Ми треба студент последна година на овој факултет за една анкета...ако сака некој нека ми се обрати не е ништо страшно...
Сакам да се запишам на ПМФ, смер биохемија физиологија.Одличен сум и по хемија и биологија.Но незнам дали да се запишам на аналитичка биохемија или биохемија.Ми кажуваат дека во аналитичката имало 80% хемија, а во биохемија повеќе било биологија.
Би сакала да се запишам на биохемија и физиологија но ме плаши хемијата некој велат дека има многу хемија и дека е претешко, ако може некој да ми каже нешто повеќе околу хемијава и околу другиве предмети кои се изучуваат и за тоа што би можела да работам по завршувањето на факултетот
Во однос на хемиите, ги имаш во 4 семестри и тоа: Општа и неорганска, органска, аналитичка и физичка хемија. Од овие ,,најопасна,, ти е првава и тоа поради професорот кој предава инаку не се многу тешки како материјал, потешките предмети се оние постручните како Биохемија 1 и 2 и за мене лично обемните латински именувања на животни и растенија. Кој и да ти кажал дека факултетот е тежок не те излажал хаха. Скоро по цели денови си на факултет, се полагаат и вежби и теорија по секој предмет одделно, има предмети кои ги предаваат два професори па секој од нив си дава свои колоквиуми и тоа е малку напорно. Има предмети кои се поврзани односно условни, таква ти е општа и неорганска хемија пример. Како и да е, факултетот бара сериозност и постојана ангажираност. Ако имаш желба за учење и ако си спремна да го посветиш поголемиот дел од времето за него, зошто да не.
Би сакала да знам дали со аналитичка биохемија можи да се работи и како професор по хемија ако се доземат некои испити?порано знам дека можело ама дали е уште така?
Мoже Али перспективен ти е смерoт aнaлитичкa, aкo си дoбрa и се дoкaжеш, смешнa плaтa ќе ти изгледa тaa зa прoфесoр
Кaј имaш чoвек дa ге врaбoти Јa сум oд биoлoгијa, aли имaм мнoгу кoлеги oд хемијa шo рaбoтaт и вo клинички лaбoрaтoрии, Алкaлoид истo мнoгу, Џoнсoн Мети бaш oд тoј смер ги врaбoтувaaт и земaaт сoлидни плaти кaкo пoчетници
Се размислувам да се запишам на Природно-математички факултет смер:биологија. Сакам да прашам што можам да работам ако се запишам на биологијасо биохемиска-физиолошка насока и со еколошка насока? Исто така како сте задоволни од факултетот и дали дипломата е призната во странство?
Постои ли некој запишан Физика?? Размислувам дали да одам ПМФ или ФИНКИ и доколку одам ПМФ би сакала тоа да е Физика, но би сакала некој да ми каже дали и колоку е тешко, за факултетот воопшто каков е, професорскиот кадар и слично...
Ми требаат некои информации околу смерот Молекуларна биологија. Ако има некој на тој смер нека ми пише лп ако може.
Ако има некој што студира на смерот сеизмологија да ми пише лп ако може, ми требаат информации. Благодарам однапред.
Ве молам ако некој е на ПМФ- ФИЗИКА или знае нешто за факултетот да ми пише во ЛП или пак тука. Ме интересира физика и криво ми е што не сум ја учела.