Некој што студира Демографија или Туризам да ми каже нешто за нив , за материјалот ,математика дали има и предлог кој е подобар смер на Географија.Благодарам
Подалеку од пмф, бидеќи ќе имаш еден куп стресови и нервози. Демографија има матенатика, а Географија воопшто нее лесно. Оди некаде каде шо има поголем број студенти, барем испити нема да ти бодат усно.
Дали има некој што студира наставна математика вонредно, дали е возможно тоа и како се одвива полагањето на предметите? Страницата на ПМФ и на ИМ немаат информации околу уписите. Фала
Здраво студенти на биохемија и физиологија.сакам да ве прашам од кој професор имате литература за предметот физиологоја?
Здраво девојки! Завршив со средното, па сега сум во дилема дали да одберам аналитичка биохемија, општа медицина, стоматологија или фармација. Ја сакам медицината исто колку што ја сакам хемијата. Секој кој има некое искуство или совет, ве молам споделите! Ве сакам на сите!
Фармација можеш само во аптека да работиш ако немаш врски за Алкалоид. Многу ретко се вработуваат на други места, во лаборатории или индустрии магистрите по фармација. Значи после завршување, 99% се шансите да работиш во аптека. Ако сметаш дека вреди, запиши се. Јас сметам да губиш време во студирање на нешто со коешто после тоа ќе можеш да работиш во аптека и притоа ништо важно нема да правиш (само продавање на лекови) за мене е лудост. Според мене, подобро медицина или ПМФ, може и стоматологија.
Ко човек на ПМФ, бегај од ридон. Сега да сум, без двоумење одам на медицина, со сите ризици прифатени....
Здраво! Мене ме интересира дали посетувањето на пракса е задолжително пред да се запише 4та година или пред да ја запишеш последната година од студии, ако се запишува 5та на пример
Здраво на ситее Завршив средно медицинско, па сега сум во дилема дали да одберам нутриционизам, општа медицина или фармација. Ја сакам медицината ама општа некако ме плаши. Секој кој има некое искуство или совет, ве молам споделите! Фала однапред❤️❤️
Нутриционизам и фармација се супер избор, ама мислам дека ако те интересира најмногу медицината тогаш треба да се запишеш на медицина и ич да не се плашиш од тоа што го сакаш. Еве јас сум на пмф и верувај сите кажуваат дека скоро иста тежина се медицина и пмф, а богами и фармација. Единствената разлика е во тоа што со медицина имаш сигурно работно место и тоа најчесто во државна болница а другиве две не се толку сигурна опција според мене. Верувај сите три факултети се тешки, немој да се плашиш од тоа затоа што ако го сакаш тоа што го учиш можеш се да постигнеш. И јас сакав медицина и од пусти страв не се запишав и еве сега година дена после уписите до ден денес ми е криво за тоа. А да знаев дека пмф е СКОРО исто толку тежок колку и медицина ке одев медицина.
Jас сум на ОМ, ич не се плаши, точно е дека е напорно, често се полага, и има секакви професори, ама со редовно учење, сѐ се постигнува. Не е толку страшно како што го прикажуваат. Ако ја сакаш медицината, go for it!