1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студенти на ПМФ-Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од milenuska, 14 јули 2010.

  1. eli12

    eli12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Можеби со малку закаснување ама еве да ти пишам нешто за биохемиско-физиолошка насока.Јас дипломирав на оваа насока,и да ти кажам најискрено точно е-професорите бараат многу знаеење но верувај дека тоа е од твоја корист,а и знааат да те оценат реално -според она што имаш научено,нема врски или нешто слично.Интересно е што има и практична настава и верувај многу се интересни вежбите.Е сега ако не сакаш многу хемија запиши се на наставна насока ,бидејки на таа насока се учи само општа хемија и само во прва год. додека на биох-физ.насока имаш 5 хемии.Твој е изборот ,ама не се плаши ,насокава е супер секако ако имаш желба да се запишеш на оваа насока.
     
  2. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Знам дека насловое е студенти на ПМФ - Скопје, но вие како студенти што мислите кој е подобар, ПМФ во Скопје или во Штип и зошто?
     
  3. papagalcheto

    papagalcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    10
    Би сакала да ми кажете нешто за постдипломските студии по форензика. Колку што имам прочитано знам дека може од било која насока на физика, хемија или биологија да продолжиш на форензика. Може ли некој да ми каже нешто повеќе?:)
     
  4. qqq

    qqq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    7
    У мојов случај е обратно..мене поише ми иде хемија..а биологија не..сакав да прашам за биохемија колку хемии ке иам колку биологии..шо е како е.. :)
     
  5. m.st

    m.st Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Малце со задоцнување, но сепак ќе ти одговорам :)
    Ја сум на аналитичка биохемија и супер ми е :) Имаме само во прва година општа биологија 1 и општа биологија 2 (многу лесно се поминува :) ). После во втора има физиологија 1 и 2, во трета Микробиологија и биотехнологија, и во четврта молекуларна биологија со генетика. Другото се претежно хемии (освен некои изборни ко психологија, англиски...) и во четврта има 3-4 предмети што се слушаат на медицински.
    Така да, ако ти иде хемија и дојдеш на хемиски - нема да згрешиш :)

    Иначе, ако сакаш чиста хемија, имаш насока Применета хемија на ПМФ, таму немаш воопшто биолошки предмети, таму имаш баш онака хард кор хемија (мислам дека појќе математики и физики има).

    А од хемиите што се слушаат на хемиски се Општа, неорганска, аналитичка, биохемија (неколку различни), органска :inlove: , физичка, елеткрохемија итн.
     
    На sweetie_09 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Според мене ПМФ ти е подобар затоа што кога имаше пред некое време рангирање на универзитети, Св.Кирил и Методиј беше на прво место. И што мислиш ти, на работно место која диплома повеќе ќе ја вреднуваат?
     
  7. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Дали е вистина дека на ПМФ во Скопје отвориле смер молекуларна биологија ( за генетика? )? И колку студенти примаат, предмети, ова она...ми изгледа многу интересно :?:
     
  8. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.687
    Пол:
    Женски
    Јас идам накај ПМФ,јуху! :)
    Само многу ме разочаруваат дека е многу тешок? Знам дека со редовно учење ништо не е тешко..
    Заинтересирана сум за математика-информатика, па има некој што ќе ме насочи вака како нов студент следната година?? :wasntme:
     
  9. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Има некој тука што е на етнологија и антропологија или на туризам?
     
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.824
    Пол:
    Женски
    Има ваков смер, нема ограничено бр на студенти најверојатно затоа што е нов смер па нема многу студенти сеуште.

    Интересно е ама не се наоѓа така лесно работа за ова, јас сум на биохемија физиологија а се мислев за насокава ама се одлучив сепак за другава.

    Инаку нема државна квота значи без разлика на успехот, сите се во приватна квота. Е сеа разликата во предмети помеѓу молекуларна и биохемиско-физиолошка е само два три предмета и тоа во трета четврта година ама затоа на молекуларците им предаваат професори кои не бараат многу и порелаксирано им е.
    Во прв семестар имаш анатомија на човек ( мн е лесно и професорката е супер колку и да не ти се учи те поттикнува бар да можеш да поминеш) клеточна биологија ( малку потешко а и двата професора се одвратни ) биофизика ( дефинитивно најтежок предмет ми беше ) математика ( асистентката е супер а и проф ) и имаш општа и неорганска хемија ( ако си молекуларна лесно ке поминеш)

    Втор семестар имаш органска хемија ( исто лесно се поминува на молекуларна ) имаш биостатистика ( јас појма што немам, лесно го поминувам) анатомија и морфологија на растенија( истиот проф од прв семестар клеточна што значи пак мачење ) хистологија ( проф е супер ама катастрофални колоквиуми со најслаби резултати) и лабораториски практикум ( го обожавам предметов ама има сецирање на стаорци и жаби така да ако не можеш да поднесеш да гледаш убивање на животинчиња да си знаеш )
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Има напишано, оваа 2012/2013 примаат 30 редовни студенти со кофинансирање - плаќаат 400 евра.

    Молекуларна биологија 30 400 30, извадок од листата на конкурси за 2012/2013 :)
     
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.824
    Пол:
    Женски
    ^ не не, сега се повеќе од 30 во оваа група запишани годинава, ти гарантирам затоа што заедно имаме предавања
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Е стварно не знам за оваа година, ама следнава 2012/2013 ќе примале само 30, пишуваше на официјалната листа каде што ги има сите квоти за сите факултети низ Македонија. Тоа што го постнав беше извадок. Еве линк: http://www.femina.mk/out/?id=167070c55c ... 012-13.pdf
     
  14. LittleMonster8

    LittleMonster8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    7
    Брат ми студираше тамо лани ама се откажа затоа што од 1 предмет математика излегоа 3. Ама несакам да те обесхрабрувам. И плус зависи што ќе одбереш на факултетот. :tmi:
     
  15. LadyBug.k

    LadyBug.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    13
    a туризам како е?
     
  16. jaam

    jaam Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Ме интересира како е на отсегот применета хемија. Одличен ученик сум и лесно ги сфаќам и решавам задачите, без да учам теорија, теоријата ми е мн досадна за учење. Што се бара отприлика, како иде? Тешко ли е многу?
     
  17. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Јас имам на ПМФ јухууу одвај чекам :D на Хемиски институт нормално си ја обожавам хемијата :inlove:
    Само не знам дали на аналитичка биохемија или Применета хемија? :?: Што мислите кој смер е подобар?
     
  18. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Ајдеее хемичари нека ми одговори некој се ближи времето за упис :sweat: :D
     
  19. Isabeau

    Isabeau Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Еве јас сум на молекуларна биологија и колешката simoncelicious ако мисли дека на нас ни е поопуштено, очигледно многу греши, бидејќи и самата знае дека испитите и за нив и за нас се исти :) нас не ни даваат посебни полагања што се полесни од нивните :)

    а agirl17, ако имаш голема амбиција и силна желба да го студираш ова, ако сакаш наука воопшто (сосе хемија, математика, физика, медицина бидејќи тука се е поврзано) и ако си тип на човек што не се откажува, нема да згрешиш ако се запишеш на молекуларна биологија ( па и кај колегите од биохемија). Мене многу тешко ми иде, ама не би се откажала за ништо на светов, инает ме фати :Р
     
  20. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Јас конкретно се интересирам за насокиве во Хемиски институт што се, биологија не сакам, па затоа планирам или на аналитичка биохемија ( не на физиолошка ) или пак на Применета хемија ( тоа е веќе чистаа хемија нема ич биологија :D ) Само би сакала да знам кој смер нуди подобри можности за работа? :?: Искрено мене повеќе ме влече чистава хемија, ама не знам .... :sweat: