Иначе луѓе да ви кажам за тоа Договорот. Јас кога се запишував пред 2 години, ние не им го носевме они таму ни го дава и го пополнувавме, ама ни дадоа 3 копии мислам од кои 1 копија остануваше кај нас.
На медицински има 750 денари , 1000 денари (за студентски информатор , електронска картичка за куцање за редовност на предавања ) и ратата од школарина. Фактички овие 850 се во замена за нашиве 1000 е сеа вие не знам дали ќе имате електронска картица или само со потпис. Факултетот ги зема работиве само да џапа пари за некои работи безвезе , офромување на студентско досие ја мајката, па секој факултет тоа го прави обавезно а вие плаќате 850 ден наводно за тоа мачкање очи само некој денар плус да земат.
Знае ли некој кои банки вршат уплата без да имаш трансакциска сметка кај нив, бидејќи поштите не вршат уплата?
Здраво, ме интересира за книгите. Дали се сите исти за прв семестар? Или има од различни автори? Сакам да ги земам и да читам нешто. Ама не знам кои се точно
Зависи кој професор ќе ти предава, ќе ви каже која книга да ја купите/принтате. Не се брзај, одмарај дур имаш време .
Од Милица Ристовска мислам. И споредбена анатомија е од неа, ја имам оргиналната некористена бидејќи имав две
Да, имам и други учебници за смер Биохемија (оригинални и копии) во многу добра состојба. Пиши ми ако си заинтересирана.
Дали на аналитичка биохемија се учи математика 1 и 2 семестар? Каде можеш да работиш со аналитичка биохемија?
За математика не знам но со аналитичка биохемија можеш да работиш во сите клиничко медицински лаборатории низ државава во сите здравствени установи како биохемичар. Е сега можеби можеш и во некои фармацевтски компании или лаборатории каде е применета аналитичката хемија пр. Алкалоид и слично.
Според нивната официјална страна ( https://ih.pmf.ukim.edu.mk/streams/view/12 ), математика 1 и 2 се редовни предмети во првите два семестри.
Но во полето Прирачник за студенти запишани од 2012-2017- за аналитичка биохемија математика има само во 1 семестар, а во втор нема. Дали тоа се уште е така или сменето е?