^^ Конкретно таква нема. Катедрите на институтот биологија се: -наставна насока -биохемиско-физиолошка -еколошка -молекуларна биологија
Незнам како оди сега ова со полагањето државна матура, но еве го конкурсот и ти пишува све убаво со кои екстерни и интерни предмети можеш да се запишеш тука: http://www.fakulteti.mk/Documents/Upisi ... 2-2013.pdf
Благодарам Kitten.. Иначе ако има некоја феминка што е на биологија - наставна насока и ако може да ми каже дали овде има многу хемија, физика, тешко ли е.. :/ Ја обожавам биологијата ама хемијава, физикава и математикава ме плашат.. :/
Па јас сум таму Хемија и физика имаш само во прва година....Хемии се две: органска и неорганска, а физиката е една: биофизика. И математика со биостатистика имаш во прва и информатика. Иначе да не те плашам но за разлика од поредметите понатаму, овие општите во прва година се боза. Понатаму имаш доста предмети кои се поврзани со хемија...едноставно неможе биологија без хемија, не е тоа гола наука. Во втора ти е биохемија, па потоа имаш предмети како физиологија на растенија, микробиологија....сите овие имаат доста биохемиски процеси. И јас бегав од хемии и математики, но јас тежината ја видов во предметите кои бараа учење систематики (класификации на растенија и животни со латински имиња), значи бубање на памет, а овие со хемииве полесно ги научив и поминав.
Ааа епа добро, не знаев јас.. Иначе више ме исплаши ! Значи како и да е ќе морам да си се дружам повеќе од планираното со грдите хемии физика и математика.. Мене тоа што ке треба да бубам на памет не ме плаши толку ( испраксирана сум јас од средново зашо у правно школо учам ) колку претходно споменатите бидејќи немам основа ама ајде ваљда ќе се снаоѓам некако.. Надежна сум ! И фала ти многу, извини што те замарав..
Дали знае некој нешто повеќе за новата насока на ПМФ - Биологија нешто имало за вештачкото оплодување кај луѓето? дали воопшто постои? благодарам однапред.
Ке може ли некој да ми даде информација за смерот молекуларна биологија? Ме интересира што може да се работи по дипломирање и колку е возможно да се најде работа. запознаена сум со предметите ,ако може нешто повеќе за професорите да ми кажете И што е разликата меѓу овој смер и смерот за биохемија и физиологија ?
Isabeau морам да те цитирам. Тврдам, значи тврдам и ништо не може да ме побие дека не поминувате полесно од нас. Ова е изгледа вечна расправија меѓу биохемичари и молекуларци. Многу добро знам прва година како ја поминаа молекуларците. додека ние се убивавме од учење органска хемија кај фроса, на нив професорот им го прати колоквиумот по маил ( и двете групи на прашања) тие што се со повисок просек ( не сакам да го именувам девојчето ) ги решија прашањата си ги пратија меѓусебно по фб сите си ги научија и извадија високи оцени. Истово беше и по биофика, и по општа и неорганска хемија и не се исти испитите од причина што не ни предаваат исти професори, еве прва година имаме исти предмети ама не и исти професори. Значи целта не ми е да се расправам, ама ме нервира кога веке не признаваат
Лабораториски биоинжинер -која е работата всушност,што се работи?прв пат се распрашувам затоа ич незнам ?
Јас доаѓам од средно-фармација, и до неодамна бев одлучна да продолжам на фармација. Одлична ученичка сум, но не планирам да се убијам од учење за на крај да завршам во аптека. Подосадна работа од тоа, нема. А, за работа во производство за лекови би сакала ама немам многу надеж, затоа што немам врски. Од цела моја наука најмногу ја сакам хемијата, хемија и ќе полагам матур и сакам да продолжам нешто поврзано со неа. Во последно ме влечи аналитичка биохемија, само малку ме плаши математиката. Доколку може некој да ми објасни нешто повеќе, како на пример работни места, минимален просек што се бара за упис,заинтересираност, професори, би му била благодарна.
Здраво на сите Дали има некој на аналитичка биокемија на хемиски институт и дали ќе сака да ми објасни подетално за некои предмети? сакам да се запишам но се плашам да не е многу тешко Најмногу се плашам од математика, физика и некои такви поврзани предмети а и за хемиските нз баш точно што се учи (дали има многу задачи за решавање пошто јас ја сакам хемијата али задачите некако не ги сакам) ? Ви благодарам однапред
Ima li nekoj na pmf sto studira ili fakultetot e zatvoren nikoj nema da odgovori (... a se blizi vreme za upis..... ajde ANALITICKA BIOHEMIJA kazuvajte kako e ???!!?
здраво феминки јас сум нова на форумов и сакав да ве прашам што може да се работи со завршување на смерот применета хемија??? :geek: Благодарам однапред
За информации од биохемиско-физиолошка насока, повелетее!!! Што знам ке ви кажам. Eве и страна од институтот за Хемија. http://hemija.pmf.ukim.edu.mk/