Во 2018 на сите институти се воведе нова програма, некои предмети се тргнати, а некои додадени. Сега се учи по програмата од 2018.
Продавам книги оригинали Картографија и Климатологија и практикум по климатологија, копии книги Општа геологија , и копија Климатологија имам за прва година .. Како нови се. ГИС - ГЕОГРАФИЈА
А може некој да ми помогне како оди тоа оnline запишување на семестар. Логирана сум на iknow но не знам што треба да правам. Зарем пред да започнеме ќе запишуваме предмети. И зошто од факултет ништо не не известуваат. Единствено што знам е дека ќе биде комбинирана наставата. Друго ништо... Може да ми помогне некој за тоа со запишувањето семестар?
Сега ќе запишувам 3 година и треба да презапишам испит од 2 година, ова е прв пат што презапишувам. Сега ме интересира дали во казнени сесии и останатите редовни може да се полага предметот? И дали имам до крај на трета да го положам испитот пред да почна 4та година?
Можеш да го полагаш исто како прв пат да го запишуваш. Можеш и на колоквиуми да го полагаш. Пожелно е секако да го положиш сега кога ти е прв пат презапишан, наместо да го влечкаш пак и во 4та. Е сега не знам дали после второто презапишување на ист предмет се паѓа во приватна квота или можеби ако трет пат презапишеш предмет беше..
Прочитав на страната сега дека ако го презапишам по трет пат преминувам во кофинансирање, ама морам да го положам зошто стварно глупо ќе ми испадне во кофинансирање да ме стаат во последната година.
Јас презапишав годинава предмет од прва и приоритет ми беше тој да го положам. Обрни најмногу внимание на тој, уште на колоквиуми или на првата испитна да го тргнеш.
02/3249-821 ова е бројот на страницата. А што се случило вчера на состанокот со ректоратот, ќе се укинува ИИКСА?
Воопшто не почнува да ѕвони кога вртам на бројов, одма ме гаси. Свашта значи. Инаку ништо не не имаат известено како што видов, може ни состанок немало