здраво сакав да прашам дали има некој насока нутриционизам или дали планира да се запише, колкави се можностите за работа, и дали имате повеќе информации за смерот нутриционизам во институт хемија бидејќи е нов
Некој на наставна хемија или да има било какви информации за наставна хемија? Јас во средно бев тоа, вака смерот не ми се гледа соодветен според предметите за нутриционизам, бидејќи тие што се ставени како изборни треба да се редовни. Барем јас така мислам имаш и нов смер на фармација тој е подобар од овој со 3 години е , и за мене е чиста 5ка. Сепак изборот е твој.
Здраво да ве прашам во врска со насоката биохемија и физиологија.. во студиската програма се дадени изборни предмети во прва и втора година, но тоа всушност биле задолжителни предмети.. кои се тие дали знаете?
Здраво.. Има ли некој што е запишан на биохемија и физиологија, да ми даде некои информации во врска со смеров?
Се мислам помеѓу 2 факултети и еден од нив е ПМФ-молекуларна биологија или аналитичка биохемија Според вас со која насока има поголеми шанси за работа во странство и дали е признаена дипломата насекаде? Иако повеќе ме влече молекуларна биологија сепак незнам дали се исплати
За работа во странство ти треба барем 2 години релевантно работно искуство во било која од струкиве шо ќе ја работиш. И еден куп процедури. У било која ЕУ држава да одиш треба да докажат прво дека нема таков кадар кај нив, па дека нема од ЕУ, па на крај тие што не се. Не сум 100% сигурен за ова, ама за Нов Зеланд ја знам процедурата напамет. Како шо реков милион процедури, кошта и време и пари сето тоа, но имам роднина што отиде и е презадоволна. Не со било која од струкиве, но процедурата е таа за сите барани професии. Погледни го мислењево, али рано ти е ова да го мислиш едно 10 години треба да поминат https://forum.femina.mk/threads/Разведен-родител-Работа-во-странство.24644/page-3#post-2544680 Молекуларна нема нешто многу избор кај нас шо да работиш. Освен онаа лабораторијата у жан митрев клиниката шо ја отворија и евентуално МАНУ не знам каде на друго место. Аналитичка имаш многу избор од индустрија до секаков вид лабораторија, ама имаш и повеќе конкуренција и дипломирани. На крај се се сведува кој познаваш ти или твоите, освен ако не си една од ретките со 10,00 просек и најдобра у генерација. Друга опција, да диломираш едно од двете па да фатиш некоја стипендија за во странство за мастер или директно во странство додипломски, мада за ова доцна е веќе за 2 месеци почнува настава.
Применета обично многу помалку се запишуваа додека студирав, а аналитичка се полнеше бројот на предвидени места. Види за секој случај листи од лански уписи мада ништо не мора да значи тоа