Има ставено обезбедување најгоре на скалите и тој што е на смена нон стоп е во движење по скалите накај подземен и хемиски, така да за разлика од претходно е каде каде побезбедно, плус одвреме навреме има полициска патрола со кола.
Здраво, да ли ако завршам средно хемиски лабараторски-Техничар ќе имам повеќе предност од гимназијалците? Во Хем.Лаб.Тех. се изучуваат Неоргански хемија 6/неделно(н) I год Органска 4/н IIгод Аналитичка 4/н II Физичка 4/н II Операции и процеси 2/н II Биохемија 4/Н III Инструментални анализи 2/н (не знам точно III (Плус изборни модули)
Ако мислиш предност у смисла да имаш повеќе шанси за да те примат ич да не се секираш, на пмф примаат од сегде затоа што нема студенти или се многу малку што сакаат да тупат глава таму од јутра до сутра и да трпат неарни професори. Јас бев средно борис правен смер а на факултет пмф на биохемија и физиологија па ме примија без проблем и тоа у државна квота.
За овој дел си многу во право, сељанка од Прилеп дошла да се занесува овде во Скопје, на машки 10ки на женски 6ки ни ставаше намерно, не да се неарни.. Затоа и толку малце студенти се веќе таму, повеќето лечат комплекси
До кога ќе бидете буквалисти? Не навредив никој, само да не ја пишувам со име така напишав и не дека важно е од каде, ама така ја опишав, не знам што толку одма се пронаоѓате.
Ви благодарам на одговорите. Професорка што ми предава не.орг. хемија ми вели дека ако сакам на ПМФ да се преместам општа гимназија или фармација. Бидејќи овде се учело на попрост начин бидејки има многу слаби ученици што не знаат што е N. Во основно сите 6-9 со 5.00 минав. Па и сега сум со сите 5, имав можност но незнам зошто избрав Хем.Лаб.тех.
Абе терај, кога можев јас од средно правно со НИКАКВА ОСНОВА може секој. Јас почнав од 0, од периоден систем буквално, појма немав од математика и хемија па со помош на мајка ми и еден дечко на youtube што објаснува ги положив сите хемии.
Не знам зошто заради упис на факултет би се преместувала во друго средно училиште од хемиско? На факултет ќе ти го земат во предвид просекот од четирите години. Ако си скроз одлична во хемиско, супер. За да имаш повеќе поени при упис на факултет и подобри шанси да те примат (и тоа со помала школарина за плаќање) гледај да ти се трудот, интерните и екстерните предмети кои ќе ги полагаш за државна матура соодветни на студиската програма што ќе ја одбереш. На пр. ланскиот конкурс како соодветни екстерни предмети беа математика и странски јазик, а интерни биологија и хемија. Несоодветни предмети се оценуваат со помалку бодови при уписот и тоа може да ја направи разликата на кое место ќе се најдеш на ранг-листата на крајот (дали ќе влезеш во квота и со колкава школарина - од 200 или од 400 евра) Читам некои горе пишале, нема интерес за овој факултет, затоа сите ги примаат што имаат мин. потребни поени. За одредени насоки тоа е точно (како физика на пр. каде што некоја година и нема кандидати или има неколку), но на други насоки има поголем интерес и не успеваат сите да се запишат (на пр. на институтот за биологија има најмногу заинтересирани за биохемија со генетика, помалку за друите насоки). А ако зборуваме за квалитетот на знаењата по природните науки кои ќе ги стекнеш во средно, не ми држи вода муабетот на твојата професорка дека во општа гимназија ќе стекнеш подобра основа отколку во хемиско (т.е. стручно образование). Без разлика што просекот на учениците може да е послаб во хемиско (или кое било стручно училиште) отколку во некоја гимназија, ти конкурираш за себе, твојот успех ќе се бодува, а не тој на класот. Твоето предзнаење во средно зависи од тоа колку ти ќе се вложиш и колку ќе учиш и секако да е професорот заинтересиран да ве научи и да ви го пренесе знаењето. И во општа гимназија може да ти се падне некој слаб професор баш по хемија, па да се каеш што си кај него. Ова од искуство со ќерка ми ти кажувам. Таа заврши во една општа гимназија, нејзината професорка по хемија пола час им предаваше, пола час си дремеа со нејзина дозвола. Сега на факултет слабата основа на знаењата си го зема данокот.. За жал, за сите такви незаинтересирани професори што ги имале моите деца во основно и во средно училиште јас сум платила по некој тутор за да се пополнат дупките во нивното образование. Жалосно е што финансискиот товар е на наш грб, кога тоа треба да го добие детето во школо бесплатно, ама од друга страна и не жалам што сум ги дала парите за тие часови. На подолги стази и тоа како се исплати. Затоа ако сакаш многу нешто да студираш насочи го трудот во тие предмети и вложи се и ментално и финансиски колку можеш повеќе. Ќе ти се исплати.