Таа врата сакаме да ја смениме со некаков вид модерна, лизгачка врата. Ве молам дајте ми предлог за врата (линкови, слики, фирми каде се продаваат и сл.).
    Нашата идеја е да не биде проѕирна вратата (кога вратата ќе биде затворена, ништо да не се гледа) и да може скроз да се отвора вратата, за кога имаме гости да можеме да ја пуштиме трпезариската маса (масата да може да навлезе и во дневната соба). Се надевам ме разбравте! :^)
    ОГРОМНО ФАЛА однапред!!!
     
  17. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    Во домот каде што ќе се вселиме, ѕидните плочки во кујната се стари и не се лепени онака како што се лепат сега со крвчиња измеѓу нив (една бега по налево, друга нагоре,не се рамномерни).Сега немаме доволно финансии да ги менуваме горните (долните се во добра состојба), па ме интересира дали би изгледало убаво да нарачам од овие лепенкиве што се и да налепам по должината одприлика 2м ?
    http://www.aliexpress.com/item/Dandelio ... 68182.html
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.219
    Допаѓања:
    102.443
    Пол:
    Женски
    Доколку сакате по секоја цена да ја оставите вратата јас би размислувала за врата која пред се ќе ми биде украс, затоа што тие армоника врати на времето и за тоа служеле. Е сеа јас би играла со врата од дрво и исполна од стакло со фолија која ќе направи да не се гледа од едната во другата просторија.
    Кога мислам на исполна мислам на вакви мотиви, нормално во стилот во кој ви е ентериерот.
    [​IMG]
    Кога мислам на дрвена мислам на нешто вакво, значи дрво со стакло, не толку масивно и нападно, поедноставно и полесно, но за ваков вид на преграда, кој ќе биде еден вид ѕид.
    [​IMG]
    Отварањето би било во овој стил, пак како армоника но многу помодерен изглед. Исто така вратите би биле помали, овие се некаде профил по 70-80 см, кај вас би биле по 40-50см.
    [​IMG]
    Многу е тешко да размислуваш без фотографија но ете ќе се обидам да сфатам бидејќи неодамна и ние вадевме едни слични плочки кај баба ми. Можеш да залепиш стикер меѓутоа не ти ветувам како ќе излезе, бидејќи не знам дали се рамни плочките, на пример кај баба ми имаше некои испакнатини и моравме да ги вадиме. Барај водоотпорни стикери и залепи ги врз плочките, во секој случај подобро ќе изгледа од досегашната ситуација.
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Ме интересира твоето мислење AngelofArh како архитект.Што мислиш за онаа емисијата Ајде дома и воопшто ја водителката на емисијата?Нејзиниот начин на работа,стручноста...
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.219
    Допаѓања:
    102.443
    Пол:
    Женски
    Искрено мене ми се допаѓаше концептот, не ми се допаѓаше само начинот на кој водителката ја водеше емисијата, тоа додуша не ни беше водителка, туку архитектка која водеше. Искрено јас мислам дека секоја професија си има своја тежина, па така архитект не може да биде водител ни водител архитект ако нема за тоа некаква стручна спрема. Сега ја следам на Алфа Радна Акција, многу подобро го прави тоа водителката, ама она е водителка и тук, таму се вклопува во некои лесни градежни активности, има огромна разлика. Се разбира разликата меѓу оваа и таа емисија е огромна, се работи за различен концепт, ама мислам дека многу е битно тоа. Јас лично би сакала да работам на некој таков сличен проект и мислам дека би се снашла, стилски сум многу блиска до Ајде дома ;)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.