1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студенти на ПМФ-Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од milenuska, 14 јули 2010.

  1. Juh

    Juh Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво луѓе,јас сум матурант и сега се мислам помеѓу неколку смерови и факултети. Што е подобро за работа во и надвор од државата Биохемија на ПМФ или Лабораториски биоинжињер на Фармацевтски Факултет.Секако понатаму дај боже планирам да магистрирам и сето тоа.Но кој од овие факултети ПМФ,Фармацевтски се повеќе признаени надвор од МК и кој е повеќе се исплати.
     
  2. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    За признавање во странство стварно не знам, но според мене подобра опција ти е Фармацевски. Но ако се одлучиш за биохемија, има опција да можеш да магистрираш на фармацевски ама примаат само од одредени смерови на ПМФ. Можеш да си видиш на страницата нс Фармацевски.
     
    На Juh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Na koj smer si ti?
     
  4. DoubleHelix

    DoubleHelix Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Веќе од прилика имам одлучено за факултет и смер поточно, но сепак би сакала да слушнам лични искуства бидејќи реално единствените луѓе што знам дека студирале на ПМФ се професорите од средно. Како и да е, планирам да се запишам на институот за Биологија (Молекуларна биологија со генетика). Знам дека е ризично за вработување во Македонија и се двоумев за смерот Биохемија и физиологија бидејќи програмите ми изгледаат прилично слични, а ми немаше смисла да учиш исто а да немаш еднакви можности за вработување.
    Искрено ова поле од науката ме фасцинира и ми е тешко да се предомислам сега која најдов нешто што навистина би го учела со желба. Да скратам, ме интересира нешто повеќе околу пристапот на професорите, квалитетот на образовната програма, практичната работа (за која знам дека е на оскудно ниво) и општо знаењето што може да се добие. Исто така, дали молекуларен биолог може да работи како обичен биохемичар за почеток?
    Ако не му е тешко на некој што знае повеќе нека сподели.:)
     
  5. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    9.140
    Пол:
    Женски
    Јас имам другарка запишана на Институт по Биологија.
    Има многу за учење, имаш книги со по 1000-1500 страни, латински имиња милион, сѐ се учи во детали, доста е напорно бидејќи има доста предавања, а напоредно одиш и на вежби кои знаат да траат и до 4 саати. И самите вежби се доста комплицирани, на крај од семестар ги полагаш и нив, од нив ти зависи потписот, значи отприлика мораш да си редовна на вежби.
    Ова е тоа што ми го има кажано другарка ми, а за тоа какви се професорите и некои други детали можеби @Tan4ence може повеќе да ти помогне.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DoubleHelix

    DoubleHelix Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    @Star_dust Фала многу, баш такви информации ме интересираа. Искрено не ми е толку страв од напорно учење колку што ми е страв од тоа да вложиш труд и време, а да работиш во маркет.

    Би можел ли некој да каже нешто повеќе околу професорите и предлози за изборни предмети или да ме упати некаде ако веќе е одговорено истото а не сум видела.
     
  7. Zamislenata

    Zamislenata Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2018
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да прашам ако може да ми кажете како е на наставна математика и дали се исплаќа да се учи тоа. Фала:)
     
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Ќе си имаш квалитетна диплома, уважена во странство ама маста ќе ти излезе од учење :)
    Професорите се "уби боже!"

    Значи практичната работа ако е на оскудно ниво, кога ќе се вработиш ќе си ја научиш работата без проблем. Ти важно ќе бидеш биолог. Не мора за сѐ да имаш предзнаење, некои работи се учат отпосле. За квалитетот на знаењето, незнам дали се има променето нешто задниве 10 години, но откако е воведен Ектс системот студентите полесно завршуваат. Јас сум пред нив, како твоите професори, зависи колку се стари :D

    Запиши се на оној смер што повеќе те влече. Работа ќе најдеш.
     
    На Juh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DoubleHelix

    DoubleHelix Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    @Kitten Фала и на тебе, разбрав веќе дека е многу потешко од што очекував, но дали се цени струката соодветно на трудот вложен во учење..

    Не ми е многу битно лесно да се поминува, многу поважно ми е да научам најмногу што можам.

    Благодарам уште еднаш на сите за советите.:)
    Паничар сум си по природа па многу размислувам во однос на донесување правилни одлуки.:D
     
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Не е важно да се цени, важно е да се исплати :D
    Секако со биохемиска струка шансите да се вработиш на поплатено место е поголема отколку на наставниците.
     
  11. Shugarspice

    Shugarspice Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    1.770
    Пол:
    Женски
    За вработување е преризично,да.Кај нас има ептен малку работни места баш за молекуларен биолог и генетичар.Ама како и да е лабораторија не ти бега ако си среќничка.Инаку за разликата со БХФ има разлика,првата година е иста скоро но понатаму е верувај различно.Со БХФ имаш повеќе шанси да го работиш тоа што си го учела.Ама ако си заинтересирана за молекуларна биологија оди си таму.Ќе добиеш квалитетно образование и ќе имаш знаења.Вежбите се пребитни,акцентирам пребитни без нив не можеш да го тргнеш предметот.И по цели денови ќе си во лабораторија,впрочем и така ќе си цел живот ако го завршиш.Многу малку молекуларни биолози бараат тука,кај нас нема иднина со таа струка и платата е пресмешна.Е сега кога ќе го завршиш ако имаш ептен среќа ќе се вработиш баш како молекуларен биолог,или во некоја клиника како генетичар.Или пак во лабораторија обична.Ама биохемичар бараат баш по струка
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DoubleHelix

    DoubleHelix Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    @Kitten Да де :D

    @Shugarspice Свесна сум дека е ризично ама многу ми се допадна струката, некако не ми се предомислува во последен момент. И да се отворат нови работни места додека да завршам логично е да ги пополнат тие што дипломирале пред мене. Што се подразбира под обична лабораторија? Извини на глупавото прашање:D
    Какви се можностите за магистратура во странство на пример па евентуално да се остане таму иако и таму си имаат свој кадар? Многу ме плаши вработувањето очигледно..
    Уште нешто, можно ли е да се префрли од Молекуларна биологија на БХФ првата година со оглед на тоа дека се слични предметите во случај да ми текне дека е подобро да учам нешто слично со поголема сигурност за работно место?:)
     
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Запиши се, ич не мисли. Факултетот е признаен во странство, после тоа собирај парталите и шибај! Тоа е наука на иднината, исто како компјутерските.
    И да не заминеш, ќе најдеш нешто тука за пристојна плата.
     
  14. DoubleHelix

    DoubleHelix Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    @Kitten Ехх да беше така лесно.^_^
    Често слушам такви совети ама јас си комплицирам со многу мислење. :D
    Благодарам во секој случај. Ќе видиме, големи се шансите да се запишам и покрај сѐ.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Па не е лесно, ама со позитивна мисла и желба ќе се укаже шанса :) Можеби не веднаш после дипломирање но некогаш во животот ќе ѝ бидеш благодарна на таа диплома.

    Ако ти требаат од октомври совети за одредени професори, прашувај :)
     
  16. Shugarspice

    Shugarspice Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    1.770
    Пол:
    Женски
    Обична лабораторија од типот на Фармахем и други што се за крв.Со факултетот сигурно нема во маркет да работиме дај боже.Запиши се нема да згрешиш:l:
     
  17. DoubleHelix

    DoubleHelix Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Благодарам уште еднаш на сите, ми помогнавте :l:

    Најверојатно ќе се запишам, нема друго:D

    Имате ли совети за изборни предмети, барем за почеток додека да се вклопам, кои се попотребни, кај кои професори од прилика? Да не си се заглавам сама со изборните, иако има време ама сепак да си прашам.
    Уште нешто, има ли достапна литература на факултетот? Видов во програмата дека има и задолжителна и дополнителна литература, ме интересира колку се достапни, без разлика на кој јазик се.
     
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    А имате програма со изборни предмети? Да ги постираш тука?
    Во мое време немаше изборни.
     
  19. DoubleHelix

    DoubleHelix Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Баш разгледав, но кај некои предмети не е воопшто наведено за кој семестар се предвидени, а немаат ни предуслов некој положен предмет. Тоа значи дека овие можеш да ги бираш било кој семестар?
    Иначе најдобро би било да си одредиш што те влече, растенија, човек или животни...Така ќе си ги одредиш и изборните и ќе можеш повеќе да се устручиш понатака. Повеќето професори ги знам, ќе ти кажам искуство според тоа што ќе го одбереш.