Ме интересира колку студентите кои не се од Скопје, а студиират таму, се враќаат дома? Секој викенд, за празници или пак.. Јас сум сега прва година и сум од Охрид ама никако да најдам погоден шаблон и поредовно да се враќам, па ако може некој совет. Фала ви!
Јас три години студирам и престојувам во Скопје и обично се враќам дома секој втор викенд. Некогаш и почесто, но мислам дека немам останато повеќе од две недели. Кога бев прва година можеби имам останато три недели но не сум сигурна.
Многу ретко ,само за распуст и празници. Факултетот и обврските не ми го дозволуват тоа.Жалам што другарките немаат разбирање за мене,а имам тотална подршка од семејството.
Не сакам да звучам грубо, ама штом твоите другарки немаат разбирање, не се баш другарки во вистинската смисла на зборот. Едно е да им недостасуваш, друго е да префрлаат вина на тебе секогаш кога нема да имате можност да се видите. Инаку, што студираш?
@FotoLina3 Па очигледно дека не се за жал и така останав без другарки...вистина е дека и јас сум крива што неколку пати ги одбив, но секогаш со образложение дека не е дека не сакам,или дека е до нив. Најискрено си кажав,дека тешко ми оди на факс морам да се посветам и секогаш го добивам истиот одговор а ти ли 24 h ли ќе учиш.Потешко ми е тоа што ме знаат,знаат кои се моите цели и амбиции и од секогаш сум била истата-давам предност на студиите. Инаку студирам на ФИНКИ.
Нека ти е со среќа, ти пожелувам многу успех. Еве да ти кажам, мојата најдобра другарка заради Х причини цела година ми нема направено муабет, а камо ли да се видиме (се скаравме едно време), ама јас не заборавив се што таа има направено за мене и сеуште ми е најдобра другарка. И знам дека за скоро време јас ќе се иселам па многу поретко ќе се гледаме, ама сепак ќе ми биде како сестра и ќе биде тука за сите важни настани. Дури и да си делумно крива, добро е што си признаваш. Ни треба тоа денес, во нашиот свет. ТИ благодарам на вниманието и ти пожелувам да си најдеш супер другарки и другари.
Ако се сака за се се наоѓа време. И за шетање, и за дома одење, и за учење и работа, и за семејство, и другари/дечковци/девојки. Ама ако не сакаш нормално ќе си најдеш изговори за се.