Ima li nekoj tips za kako da se uci tipologija na zivotni kaj stoe,sto predmet ke beshe covece,nikakva teorija samo latinski zborcinja treba da se bubaat
Дали може потврда за редовен студент да ти испратат на емаил или да си ја симнеш од iknow или мора да се земе потврдата до физичко присуство ?
Да не го има некој учебникот по хемија за наставна биологија прва година кај слоботка алексовска? Не сака да ни го прати сеуште…
Дечки некој кој е погорните години или веќе дипломирал на географ. нека ми пише да го прашам нешто за еден предмет.
Сакам да извадам уверение за положени испити, дали некој знае каква е процедурата? Дали можи да ми го пратат по пошта?
Уплаќаш 500 денари плус 50 адм. такса на сметка нa ПМФ, носиш уплатница кај жените во студентски прашања, ќе ти го дадат да го потполниш ти сама и ќе ти удрат печат и толку.
Нема шанси за положување без латинските имиња на видовите. На испит професорот дава три прашања: три КЛАСИ на безрбетници (значи додека учиш и повторуваш, повторувај ги видовите во рамките на една класа). Од Insecta прашањето е за даден РЕД. На испит задолжително дава еден ред од Insecta, плус две класи од другите типови. Од Insecta најчесто се паѓаат Lepidoptera, Diptera, Coleoptera i Hymenoptera. За да добиете потпис, треба да изработите семинарска за дадена класа или ред, и нјачесто на полагање едно од прашањата ќе ви биде токму од семинарската. Исто за испит, професорот најчесто прашува неколку колеги на која тема им е семинарската, па тие прашања ги дава, па добра идеја е неколку дена пред полагање да го разгледаш списокот со пријавени студенти и да ги повториш класите од нивните семинарски. Во секој случај, за положување ги бара само видовите, поткласи, редови, фамилии не се задолжителни, но мене ми беше полесно и нив да ги учам, така имав повеќе групи со помалку видови и полесно ги запаметував. Добра идеја е на листови да ги извадиш видовите во рамките на една класа или ред и да ги повторуваш и пишуваш повеќепати и да ги читаш на глас. Треба да напишеш и нешто од теоријата на полагањето, за градбата на органските системи, ама без 50% од латинските имиња на видовите нема шанси за положување. Со среќа!
Се мислам помеѓу молкуларна биологија и аналитичка биохемија. Може ли да ми кажете мислење за смеровиве, колку се тешки и со кој полесно се наоѓа работа?
Здраво дечки,јас сум 4 година среднп-природно математичко Б подрачје и сакам да се запишам на ПМФ-наставен кадар биологија па би сакала да ми кажете свое мислење и дали некој е запишан на тој смер.Тешко/лесно? Предавања секој ден? Дали се задолжителни? Дали оди лесно полагањето? Какви се професорите? Со колку поени примаат во државна квота. Инаку многу сакам биологија и спремна сум да учам,да бидам упорна и да успеам. Очекувам било каква информација
Со вадење на цела систематика во тетратка Јас вака учев. Во мое време прашуваше и теорија, по едно прашање поставуваше. Уште ли е само усмен испитот?
Наставна? Зошто баш наставна? Запиши се на некоја од инжинерските струки попросперитетно е во секој случај, молекуларна биологија или биохемиско физиолошка. И да тешко е. Многу. А професорите се ... Катастрофа
Би сакала да прашам за Молекуларна Биологија совети, искуства, со колку поени примаат , дали имало конкуренција јака итн?
Имам едно прашање за совет. Дали би можела да запишам втор факултет после овој сега што го учам и тоа да е биологија ? Имав одредени причини поради кои не се одлучив да одам на тој факултет, немав доволно искуство во факултетски денови па сега повеќе ми доаѓа желба , нешто од внатре ме кошка и ме тера да го учам тој факс ама воопшто незнам дали ќе одговара, дали ќе може да го учам и тој факс како втор факултет? А јас сакам за професор по биологија, дали ќе може искуства некој да ми сподели за тој факс ? Дали ќе може да се зема стипендија на пмф ако ми е втор факултет? Не сум информирана многу во овој дел, би сакала да ги споделите вашите искуства со тој смер. Колку е партиципација? Имам да ви кажам да не се обесхрабрувате , да не го ставате на товар тој поим биологија за тешко кога се сака сѐ се може но без да ги кажете тие тешки делови од факултетот, ова сега ми е втора година од овој сега што го учам. Убав ми е смерот, задоволна сум и можам да кажам дека изгледа лесно и не е тежок во споредба со тие насоки но тоа се совладува како што минуваат годините поминати во факултетот. Така и сваќам дека секој смер е тежок но и сѐ што така изгледа но откако ќе видиме колку упорноста вреди да се има толку ќе вреди и успехот кој ќе го постигнуваме на овој начин така што ќе си овозможиме тешкото да не ме спречи.