Zdravo , dali nekoj shto e na PMF ima nekoj kombinacii, prasanja shto bi se padnale po Opsta Genetika za prv kolokvium kaj profesorkata Gordana Dimeska ?? Utre polagam
Здраво, знае ли некој од колегите кога отприлика би биле испитите? Дали почеток крај на јануари дали почеток на февруари… да знам да се спремам на време, а прва година сум не знам кога се…
Има група на ФБ таму претседателот на ФСС известува кога ќе одлучат на декантска ама како и секоја година каснат. Некој спомна дека во годишниот каледар на ПМФ има објавено дека ќе биде од 17 Јануари до 11 Февруари. Но се уште од ФСС немаат официјално кажано.
Отворете на страната на пмф, има објавено календар на активности. Има објаснување кога ќе е сесијата, заверката и почетокот на новиот семестар.
Здраво дечки. Ми треба препорака за професор по хемија за приватни часови по неорганска и органска хемија. Ве молам препорачајте ми некој квалитетен професор и испратете ми конктат бројче да се јавам Порано многу ја сакав хемијата и ја разбирав, почнав со факултет и врска немам…
Здраво, да ве прашам за Нутриционизам смерот ако може некој општо да ми каже кој е најтежок предмет, дали со слабо предзнаење на хемија може да се положи предметот, дали повеќе има текстови за бубање на смерот или има и доста задачи и математика? какви се професорите и слично... фала однапред.
Има ли некој што полагал аналитичка и инструментална хемија усно кај Јасмина Петреска-Станоева да ми каже што и како прашува ?
Дали може некој да ми каже какви се испитите по предметите физика кај ристе попески и хемија кај слоботка алексовска? Дали за испит треба да учам во детали? Цели книги како ќе ги научам ако се е во детали?
Јас кога учев завршив пред 3 години сега сум наставничка по биологија, молекуларна биологија, а професорка по хемија и аналитичка хемија. Јас бев со сите можни поени оти просек од сите 4 години ми беше 5.00 и државната матура ја положив и ме примија уште во првиот тримрстар иплатив само 200€. Сега братучедами се запиша она имаше две 4 во средно во 4 година ја примија во прв триместар и плати 400€ она е отсек Физика и математика. Без проблем можеш да се запишеш и на втое факултет. Јас првин завршив аналитичка хемија и хемија и потоа се запишав и на биологија и завршив биологија и молекуларна биологија двата факултети ми беа по 4 години.
Колку што знам со тоа само професорка или наставничка по математика или во некоја фирма што се занимава со информатика и компјутери. Но не сум 100% сигурна
Здравоо За 4 дена полагам биофизика кај ристе дали некој знае колку прашања дава за испит? Дали да учам до детал или само најглавното? Цела книга ми е за испит….
Здраво, Доколку некој има некакви комбинации прашања по предметот Типологија на животни 2 кај проф. Милица, било што што ке ми биде од помош за да го положам ве молам нека ми пише.. Дали да учам се детално бидејќи има многу латински имиња. Благодарам