Средно стручно училиште Веќе помина првото полугодие од осмо а јас сеуште поима немам каде во средно... малку помош за средните учичлишта во Македонија? немам никакви посебни желби, освен што не сакам гимназија и медицина... какви струки има? кои мислите дека се најдобар избор за мене? инаку ќе имам околу 72 поена.
Избор за тебе не можеме ние да ти кажеме, туку само опции. Имаш средно економско и правно училиште, средноветеринарно училиште, музичко, средно училиште за физичка култура, средно уметничко, средно училиште (за козметичарка, фризерка и сл) кај нас во Скопје се вика Димитар Влахов". Во главно тоа ти е изборот, заедно со тие што ги наброја ти, па види што те влече најмногу.
Леле ај некој нека помогне....Од една стр сакам нешто медицина или хемија.Најмногу за општ лекар ама за тоа треба да одам во Штип,Битола или Скопје.Мајка ми некако не е баш за оти сум била мала,па не и се пуштало само двојче...А ако останам во родниот крај треба да одам општа па после 3 и 4 хемија и биологија...А тука ми се и курсовите а и гитарата ќе треба да ја оствам....Да не има у Велес за општ лекар...? Или воопшто да не знае некој шо смерови има поврзано со тоа?
Да прашам јас колку години се учи за автомеханичар? И што предмети се изучуваат,ако има некаде да се види? Овој мој брат ништо не го интересира,па мора јас да барам
3г се учи за автомеханичар ,во ск има школо http://mk.wikipedia.org/wiki/АСУЦ_„Боро_Петрушевски“_-_Скопје
Средно нема за лекар . Лекар може да станеш откако ќе завршиш факултет Медицина, па после да специјализираш тоа. Можеш да се запишеш гимназија, па после тоа да си бираш на кој факултет сакаш-хемија, медицина, биохемија итн.
Мислев да не е нешто како смер или посебно(на пр фармација,физиотерапевт или лаборант)....oпшта медецина(тука така го викаат )..Денеска разбрав и дека имало во Прилеп и било доста добро.
Колку поени треба да имаш за да се запишеш средно медицинско? Конкретно за медицинска сестра? Јас сум осмо сега, и но лани поминав со 4ка (имав околу 5-6 четворки) Другите години сум со скоро сите 5ки....
за медицинско ти требаат 70 поени. Би требало да те примат. Е сега бараат и оцени од Биологија и незнам уште кој предмет, но пресметај си ги поените па ќе видиш. поздрав
Како оцени по биологија? Да имаш 5ки биологија треба? Инаку би требало да имам околу 90-95 поени ако сум одлична до крајот на годинава(како што тргнало, мислам дека ќе бидам )
како тоа 90 сигурно ли ги пресмета како што треба? јас во петто и шесто бев одлична ( во петто со 3 четворки, а во шесто со 1 четворка), додека во седмо имав мешани ( т.е. мн. добра). сега пак ми се мешани, но на крај би требало да имам 70-72. ако сакаш пиши ми л.п. да ти објаснам како се пресметуваат поените.
За запишување во средно максималниот број на поени е 75 ако си 5.00 сите 4 години. Плус во пресметувањето за средно медицина се рачунаат оценките по биологија и хемија бидејќи се најважни од основното за таа струка. Инаку Лајтинг ти чим имаш 4 четворки од 5то и 6то плус мн. добра си била во 7мо и сега ти се мешани- не можепш да имаш толку поени. Јас имав 73 поени со вкупно 4 четворки од петто до осмо (2 во петто, 2 во седмо) кога се запишував медицина ама биологија и хемија ми беа 5ки и затоа имав поголем просек. Тие што беа со под 70 поени на прв уписен рок не ги примаа, туку на втор ги примаа ако имаше место и тоа на смеровите за лаборанти пошто се најслаби. Другите смерови посебно сестра се поплнува уште на 1 уписен рок со мн јака конкуренција.
Дечки,има некое средно училиште во скопје за Туристички водич освен „Лазар Танев“ Спојлер не прашувам за мене
Дали некој од средно стручно прва година (најверојатно градежно, илу емуц можеби) ја има книгата Техничко цртање од 2004 година,ми треба да ја фотокопирам од некаде...па ако може нека ми пише пп или тука фала најмногу