Здраво.. Дали има некој што е запишан на биохемија и физиологија, сакам да се консултирам нешто во врска со таа струка?
Некој запишан на применета хемија-аналитичка биохемија? Ме интересира смерот, матуранка сум годинава.
zdravo dali ima nekoj zapisan na pmf smer analiticka biohemija da mi spodeli iskustvo so predmeti profesori?
Здраво,годинава сум матурантка,заинтересирана сум за ПМФ,сакам многу биологија,па барам совети од вас кој смер да го изберам од кој после ќе имам сигурно место за работа.
Кој и да ти каже дека со некој смер ќе имаш сигурно место за работа, ќе те излаже. Тоа си зависи од повеќе фактори меѓу кои за жал и лични контакти т.н врски . Генерациски нема по многу студенти, 30тина, значи не е некој пренатрупан кадар, но сепак не е ни толку просперитетно како информатичките струки на пример. Битно е да знаеш дека ја сакаш таа материја, но и дека биологијата која се учи во средно е мнооогу мал дел од содржината на предметите на факултет. Тука веќе има физиологија, биохемија, многу латински имиња. Јас студирам на Биохемија и физиологија, ако сакаш да те информирам нешто подетално можеш да ме исконтактираш. Исто така Молекуларна биологија е содржински скоро ист смер како и БХФ, додека наставна биологија и екологија веќе се изучуваат од малку поинаков аспект.
Jaс студирам на ПМФ-Биологија наставна и имам многу колеги од биохемија, а и прв семестар имаме скоро исти предмети. На биохемија има повеќе хемија, а кај нас е поопширен материјалот за останатите предмети. На биохемија инвертебрата и вертебрата се учат како еден предмет заедно, а кај нас се посебни предмети и ред други предмети. Екологија имаат слични предмети како биологија само нешто помалку и поскратен е материјалот. Со биологија наставна ќе работиш професор по биологија или биолог во некоја фирма, со екологија можеш да предаваш природни науки во основно, а со биохемија мислам дека во болница за испитување на крв или средување на такви податоци (не ме фаќај за збор). Според мое мислење е дека нашиот факултет е попресперитетен од финки затоа што има дефицит на наставен кадар во државата и лесно може да се вработиш. Факултетот иначе си бара многу одговорност и учење и секако редовност секогаш на вежби што значи отприлика од понеделник до петок на факултет. Посебно се полагаат вежбите, а посебно теоријата. Нема многу конкуренција, на нашиот смер сме само 7 студенти.
Здраво на сите Сакам да се запишам на ПМФ годинава на смер Молекуларна Биологија бидејќи многу ја сакам генетиката и сакав да ве прашам дали некој може да ми каже нешто повеќе и ако може да ми кажете за електронсково запишување, видов дека треба да имаме профил на iKnow но никаде не пишува како и не знам каде да се регистрирам, да направам профил. Има само да се најавиш за оние кои веќе имаат профили. Пратете линк ако некој знае, фала ви многу. Btw барам 2 цимерки, имам стан во аеродром на 20 мин од пмф ако знаете заинтересирани пишете ве молам. Фалаа многу. Здраво И јас сум матурантка годинава и после долго размислување планирам да се запишам на Молекуларна Биологија, ако одлучи и ти се гледаме тогаш таму
Еве девојки и јас да ви се придружам. До пред неколку месеци бев убедена дека сакам да студирам општа медиција, но сепак сакам да се распрашам прво, да не ми биде после криво. Молекуларна биологија ми збучи доста привлечно и интересно. Е сега некоја феминка ако сака да ни даде некоја плус информација, што после може да се работи и сл. Не сум некој материјалист, па да запишам факултет мислејќи дека ќе најдам работа со супер висока плата. Сакам она што го изучувам а после и работам да ми биде интересно, да ме исполнува. Не би сакала професијата и факултетот да ми бидат одбивни...
Со екологија си еколог, неможеш да бидеш и наставник/професор. Тоа само со завршена наставна насока, бидејќи еколозите не ги учат педагошките предмети. Инаку со ФИНКИ несомнено се наоѓа полесно работа отколку со биолошки науки. Секогаш предност имаат компјутерските науки. Незнам кој те убедил, но ене ги пола мои колеги биолози не работат по струка.
Тоа е субјективно мислење Во мојата општина нема наставен кадар за физика, хемија, биологија и математика, па предаваат професори што немаат завршено наставен смер од соодветната наука. Мене лично уште пред да завршам ми е обезбедено тука работа ФИНКИ е популарен ама ретко кој може да заврши и повеќето од студентите таму се поради некој што им кажал дека има многу пари во тоа, а не ги влече информатиката како наука, па се отпишуваат или го влечат факултетот. Секој со своето размислување и желби
Субјективно мислење е да кажеш дека има работа, а твоето работно место е обезбедено преку врски Веројатно не се работи за Скопје? Сеедно. Без врски, ништо од работа во просвета кај нас. Мислам, ништо лично, секој си се бори како знае и умее, меѓутоа биолози се суфицитарни за разлика од другиве смерови што ги наброја.
Не реков дека работното место ми е обезбедено со врски туку дека во мојата општина природните науки се дефицитарни и многу лесно можеш да најдеш работа. Сега една професорка што беше хемија во средното училиште замина за Германија и само една професорка остана по хемија на 600 деца. Истото е и за биологија. Наставничка по биологија е личност која нема завршено високо обрзование туку виша. Наставен смер од природните науки се многу малку студенти. Ние прва година бевме седум студенти сега сме само четири и тоа сите сме од различни градови. Некогаш има генерација што дипломираат само еден или двајца студенти од наставните смерови
Ние бевме генерација со 45 студенти на наставна насока, биохемичари беа 52. Значи има доста кадар кој е завршен на овие студии, а сега што се помалку се запшуваат е друг проблем (тежок факултет, мали плати за струката).
Дали има некој информација што би можел да се вработиш со стекнување на диплома како дипломиран еколог?