Зависи од распоредот искрено. Некои денови имавме да речеме до 2-3 часот обврски на факултет, некои денови почнуваме од 8, а некои од 10 или 12 часот. Ама еве бидејќи најчесто сакаат вежбите да се одвиваат наеднаш, во еден термин, можно е да имате ден-два со распоред до 5-6 часот. Исто се случува и да има еден или два часа пауза помеѓу предавања, или предавање и вежби.
Биологија прв, хемија втор, на 15та страница. http://ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs-I-ciklus_2020_2021.pdf
Некој да има полагано Математика 2? Конкретно ако може да ми помогне со материјал од темата Редови, никаде не можам да најдам убаво објаснето.
Здраво! Ме интересира дали некој би ми кажал каков е смерот Молекуларна биологија со генетика, односно дали е доста тежок, дали би ми бил признаен кога би се одлучила за постдипломски странство и слично... Фала ви однапред
Па доста тежок е, подобро да ја видиш предметната програна да си прецениш. Јас колку што разбрав пред да се запишам на факсот, дипломата од ПМФ е признаена во странство.
Здраво дечки, за брзо треба да пополнам пријава за на факс а се двоумам меѓу Биохемија и физиологија и Аналитичка биохемија Ве молам совет за двата пошто стварно не гледам разлика?
Биохемија и физиологија е смер на Иститутот за биологија и нормално е пофокусиран на биолошкиот аспект. Аналитичка ти е на Иститутот за хемија и предметите ти се повеќе хемиски. А овака и двата смера се поклопуваат со предметите.
Здраво, завршив средно гимназија и сакам да се запишам на ПМФ, но многу се размислувам за кој смер да изберам, па ако може помош и повеќе информации. Се мислам помеѓу 1.Биохемија и физиологија 2. Молекуларна биологија со генетика и 3. Аналитичка хемија
Па да, ама секако е и доста напорно бидејќи може 3-4 пати неделно да е вака распоредот. Зависи и од семестар. Зависи и од број и тип на предмети. Мислам дека на страните на институтите на ПМФ сеуште стојат распоредите по семестри (на хемија има само за предавања, без вежби и лаб), читнете ако ве интересира
Здраво на сите! Уште од основно "сонував" да студирам на ПМФ. Уште пред неколку месеци одлучив да се запишам на Молекуларна биологија со генетика. Многу ја сакам биологијата. Дури и ја имав пополнето пријавата на iknow. Но денеска како да се премислив. Разгледував на институтот за хемија, и ми се чини дека ме привлече аналитичка биохемија. И совети сум добивала дека ми е повеќе перспективен отколку молекуларна биологија. Морам да признаам дека се согласувам. Но имам огромен проблем. Сум од гимназија со општествено-хуманистичка насока. Учев хемија до трета година. И искрено ми одеше но не обрнував до толку внимание. За тоа ме фаќа страв да не случајно неможам да го надополнам некои работи што сум ги испуштила од средно. А можно е да не се малку... Значи се ближат уписите а јас се уште незнам веќе ме фаќа паника. Моментално молекуларна испадна од игра... Значи се двоумам меѓу Биохемија и физиологија и аналитичка биохемија. Мислење ве молам