Зашто на iknow ми пишува дека лозинката ми е постара од 30 дена (што нема врска) и не сака да ме уклучи? Ми пишува да ја сменам и пробав ама и тоа не функционира, има некој ист проб?
И јас го имав истиот проблем стисни Заборавена лозинка? ќе ти се прати линк на меил, имаш 30 минути да го смениш.
Онлајн се сите со предавања , на 1ви секако би требало сите да одиме да си го земеме индексот и студентскиот информатор... од каде ти е инфо за медицински? Јас мислам на 1ви одиме и од 2ри си почнуваме онлајн
Мислам дека вие почнувате од 5ти, зошто ние прво треба да завршиме со заверки и уписи на новиот семестар. Згора на се хаос ќе биде другата недела, од секој институт треба да одат на одреден ден да завршат работа!
Автоматски треба да се генерираат предметите професорите и се тоа или пак ние треба нешто да внесуваме?
Кога внесеш семестар, одиш во полето предмети и си ги префрлаш предметите, понатаму професори, кредити итн. си се генерира од системот. Можно е првиот семестар целосно да ни го внесат од таму, ние да немаме никакви обврски, ако на тоа мислиш, не знам, нема никакви известувања уште мислам, јас моите ги внесов пред време.. можеби и згрешив ама не е проблем веројатно.
Прашувам за другарка што е на ПМФ, дали сега треба физички да одат за да ги пополнат предметите во образците (бидејќи на денот на запишувањето не требало да се внесат), бидејќи имало нешто за запишување на зимски семестар со ЕКТС кај професори (од групи некои прочитала)... или тоа важи само за оние што се втора, трета и четврта година?
Само задолжитечните внеси ги. Тоа што она треба да го пополни се вика ЕКТС формулар, тоа е табела со сите предмети, задолжителни и изборни. Формуларот се попунува секој семестар. Одговорен за тоа е ЕКТС кординаторот, ги има на секој институт. Сите мора да го пополнат, безразлика на година, дали е вонреден или редовен! Кај нас на првиот ден, кординаторот ни го даде и го пополнивме. Она сега треба да чека да види дали воопшто ќе се присуствува првиот ден, а нема никаква информација.
Во групата пишува дека не се знае, се разгледуваат неколку опции и ќе бидеме известени на време. Предавањата ќе бидат онлајн, а точно како не знам.
Зависи, мене од 9/10 ми почнуваа и во 2/3 попладнето имав. Предавањата варираат од 2 до 3 сатии со паузи нормално, исто и за вежбите.
Првите две недели сме онлајн, а потоа сме две недели физички. И на распоредот пишува, а и уште пред некое време не известија. Влези си во групата на фссмедф на фејсбук, таму не известуваат за повеќето работи. ( Извинете за оф топик.)
Ова важи и за прва година така? И еден од тие двата дена или и двата дена треба да отидеме(пр. 1ви и 2ри)?
Мислам дека ова е за погорните години од 2ра нагоре. За нас дополнително ќе не известат во врска со 1ви октомври и академскиот час така имаше пишано во групата.