Мене по сликава најпрактично би ми било да се позади фурната, со 2-3 штрафа се вади нанапред и позади ставете ги сите 3-4. Или стави ги под чешмата ако ти е блиску и стигаат, таму веројатно секако ќе имаш струја за бојлер, иако мислам дека фрижидерот и микрото нема да стигнат. И размисли дали вертикалата со машината, фурната и микрото да ја направите исто длабока колку фрижидерот, ќе има подобра вентилација фурната позади, не треба да е залепена, проверете ги препораките за монтажа на електричните уреди во упатствата. За не дај боже да треба нешто да исклучиш, ќе гасиш осигурач од табла.
Да прашам, дали може уствари дали е изводливо и практично, да не се стават плочки на под во кујна? Да има таркет исто како во дневна.
Ставаат, и мене убаво ми изгледа. Ризикот ти е од поплава, и таркетот работи, можда не како паркетот, ама се крева мислам и тој.
Здраво, станот што го купивме е од отворен концепт( влезна врата право салон, лево дневна, трпезарија и кујна, десно две спални. Е сега малце заглавив за уредување на дневната немам никаква идеја што би можело да се изведи пошто ѕид има еден за телевизорот со пуштен кабел и еден кај џамо за гарнитура. Е сега проблемот ми е што ако се стави гарнитура аголна едната страна ќе е кај џамот а другата ќе нема ѕид зад нес што мене лично ми изгледа многу глупаво и така имам гледано само по тикток во странство негде. Имавме една опција да ставиме како дрвени прегради меѓу салонот и дневната и пред нив комода со телевизор само што проблемот се каблите ( с така таман е гарнитурата), исто ми се бендиса и лизгачка стаклена врата како преграда од салонот ама пак телевизорот проблем. Еве слики од пример скица, и преградите. Би била благодарна доколку некој ми даде идеја, мислење или решение.
Сакаш да го поделиш просторот за да добиеш сепарирана дневна од влез или сакаш само да го реорганизираш седечкиот дел? Искрено, вака како што е поставена гарнитурата на скицата, воопшто ми нема смисла. Не ми е јасно што сакал да каже авторот со седиштето залепено до комодата, ама тоа е. Ако сакаш аголна, ќе мора поинаку да се сврти. Јас не знам дали овде би одела со аголна гарнитура, размисли за тросед паралелно со ТВ комодата, значи карши неа да се постави, а од двете страни одоколу по една фотелја. Така ќе се направи некоја визуелна поделба на просторот, а ти ако сакаш можеш дополнително зад троседот да си ставиш стаклени прегради или дрвена преграда, па нема да имаш чувство дека зад гарнитурата нема ѕид.
Сакам ем да поделам сепарирана дневна ем некој логичен седечки дел да имам. А зад троседо да ставам преграда не можам пошто имам балкунска врата. Стварно не знам кое би било решението
Гледам дека има прозор и балконска врата и затоа не ми е јасно на какво дополнително одделување на дневната мислиш. Дневната веќе ти е одделена од влезниот ходник со преградниот ѕид, така што за да ги доодделиш кујната и дневната, ќе мораш да го изведеш тоа само со визуелни зонирања на просторот. На пример, едниот начин би бил - ставаш многу голем тепих што ќе ги опфати и троседот и фотелјите и си ја решаваш главоболката. Не мислев инаку на класична преграда од ѕид до ѕид и не буквално да се залепи зад тросед, туку нешто другачие за постилски да се "оддели" трпезарискиот дел. Значи кај што сега ти е нацртан елементот, парцијално да се појави нешто осмислено како слим многу нежна транспарентна преграда. Да не биде многу долга (до 80цм мах), ама да биде од под до плафон за да изгледа повеќе ко просторна инсталација. Така исто ќе добиеш илузија на малку поодделена дневна.
Eдини проблем е гарнитурата т.е просторот за гарнитура Тука најмногу би одговарало нешто во форма П ама со кратки страни Вака нешто
Мене па убаво ми изгледа грбот од гарнитурава да е према трпезаријата, само дали ти е оваа гарнитура погодена види уште еднаш. Ти се мислиш за десниот ѕид (по сликава има ѕид), накај влезната врата? Може и таму, пуштете струја што е проблем. И кабел да пуштиш стави маска, се решава, не е најсјајно ама изводливо. Вратата лизгача зошто да ти смета? Нека лизга на другата страна не накај тв или во хидникот нека стои. Има и такви во ѕид што влегуваат и не се гледаат ама пак ќе треба корекција на ѕид.
Даа единствениот проблем ми е само грбот на гарнитурата, пошто никаде не сум видела кај што сум била слободен грб без ништо зад него, но ете баш мислам дека ова ќе биди интересно решение, па на другиот ѕид кон влезната врата ќе си ставам лизгачка врата како преграда.