Продавам книги за Биологија на ПМФ од прва година. Предмети: Цитологија, Биофизика, Анатомија на човек, Анатомија и морфологија на растенија, Хистологија и ембриологија, Инвертебрата и Педагогија. Ако некој е заинтересиран нека ми пише. Книгите се копирани, освен анатомија на човек што е оргинална, ама се во ептен зачувана состојба и нема каде да ги ставам дома
Ме интересира од каде ги купувате тетратките за полагање испити и работно време на книжара од каде ги купувате?
Многу од студентите што студираат на ПМФ најчесто материјалите ги земаат од фотокопирниците што се под подвожњакот, кај Континентал. Работно време до кај 16:00 часот сигурно се отворени.
Тетратките за полагање не ги купуваме ние туку ги плакаме вклучено со семестарот, а ни ги даваат асистентите кога полагаме
Заинтересиран сум за биохемија и физиологија дали е тешко и дали има математика,физика? Што може да се работи со оваа струка и од орилика како се движат платите ако може некој да сподели информации и некој сто студира на овој факултет ако може да сподели мислење?
Прва и втора година се по тешки. И самите асистенти го кажуваат тоа. Во прв семестар има математика, а физика и во прв и во втор семестар. Работата е у главно тоа што се прават испитувања во биохемиски лаборатории. За плата нека каже некој кој е вработен.
Здраво на ситее јас се запишав оваа година на аналитичка биохемија и сега одлучувам за студентски,дали има некој од вас што е на ПМФ а седи во Пелагонија дали често има автобуси и сето тоа.