Смер има само молекуларна биологија, горната зграда е. Јас студирам Биологија наставна, имаме повеќе предмети заедно со молекуларна. Ако ти треба нешто, прашај
Имаш и смер молекуларна биологија само,и молекуларна биологија со генетика.Разлика има во предметите нешто,но не којзнае колкава.Молекуларна биологија со генетика е од 2018 акредитација,така да нов е смерот.
Може да ти пишам лп да ми кажеш нешто повеќе за смеров? Никој не познавам што е на пмф немам од каде да се имформирам
Здраво дечки,4та сум и уште се мислам што понатака. Моментално се мислам ПМФ биохемија и Технолошки прехрамбена и биотехнологија. Знам дека не се поврзани, освен што има хемија на двата и има релативно различни опции за работа, ама сакам да прашам кој факултет е потежок според вас?За ПМФ знам викаат дека е тешко, ама во последно време истото го зборат и за Технолошки и многу е мал бројот на студенти таму. Ќе може некој да ми каже мислење?
Јас не сум на хемија ама сестра ми студира аналитичка биохемија па затоа ќе ти кажам мое мислење. Имаат доста хемија и мора да имаш некое предзнаење од истата. Прва година имаа и математика и физика така што и тие треба да ти одат колку толку. На ПМФ немаме колоквиумска недела, се случува секоја недела да имаш полагање, а некогаш и две полагања. Имаат премногу лаб вежби и се на факултет буквално од 8 до 5-6. Покрај испитите полагаат и лаб вежби. Сé на сé, тежок e факултетот, но доколку имаш желба се е полесно. Се надевам дека ти помогнав некако
Фала многу, така и очекував да е или барем така ми збореа и мене. Не знам само на Технолошки дали е полесно
Искрено слично е,ама ПМФ како ПМФ особено на хемиски институт бара премногу хемија.Не дека и на ПМФ има многу студенти,верувам и на технолошки нема.Ама сепак е потешко на хемиски
Ако бираш ПМФ оди на хемиски, многу повеќе се ценети и имаат поголеми шанси за работа после дипломирање, на огласи се нив ги бараат, за тежок е тежок но не е неоствраливо, другарка моја ср запиша и заврши хемија без никакво предзнаење, со труд се си бива. Технолошки е полесен од ПМФ.
Јас да сум сега ќе се запишам на Медицина или Аналитичка Биохемија. Имам дипломирано на Молекуларна и не може да си најдам работа иако имам 95% исти предмети како Биохемиско-Физиолошка. Доколку сакате да работите во лабораторија со Молекуларна, 300 врати треба да поминете за дозвола од Фондот за здравство
Дали го препорачувате факултетот.Дали е добар? И дали со некои од смеровите (Аналитичка Биохемија,Биохемија и Физиологија,Биологија,Хемија) може да се "навлезе во Медицината?
Здраво сакам да прашам дали е тешко (знам дека нема лесни факултети но сепак прашувам) на нутриционизам смерот на ПМФ. Некој да сподели информации што како, дали е добар факултетот.. Ти треба ли многу предзнаење од биологија..? Фала однапред!
Прва година нутриционизам имаат во глобала слични предмети со биохемиска и молекуларна.Смерот е предобар искрено.И да ти треба предзнаење како од биологија така и од хемија
mozes li mene da mi kazes podetalno za kako e na nastavna biologija, dali e tesko,kolku se bara i slicno?
Имаме многу зафркнати професори и многу бараат. Повеќе се обрнува внимание на градбата на животните, имаме Инвертебрата-безрбетници, Вертебрата-рбетници, Кормофита, Биохемија...овие предмети сите се по 10 кредити и се потешки. Идете на google... Напишете институт за биологија и ќе ви излезе страната. Ги имате сите податоци и плус предметите од сите насоки и имате видео за нутриционизам