Продавам учебник општа и неорганска хемија од Методија Н. Зачуван многу и со него оди цд со експерименти. Учебникот е 1200ден во книжара, јас го продавам за 600ден.
Продавам учебник по Општа и неорганска хемија од Методија Н. Само учебник е, и го продавам за 500 ден.
Знае ли некој како оди со полагање комисиски да ми објасни подетално? Комсијата би биле професори од ПМФ или?
Здраво,би сакала да прашам за смеровите Молекуларна биологија и Биохемија со физиологија дали е тешко и дали има многу хемија и математика? Или математика спаѓа во изборни предмети?
Има премногу хемија,што е нели нормално.Во прва година има две во,а потоа има по 2-3 во семестар.Математика со биостатистика е задолжително изборен само прв семестар.Ова е за молекуларна,а истото е и за БХФ
Види со оглед на тоа дека на мбг и бхф се запишуваат луѓе што првичен избор им е општа медицина,зборува доволно дека е тесно помеѓу нив.Ако си решена да се отепаш од учење и плус цел живот да учиш оди медицина(и ако имаш конкретна желба) .Но,ПМФ е секако добар избор сеа и тука има ептен учење.Јас од првичен избор на медицина отидов на мбг и не згрешив
Кај мене мајка ми беше најголем противник за медицина, зш цел живот се учело. Јас пристапив многу амбициозно, надежно дека ќе ми се отворат нови хоризонти за учење и истражување, си ја сакам струката амаа ккај нас освен партиско вработување не знаат ништо друго. Работев в лаб. иако цела одговорност е на лабораторијата (точни и прецизни резултати) сепак докторите се тие кои се почитувани. Сега чекам бг пасош па да си ја пробам среќата надвор од овде. Моментално работам нешто што врска нема со МБ
Оф леле,истото.Мајка ми ме тргна од медицина демек порано ќе сум завршела,за џабе ќе сум се мачела коа ќе сум можела тука господски да си завршам.И секако во лабораторија на крај.Со среќа ајде ти држам палци
За Биохемија и физиологија, хемија има да, но услови за работа никакви. Лаборатории нефункционални, се работи во групи каде што и немаш баш можност да работиш индивидуално, со што на крај плаќаш оштета за искористени реагенси, што уствари и никогаш не си ги искористил бидејќи како што кажав работиш у група по 4ца. Многу од професорите имаат ужасен пристап. Не би да именувам тука. Ако имате близок распрашајте се. Многу од колегите од друга национална вероисповед не знаат на периоден систем да најдат азот, а хемијата му е положена. Програмата е направена да во првите две години се нај заебани предмети, бидејќи како ќе опстане факултетот ако не презапишуваш предмет? На пмф секако ќе изгубиш 5-6 години учење, нерви и пари, боље појди си општа, барем мирна глава. Јас сега со овој ум, на општа би се запишала. Едит: струката е преубава, но држава алчна за пари го измелези образованието. @Kimberly11 ако имаш било што да прашаш, пиши ми.
Дали некој од вас студентите има прашано кога има Ноемвриска сесија? Нешто слушнав крај на ноември-почеток на декември, но не знам точно кој датум.
Како е на молекуларна биологија? Може некој подетално да ми каже? И дали ако се упишам само на биологија имам право после тоа да бидам магистер по микробиологија? ве молам пишете
Ако некој од страницава студира или студирал на географија, дали ќе може да ми кажете кај кој професории е најлесно? Зошто сакам да земам изборни предмети од таму другиот семестар.