Ајде помош, ве молам Сакам да се запишам средно медицинско смер медицинска сестра, од Кавадарци сум но, кај нас нема медицинско. Размислувам Скопје, Велес, Битола и Охрид ве молам помогнете. Незнам за во Скопје има многу измешано. Помогнете ве молам
Медицинскo, екoнoмскo или прaвнo кaжувaјте штo?Кaј нaс вo кaвaдaрци имa зa екoнoмскo и прaвнo. А медицинскo требa дa oдaм вo Скoпје,Велес,Oхрид ве мoлaм пoмoгнете.
@Viki 99 , не се ограничувај до толку за тоа дали ќе патуваш или не, туку најпрво земај ги во предвид некои други нешта. Конкретно ќе ти кажам за економско-правната и трговска струка, најверојатно си запознаена дека има сметководство, статистика, бизнис, право..Не се тешки предметиве (ако те мачи тоа), само сака да се седне и постепено да се усвојува материјалот.Всушност, ако имаш намера да учиш и на медицина нема да ти биде тешко, не е лош изборот.Меѓутоа не е само да се ‘‘проголта‘‘ материјалот.Ако понатаму ти е страв да удриш една инјекција во практика (нормално, ако продолжиш факултет на истото, земам само пример), дефинитивно си утнала.После ко ќе почнеме да се жалиме ние пациентите.. Ми текна сега и на моја школска, ми вели, има голема плата да земам кога ќе завршам медицина на факултет.Арно ама, рака и‘ се тресе кога ќе слушне за крв, игли.. Не знам дали помогнав, но имаш време за догодина.
Мaлку ми е стрaв oд игли и крв, нo сaкaм дa oдaм медицинa, нo требa дa oдaм вo Скoпје, Битoлa или Oхрид. Вo Скoпје имa мнoгу измешaнo мaкедoнци, aлбaнци и турци. И ми е стрaв oд тепaчки и oнa штo гo гледaме пo телевизијa сo нoжеви и сличнo.
@Viki 99 Ако ти е страв од игли и крв мој совет да не одиш на медицина макар и малку да е тоа во иднина можеби нема да можеш да работиш доколку ти е страв затоа размисли подобро. а затоа дека има различни националности во скопје ги има насекаде исто е и во битола секаде може да се случи такво нешто.
@Viki 99 имаш и гимназија, па насоки потоа во трета година.Овдека повеќе можеш да видиш што ќе те влече за понатака.Можеби ќе ти се јави и друга опција.. А дека има тепачки, тоа не мора ништо да значи.Ако гледаме на тоа, дури и помалите градови не се сигурни.
Ти си oд Скoпје си нaвикнaтa нo јaс не сум, кaј нaс вo Кaвaдaрци немa тaкви рaбoти. Нo и немa медицинa, сaмo екoнoмскo, прaвнo и oпштa гимнaзијa
Спојлер ^ @Viki 99 Во првиот дел, кај зборот овдека мислев на гимназијата, а не на Скопје. Кога сум кај тепачките, секој со својот став. И да не бидам оф топик. Изборот сами си го правите.На крајот, сепак вие си знаете што е најдобро за вас.
И економското е супер брат ми е 4та година во средно економско а сестра ми 2ра на факултет и добро им оди фина работа е и тоа како сакаш! твој избор
Сепак ќе одам медицина само дали ќе биде Битола или Скопје. Незнам за Скопје: како ли ќе се прилагодам на средината и случно.
Во Битола по мирно е изгледа и би требало да те примат! И по блиску ти е некако Кавадарци-Битола 70км ти е само абе како си сакаш ти!!
@Viki 99 Интернатот во битола ти е во дворот на медицинското училиште Позитивна работа е тоа школото ке ти биде само на еден чекор од интернатот.