Здраво на сите!! Моментално сум 4та година гимназија а уписите за на факултет се наближуваат. Одлучена сум за на ПМФ на институтот по биологија, но се двоумам меѓу Молекуларна биологија со генетика и Биохемија-Физиологија. Дали може да ми ги кажите различностите на овие две насоки. Многу ја сакам биологијата, а хемијата не баш ја сакам и неа ама не како биологија. Дали хемиите што се учат на овие две насоки се комплицирани??
Здраво дечки, 4та година сум средно и стварно се двоумам каде да се запишам. Размислувам за ПМФ-хемија. Дали може некој да сподели искуство? Не прашувам за тежина, знам дека е тешко, но ме интересира повеќе за професорите, на пример дали се океј дали предаваат, дали има некои “катиљ” што намерно нема да те пуштаат на испит итн. Во главно дали вреди да се запишам да кинам нерви и живци или не?
Zdravo sakam da prasam koi prasanja najcesto gi dava profesorot stoe za tipo 1 za ispit. Koi klasi najcesto prasuva?
Јас сум моментално на биохемија втора година и можам да кажам дека молекуларна и биохемија ги слушаме скоро истите предмети, нема некоја разлика, но со биохемија имаш поголема шанса за работа, пракса и слично. Од хемии имаш општа хемија, органска хемија, аналитичка и инструментална хемија, физичка хемија и секако биохемија 1,2 и 3. Професорите од хемиски може да бидат проблематични, а секако и хемиите не се баш лесни и најмногу студенти имаат проблем баш со нив. Ако се одлучиш за ПМФ биди спремна на многу нервози и фрустрации и бескрајно учење како и седење на факултет од сабајле до вечер. good luck
Здраво на сите! Се интересирам за уписите на ПМФ, односно за наставна или медицинска физика.. Како одат уписите и кои се критериумите за истото, колку студенти примаат..?
Ич да не се секираш за колку примаат затоа што сигурно ќе те примат макар и со 2ки да си била у средно затоа што физика не ни има студенти, по неколку што се бројат на рака се.
Здраво јас сум 4та средно сакам да се запишам на ПМФ и ми кажаа дека постои форензичка физика како смер. Дали некој од вас има завршено или учи во смеров, какво искуство имате, дали е лесно да се вработам во државава?
Тука може да разгледаш кои смерови ги има на институтот по физика: https://if.pmf.ukim.edu.mk/tabs/view/1f49beaa564558624993a947206f4d09 Најблизок смер мислам дека е медицинска физика. (?!?)