Јас сум на аналитичка биохемија и според мене тој смер е подобар, но и малце потежок. Значи од аспект на хемија учиме исти предмети со применетата насока со тоа што кај нив некои од професорите се подобри. Значи кога кажав потежок, мислев на тоа што кај нас има некои зафркнати професори, ама ако си учиш, тоа не е проблем. Исто така кон тежината ќе ги додадам и биолошките предмети кои ние ги учиме, додека тие учат некои останати изборни предмети. Плус, кон шансите за вработување со аналитичка биохемија ти се додава и работа во медицинска лабораторија. Поздрав
Насоката аналитичка биохемија е многу подобра од применета. Применетата хемија е чиста хемија, освен во прва што се учи математика, англиски и физика останатите 3 години само хемии се учат. Аналитичка хемија има подобри предмети, има доста биолошки (две Биологии, две Физиологии, Микробиологија, Биотехнологија, Молекуларна биологија, Генетика), а има и предмети што се слушаат на медицина. Како што кажа Анфејтфул најголемата предност е тоа што со аналитичка биохемија може да работиш во медицинска лабораторија.
Применета само во прва година слушаат горе предавања ( Математика и Физика), а веќе од втора па до далје строго на хемиски. И сега не те сфатив, на применета се запиша или на аналитичка!?
Ахм, значи на Аналитичка си. Иако во прирачникот го пишува смерот како ти што си го напишала Применета хемија - аналитичка биохемија, сепак никој така не го вика затоа што си има посебен смер применета хемија и може да дојде до заблуда. Епа добредојде на хемиски, колешке, нема да зажалиш, ако ти треба совет или ако имаш прашање слободно пиши ми ЛП Поздрав
Феминки а дали знаете што може да се работи со биохемиско-физиолошка насока (на биологија институтот). Јас како што знам може во клиничка лабораторија. А дали може во индустрии (млекара, пекара, некоја фабрика за храна) или не? И уште нешто да прашам, може ли да се дополагаат испити и да бидеш професор по биологија или хемија, на кој факултет (на ПМФ или педагошки), и колку испити се? Лелее, изнапишав милион прашања, ке биде ли некој љубезен да ми одговори?
Во прирачникот од ПМФ стои дека дипломираните инжинери по биологија ( такво звање добиваш со завршување на овие студии) ќе бидат обучени квалитетно да се вклучат во реализација на истражувачката дејност во биохемиските, физиолошките, биотехнолошките, микробиолошките и сродните на нив области. Така да, да можат да работат секаде кај што има додир со храна. Може да се дополагаат испитите, со тоа што колку што јас сум информирана, ти ги признаваат сите останати, и ќе ти останат неколку (кај нас на Хемија биле 7-8 ) со што ако ги дополагаш, ќе ти дојде како два факултета да имаш. Инаку тоа се некои полесни предмети од Педагошки како Македонски јазик, Психологија, Педагогија, Методика... такви некои.
И јас понапред се имам распрашувано за ова насока, бидејќи многу се мислев и можам со сигурност да ти кажам дека можеш да бидеш професор по биологија, а и исто и да работиш во некоја лабораторија. Доста ми имаат кажувано дека оваа професија е ценета, но има и такви кои ме имаат убедувано во спротивното. Ти размисли си, ако ти одат природните науки зошто да не
Со завршување на биохемиско - физиолошката насока не можеш да бидеш професор по биологија, освен ако некаде недостига кадар па да те примаат. За наставник по биологија си има насока - наставна биологија. Сепак, како што веќе кажав, може да се дополагаат испитите.
Мислев со дополагање на испити Кај нас има една професорка и со ова струка е примена како професор по биологија, затоа така кажав
Јас сум на овој смер Можеш да работиш во било која лабораторија (не само за храна туку во било која индустриска, за клиничка не ни правам муабет ).. За професор треба да дополагаш 3 испита.. со среќа ако се одлучиш за овој смер, па ако треба нешто, слободно исконтактирај ме преку ЛП
Благодарам многу феминки, јас мислев дека си премногу ограничен со оваа насока само во клиничка лабораторија и ништо друго, но изгледа погрешно сум била информирана. А ако дополагаш на педагошки 3-4 испита ке можеш да бидеш и по биологија и по хемија професор?
Со оние стандардни 3 испита што се дополагаат можеш да бидеш професор само по биологија, за професор и по хемија се повеќе испити.
Zdravooo zdravooo !! Epa vaka sum 4ta godina sredno i planiram da odam na PMF sakam na fizika TEORISKA FIZIKA. dali ima nekoj sto znae nesto poveke za toa na primer kolku studenti primaat, kolku studenti imaat diplomirano , dali e PREMNOGU tesko itn... ???
На насоката прехрамбена технологија и биотехнологијаа дане знаете дали има англиски и математика и по колку се полага од нив... и др предмети кои се за полагање?
ПМФ-Молекуларна Биологија и Генетика Дали некој има познавања за ПМФ-Молекуларна Биологија и Генетика ,кои предмети се учат,професорите какви се и сл.
Здраво, нова сум на форумов и токму поради оваа тема се зачленив. Ќе може ли некој да ми каже дали е можно да ме примат на пмф на институтот за биологија ако имам средно правно училиште ? Учам во борис, правен смер но не сакам да продолжам со правото.. Ќе треба да полагам некои испити или како.. ?
Имаш мала утка направено, овие смерови ги нема на ПМФ, колку што знам на Технолошки треба да ги бараш. Те интересира за тие два предмета или за смерот-молекуларна биологија? Зашто се на се земено, истите професори се за сите смерови, ќе треба некоја до утре да ти пишува ако ти ги објаснува поединечно Како и на секој факултет, и тука има некои повеќе зезнати професори, а и повеќе фер и приступачни особи. Секој со своето искуство, и најдобро ти е да не гледаш другите како поминале, зашто од искуство ќе видиш дека кај некои олош-професори ти ќе поминеш многу лесно, а пак може да те заглави некој ултра лесен испит.