А да им пишеме меилови на ПМФ да се освестат дека треба да објават, не знам веќе нема смисла, последен ден е..
Како сакаш, никад нема да им дојде памет. Џабе ти е губење нерви и лепота, другар ми се нервира што ништо уште нема и незнаеше кој докумети му требаат, па виде од ФИНКИ.
Па си викам не се нервирам, ќе почекам ама не можам веќе. Ајде документите и не се проблем, ама датумот, некои факултети ги поделија дури и според првата буква од презимето по часови. Ако треба да одам во 8 саат во четврток а ми кажат во среда вечер, нема шанси да стигнам, не живееме сите до факултетот. Најдов некое старо соопштение од ПМФ ама не можам да плаќам според тоа, можеби има измени. Фала ти во секој случај. Крај краева, не сум единствена, во оваа ситуација се уште 200 други.
Знам дека ги поделија и во право си да се буниш, ама на ПМФ организацијата ни е катастрофа и ние постарите веќе сме навикнати.
Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање, го нема линкот на страната на ПМФ, а на маил е линкот за ФИНКИ, не знам од кај сега па тоа да барам